Одводнување (вкл. заштита од поплави)
Беспрекорното одводнување секако се подразбира. Тоа е од централна важност: колку се важни системите за одводнување на објекти и имоти, станува јасно кога водата веќе не се одведува правилно. Wilo нуди пумпи за дренажа и системи за стационарно и мобилно поставување за безбедна и брза дренажа на куќи за едно и повеќе семејства и имоти.
Како сопственик на куќа, дознајте за правилните решенија за дренажа на вашиот објект и имот
Нашето големо портфолио на производи за дренажа и заштита од поплави го вклучува оптималното решение за вас. Како комплетен систем, нашите постројки за одведување на отпадна вода ви овозможуваат сигурно отстранување на нечистата и отпадна вода. Опремени со робустна хидраулика, нашите пумпи гарантираат максимална безбедност при работа и минимално одржување. Благодарение на нивната мала тежина, лесни се за транспорт и употреба. Со нивното рамно вшмукување, пумпаат вода до најминималното ниво на остаток од водата.
Потопната пумпа за нечиста вода, односно пумпата за отпадна вода дава важен придонес во заштитата на човечки животи и спречува финансиски штети, дури и во случај на поплавување. Сеедно дали е во прашање туш, тоалет, приоден пат или гаража – ние ви нудиме оптимално решение за дренажа во итни ситуации, за стационарно и за преносливо поставување.
Веднаш максимални перформанси дури и при подолги застои во работата
Особен предизвик за дренажните пумпи е тоа што треба да имаат максимална моќност веднаш по долгиот период на мирување. Треба да гарантираат максимална дренажа во најкраток можен рок за да се избегнат големи оштетувања од дејството на водата. За таа цел, мора да се транспортираат големи количини вода што побрзо при релативно ниски висини и напор. Со иновативните пумпни системи на Wilo ја имате токму оваа сигурност.
Придобивки за вас како специјалист од лесното одржување
Како специјалист, знаете дека за еден систем за одводнување да биде функционална долго време, поединечните елементи мора редовно да се одржуваат и чистат, како што се системот за одведување на отпадната вода, заштитата од повратен тек и цевките. Според тоа, нашите производи се дизајнирани за максималнo лесно одржување за работата да ви биде значително полесна.
Професионални совети и инсталација
Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори кој пумпен систем е правилниот избор за вашите потреби. Wilo работи само со квалификувани специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.