Wilo-Yonos PICO1.0
Заштедува драгоцено време при инсталацијата и пуштањето во работа.
Заштедува драгоцено време при инсталацијата и пуштањето во работа.
Видливи знаци за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто овозможува максимален комфор при инсталација и одржување. Стандардните поставки за гејни тела и подно греење – симболично илустрирано преку пиктограми – штедат време при пуштање во работа. Уште подобрата енергетска ефикасност ја намалува потрошувачката на струја, која може да се следи и секогаш да е под контрола со помош на LED-дисплеј. Благодарение на компактната конструкција, замената на пумпа е уште поедноставна.
Особености/предности на производот
- Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со интуитивна корисничка површина
- Оптимална енергетска ефикасност благодарение на технологијата за EC-мотор, нагодување со прецизност од 0,1 m и приказ на актуелната потрошувачка на енергија
- Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција
- Едноставно одржување и голема безбедност при работа благодарение на заштитните функции, како и автоматското повторно вклучување или рачната функција на обезвоздушување
- Максимална безбедност при работа благодарение на докажаната технологија
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.
Примена
Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.
Опрема/функција
Режими на регулација
- Δ p-c за константен диференцијален притисок
- Δ p-v за варијабилен диференцијален притисок
Рачни функции
- Нагодување режим на регулација
- Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
- Функција на обезвоздушување
Автоматски функции
- Континуирано прилагодување на моќноста зависно од контролниот режим
- Автоматска функција на деблокирање
Функции на сигнализација и прикажување
- Индикатор на влезна моќност во W
- Прикаѕ на актуелниот напор при нагодување
- Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
- Приказ на избраната функција на обезвоздушување
Опрема
- Место за клуч на телото на пумпата
- Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
- Мотор отпорен на струја на блокирање
- Филтер за честички
Означување на типот
Пример: | Wilo-Yonos PICO1.0 25/1-4-130 |
Yonos PICO1.0 | Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана |
25/ | Приклучен номинален дијаметар |
1-4 | Подрачје на номинален напор [m] |
130 | Конструктивна должина |
Технички податоци
- Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
- Вид на заштита IP X4 D
- Навоен приклучок G1, G1½, G2
- Макс. работен притисок 10 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
- Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
- Вратило на пумпата: Нерѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
Опсег на испорака
- Пумпа
- Wilo-Connector
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Изведби Yonos PICO1.0...130 со кратка монтажна должина од 130 mm
Опрема
- Навртувања
- Елементи за израмнување
- Термоизолација
- Wilo-Connector со поврзан приклучен кабел од 2 m и утикач со заштитен контакт
- Аголен приклучник со 2 m приклучен кабел