Собирање и транспорт на отпадна вода
Оптималното одводнување објекти треба да функционира трајно и безбедно и да биде што е можно потивко и без мириси. Ова може да се постигне со индивидуално прилагодени решенија. Wilo нуди разни решенија за безбедно собирање и транспорт на отпадната вода од вашите едно- или повеќесемејни куќи.
Како сопственик на куќа, можете да се потпрете на безбедното собирање и транспорт на отпадна вода
Транспортот на домашната отпадна вода е сѐ попредизвикувачка задача. Од една страна, мерките за заштеда на вода, како пуштањето вода во тоалет со копче за стоп, имаат голема смисла во поглед на животната средина, бидејќи сѐ помалку вода се користи за одведување на отпадната вода. Од друга страна, содржините на цврсти материи во отпадната вода пропорционално се зголемува поради медиумите што содржат влакна. Последица: времето на задржување во цевководот постојано се зголемува и медиумот што треба да се одведе станува се повеќе нагризувачки. Составот на отпадната вода станува реален проблем и ризикот од блокирање се зголемува. Со енергетски ефикасните и модерни пумпни системи од Wilo вие како сопственик на куќа имате сигурно комплетно решение за безбедно собирање и брз транспорт на отпадна вода.
Сигурно одведување на отпадната вода од подрумски простории
Дали планирате подрумски бар, просторија за перење или дополнителен тоалет во подрумот на куќата? Во одредени околности тоа може да прерасне во проблем ако нечистата и отпадната вода се насоберат под постоечкото ниво на гравитационото одведување или нивото на повратниот притисок.
Во таков случај, вашата нечиста и отпадна вода не може да стигне до канализацијата преку слободен пад. Ако при посилни дождови се одведува повеќе вода отколку што канализацијата може да издржи, доаѓа до застој. Опасност: водата што навлегува од канал под улицата може да навлезе во вашата куќа преку куќниот приклучокот. Сите простории под т.н. ниво на повратен притисок би се поплавиле од отпадната вода што истекува ако не се заштитени од повратен ток. Тоа би предизвикало значителна штета. Но токму како решение за ова Wilo разви мали постројки за одведување.
Како специјалист погрижете се за безбедноста со мали постројки за одведување на отпадните води
Малите постројки се корисни за транспортирање отпадна вода од подрумот во канализациониот систем. Зависно од просторот и типот на инсталација, вие како специјалист може ограничено да ги користите малите постројки за одведување (одводнување на поединечни простори) или за целосни постројки за одведување на отпадна вода за инсталација.
Со производите на Wilo вие го бирате вистинскиот партнер за избор на решение: нашите системи за одведување на отпадна вода се многу компактни и исклучително лесни. Заради тоа, идеални се за примена во куќи за едно или повеќе семејства. Благодарение на големиот волумен на пумпата, слободниот избор на приливни приклучоци и опционалната изведба за посебни агресивни медиуми, нашите системи за одведување на отпадна вода може флексибилно да се применуват и едноставно да се монтираат.
Стационарно или преносливо поставување според барањата
Во последно време, комплетните системи со резервоари од пластика се сега стандардни за одводнување на нови објекти, кои вие како специјалист можете лесно и брзо да ги транспортирате и монтирате. Употребата на такви целосни системи значително го намалува вашиот труд за инсталација. Зависно од техничкото решение, пумпите се поставуваат во медиумот „потопено“. Големата предност на овој начин на поставување е тоа што пумпата може лесно да се извади од резервоарот за проверка и одржување.
Пластичните резервоари се веќе приспособени на геометријата на пумпата. Тоа гарантира безбедна и долготрајна примена. Компонентите исто така се меѓусебно прилагодени и комплетната потребна опрема е содржана во опсегот на испорака.
Во случај на преносливо водено поставување, сите агрегати се опремени со ногалка на пумпата. Потисниот приклучок е или флексибилен со црево со висок притисок или цврст цевковод. За празнење на јами или резервоари, пумпите краткотрајно се спуштаат во медиумот.
Одводнување под притисок – доброо решение кога нема канализациски систем
Како специјалист, вие треба да обезбедите решение за куќа за едно или повеќе семејства ако нема канализација и ако изведбата не е возможна или е неекономична. Тука се препорачува користење на одводнување под притисок со помош на цевковод со мал пречник.
Со „Wilo-Ports“ развивме шахта со пумпи точно за ваква примена. Шахтното тело од цврст и нерѓосувачки полиетилен нуди безбедност од испловување во прилика на подигнување до горната ивица на земјиштето. Притоа, тие се долготрајни и сигурни во работа.
Со оптимални слободни топчести премини, нашето портфолио со пумпи е совршено за транспорт на нечиста и отпадна вода без фекалии и може флексибилно да се користи за стационарно и водено поставување.
Совршена комбинација – пумпна шахта и пумпа во еден систем
Комбинациите од Wilo пумпни шахти и пумпи се совршено прилагоден систем со одобрување EN 12050-1 за пумпање на отпадна вода со фекалии.
Оптимизираната хидраулика ви нуди голема доверливост за универзална примена за различни транспортирани медиуми. Благодарение на компактниот дизајн, возможна е инсталацијата и во тесни отвори и јами за дренажа. Заптивните комори се направени за долги интервали на одржување и директен пристап до најважните составни елементи што значително го поедноставува одржувањето.
Како специјалист, може да се потпрете на различните Wilo решенија
Како специјалист, Wilo ви нуди голем избор на единечни пумпи и целосни системи од еден извор: од домашна дренажа до шахтна пумпна станица и одводнување под притисок. Сите овие решенија поставуваат стандарди во поглед на безбедноста при работа и ефикасноста.
Професионални совети и инсталација
Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори кој пумпен систем е правилниот избор за вашите потреби. Wilo работи само со квалификувани специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.