Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Греење | Wilo

Греење

Интелигентни, ефикасни и дигитални вмрежени пумпи

Греење

Изберете под-апликација од апликацијата Греење во рамките на сегментот Индустрија.

Интелигентните, ефикасните и дигиталните вмрежени пумпи овозможуваат оптимизирано и целосно управување на системите за греење и снабдување со топлина кои може да се интегрираат во системите за управување со згради.

Wilo е пионер во решенијата за греење и првокласни производи кои далеку многу ги надминуваат стандардите во индустријата. Преку непрекинато развивање на производите, не само што имате корист од ниските трошоци за енергија, туку и задржувате целосна контрола над системот.

Како оператор на објект создајте удобна средина за вашите корисници

Посакуваната собна температура е важен фактор за комфор и задоволство на станарите во колективните згради, работниците во канцелариите, пациентите во болниците, гостите во хотелите или посетителите во шопинг центрите. Истото важи и за директната достапност на топлата вода без каснење при туширање или миење раце. Така не само што се зголемува комфорот и благосостојбата, туку и се намалуваат трошоците бидејќи скапоцената вода за пиење не се троши непотребно. Како сопственик или оператор на недвижен имот или голема зграда, може да ги исполните овие услови за греење и санитарна топла вода со високо ефикасните пумпи од Wilo.

Сеопфатни решенија од Wilo за проектанти, оператори, управници на објекти и специјалисти

Постојаното снабдување на големите објекти поставува големи предизвици за пумпите и пумпните системи што се користат во поглед на енергетската ефикасност, безбедноста при работа и сигурноста. Ви нудиме поединечни пумпни решенија со високо ефикасна технологија кои се адаптирани на актуелните потреби и така трошат многу малку електрична енергија. Нашите енергетски ефикасни решенија не се осмислени само за куќи, туку и за објекти за изнајмување, деловни и комерцијални објекти, бидејќи така го прават секојдневието попријатно за вас како проектант, оператор, управник на објект или специјалист. Нашите меѓусебно усогласени и високо ефикасни системи се надополнети со сеопфатен сервис. Со помош на нашето долготрајно искуство со проекти за зградна техника, ви даваме поддршка како во планирањето така и при спроведувањето на вашите проекти.

Интеграцијата на пумпите за греење и пумпните системи во системите за управување со зграда

Интеграцијата на пумпните системи во нови и постоечки системи за управување со зграда е идеална за надгледување или визуализација. Нашите високо ефикасни пумпни системи се регулираат со голем број на режими на управување независно од потребите во системот. Како проектант и специјалист, може да го имплементирате целокупниот систем со максимална енергетска ефикасност, а тоа на долг рок ги намалува работните трошоци. Нашите пумпни системи имаат и интерфејси за највообичаените видови технологии за системи за управување со зграда, така што работните податоци може јасно да се визуализираат и нашите пумпни системи можат далечински да се оптимизираат и управуваат дури и по инсталација.

Директен пристап до пумпа преку паметен телефон

Моменталната пандемија покажува колкава е важноста на дигитализацијата воопшто, но и за зградната техника, кога се работи за услуги без личен контакт. Колку е практично кога може далечински да бирате подесувања и оптимизации за кои нормално е потребна сложена работа на лице место.

Потребен предуслов за овој пристап е поврзувањето на пумпите.

Со најпоследната генерација на паметните пумпи, како Wilo-Stratos MAXO или и Wilo-Stratos GIGA2.0, веќе ви нудиме интегрирани опции за вмрежување и пристап. Може да вршите и накнадно вградување за други производи во секое време. Обете опции ви нудат вам како специјалист и како управник за објекти, не само локален пристап преку Bluetooth, на пример за пуштање во работа, туку и можност за подоцнежни анализи и оптимизација преку далечински пристап.

Комфор на топла вода којшто се исплати

Водата е храна којашто подлежи на највисоките стандарди кога се работи за квалитет. Тоа се однесува и на технологијата со која се управува и обезбедува снабдувањето со санитарна топла вода. Освен постројките кои го даваат потребниот притисок дури и до повисоките катови во поголемите згради, тука се вклучени и циркулационите пумпи, кои гарантираат дека топлата вода нема да застојува и да се контаминира. Пријатен спореден ефект за корисникот е тоа што водата доаѓа директно без задоцнување.

Со нашите циркулациони пумпи, вие како проектант и специјалист ги исполнувате највисоките стандарди на квалитет кога ја користите водата како храна. Со нашите решенија за пумпи е гарантирана работа без проблеми и се заштеда на многу енергија. Потпрете се на нашата интелигентна технологија која нуди двократна придобивка: поддржува хигиенска работа и истовремено и заштеда на енергија и ресурси.

Еден партнер, сите услуги: Wilo

Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе се овозможи долгорочно одржливо снабдување со топлина и санитарна топла вода за иднината. Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето. Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.