Нечиста и отпадна вода
Wilo нуди сигурни решенија за куќи за едно или повеќе семејства за безбедно одведување на домашна отпадна вода и за дренажа на објекти и имоти. Освен пумпите и пумпните системи што ја одведуваат отпадната вода преку природен пад, тука се вклучени и решенија за ниско поставени цевки за отпадна вода каде што има ризик за застоена вода и поплавување подруми. Дури и во екстремни случаи со опасност од преплавување, Wilo има преносни и сигурни решенија за пумпи подготвени за ограничување на штетите, кои може многу брзо да се поврзат на лице место.
Робустни и енергетски штедливи решенија за домашна отпадна вода
Барањата за пумпите и пумпните системи за собирање и транспорт на нетретирана отпадна вода се многу високи. Но, со Wilo вие сте на безбедната страна на сите примени. Wilo разви вистински повеќенаменски производи за одводнување на објекти и имоти. Без разлика дали се работи за тушеви, тоалети, приоди или гаражи – со нашите пумпни системи одводнувањето секогаш е гарантирано, бидејќи Wilo пумпите ја одведуваат вашата домашна отпадна вода трајно и сигурно во јавната канализација.
Ако вашиот подрум се наоѓа под приклучокот за отпадна вода, препорачуваме да инсталирате систем за одведување на отпадна вода. Така вашата отпадна вода се пумпа до потребната висина за да може и да се испушта во јавната канализација со потребниот наклон. Нашите системи за одведување на отпадна вода се робустни, штедат електрична енергија и нудат најголема безбедност на долг рок.
Пумпите на Wilo се исто така важно помагало во екстремните случаи како поплави
Како што климатските промени напредуваат, сега има сѐ пократки периоди на силен дожд и сѐ поголема опасност за преплавување. Овде се потребни се специјални решенија, кои ќе можат најбрзо да се транспортираат и да се поврзат на лице место. Освен тоа, пумпите за одводнување мора да бидат направени така што ќе може да се справуваат одведување на многу загадена вода. Wilo ви нуди преносни решенија за такви итни случаи, така да пумпите можат да се користат на различни локации.
Обучените специјалисти со Wilo секогаш ги имаат на располагање правилните решенија за одводнување
Постојаното зголемување на цврстите материи претставува особен предизвик за собирањето и транспортот на отпадната вода. Wilo ви нуди соодветни варијанти на решенија во форма на пумпи и пумпни системи со алат за сечење. Освен оптималниот проток и напор, особено внимание посветуваме на изборот на материјали што се користат за да бидат речиси неподложни на абење и можно затнување.
Професионално одводнување под и над нивото на повратниот притисок
Нивото на повратниот притисок е највисоката точка во инсталацијата до кое нечистата вода може да се издигне. Опасноста секогаш се зголемува кога јавната канализација не е доволно голема поради силни дождови и дури и преплавување.
Ако вашата инсталација е под нивото на повратниот притисок, системот за одведување на отпадна вода со неповратен вентил гарантира соодветна заштита од враќање на водата. Нудиме компактни решенија за куќа со едно или две семејства, кои може лесно да се транспортираат и флексибилно инсталираат.
Брза инсталација благодарение на целосните решенија
Во изминатите неколку години, широко се прифатени пумпи подготвени за шахти од пластика. Како квалификуван специјалист, можете да ги инсталирате брзо и лесно, а со тоа и да заштедите. Пумпите во шахтите се поставуваат во медиумот како „потопени“. Тоа нуди предност да нема потреба од одделна техничка просторија за суво поставување. За проверка и одржување, пумпата само треба да се извади од шахтата.
Wilo ви нуди единечни пумпи и целосни решенија кај кои шахтите веќе се адаптирани на геометријата на пумпата. Тоа гарантира безбедна и долготрајна примена. Компонентите се исто така меѓусебно прилагодени и сета дополнителна опрема е достапна.
Во случај на преносливо водено поставување, сите агрегати се опремени со ногалка на пумпата. Потисниот приклучок е или флексибилен (црево за висок притисок) или цврст (преку цевковод). За празнење на јами или резервоари, пумпите краткотрајно се спуштаат во медиумот.
Професионални совети и инсталација
Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори кој пумпен систем е правилниот избор за вашите потреби. Wilo работи само со квалификувани специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.