Wilo-Yonos MAXO-Z
Ефикасно решение за циркулација на санитарна топла вода во поголеми згради.
Ефикасно решение за циркулација на санитарна топла вода во поголеми згради.
Wilo-Yonos MAXO-Z е ефикасна циркулациона пумпа за хигиенска обработка на санитарна топла вода во објекти за изнајмување, во деловни и во комерцијални објекти. Благодарение на LED приказот, нуди целосна транспарентност во однос на напорот, степенот на бројот на вртежи или за можни дефекти. Компактната конструкција и Wilo-утикачот за електрично приклучување ја поедноставува инсталацијата. Зеленото копче овозможува поедноставно ракување на пумпата.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Високоефикасна пумпа за заштеда на енергија
- LED-дисплеј за целосно транспарентно следење на нагодениот напор, степенот на бројот на вртежи и можните грешки
- Едноставна замена на нерегулирани стандардни пумпи благодарение на компактната конструкција и електрично поврзување со Wilo утикач
- Едноставен избор на режими на управување ∆p-v, ∆p-c и тристепено подесување на бројот на вртежи со зелено копче
- Гаранција на работната сигурност со сигнализација на збирна грешка
- Изборно: Wilo-Connect модул Yonos MAXO со дополнителни интелигентни функции за интегрирање во системот за управување со зграда
Еколошки својства
- Високоефикасна пумпа со автоматско прилагодување на моќноста
- Широк асортиман на резервни делови за едноставни поправки
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор и навојна или прирабничка врска, EC-мотор со автоматско прилагодување на моќноста.
Примена
Системи за циркулација на вода за пиење во индустријата и зградната техника.
Опрема/функција
Работни режими
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- n = константно (3 степени на бројот на вртежи)
Рачни функции
- Поставување на работен режим
- Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
- Нагодување на степен на брзина
Автоматски функции
- Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
- Функција на деблокирање
- Меко стартување
- Интегрирана целосна заштита на моторот
Функции на сигнализација и прикажување
- Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
- Светлосна сигнализација за грешка
- ЛЦД сегментиран приказ на напорот и на шифрата на грешката
- Приказ на поставениот број вртежи на моторот (C1, C2 или C3)
Опрема
- Место за ставање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки)
- Брзо приклучување на струја со помош на Wilo приклучница. За приклучување на струја и на SSM вод, со вградено ослободување на напрегањето на кабелот
- Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
- Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 за контраприрабница PN 6 и PN 10
Означување на типот
Пример: | Wilo-Yonos MAXO-Z 30/0,5-12 |
Yonos MAXO | Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана |
Z | Единечна пумпа за циркулација на вода за пиење |
30/ | Приклучен номинален дијаметар |
0,5-12 | Номинално подрачје на напор [m] |
Технички податоци
- Дозолено температурно подрачје за вода за пиење до 3,57 mmol/l (20 °dH): 0 °C до +80 °C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
- Вид на заштита IPX4D
- Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 65
- Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)
Материјали
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик
- Вратило: Не’рѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со синтетичка смола
- Работно коло: пластика
Опсег на испорака
- Пумпа
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални дијаметри DN 32 - DN 65)
- Упатство за вградување и работа
Опрема
- Навртување кај навојно приклучување
- Термоизолација