Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Санитарна топла вода | Wilo

Санитарна топла вода

Водоснабдување топла вода за санитарни примени: беспрекорно хигиенски и со висока енергетска ефикасност

Санитарна топла вода

Технологија
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
Број на пребарувања: 8
НОВО
НОВО

Снабдувањето со топла вода на индустриските објекти и процеси поставува бројни предизвици, а сите подеднакво треба да се исполнат: сигурност, хигиена и голема енергетска ефикасност. За да го постигне тоа, Wilo нуди циркулациони пумпи и пумпни системи за циркулација, кои лесно се користат и, благодарение на опциите за ефикасна контрола, се економски исплатливи.

Зошто точната инсталација за вода за пиење е фундаментално важна за вас како оператор на објект

Сигурното снабдување со топла вода во индустриски намени претставува голем предизвик. Претпријатијата за водоснабдување гарантираат совршен квалитет на водата до вашата домашна инсталација, но сопствениците и операторите на објектите се одговорни за одржување на квалитетот на водат во системот за дистрибуција. За да се исполнат обврските и за усогласеност со пропишаните гранични вредности, екстремно важен е изборот и инсталацијата на генератори на топлина, цевки и пумпи.

Што треба да знаете за квалитетот на водата за пиење

Вкусот на водата за пиење варира во многу региони поради различните минерали коишто се испуштаат од почвата и камењата што се раствораат во водата.

Здравата и чиста вода за пиење е безбојна и јасна, но и има неутрален вкус и мирис и е беспрекорна и безбедна по здравјето. Квалитетот на водата обично се регулира законски со прописи, различни принципи, препораки и регулативи.

Проектантите и специјалистите заедно со Wilo ја гарантираат хигиената на водата за пиење

Снабдувањето со вода за пиење се состои од експлоатација на водата, нејзина обработка и дистрибуцијата како вода за пиење. Низ целокупниот процес на снабдувањето со вода за пиење клучно е одржувањето на бариерите што ја штитат водата за пиење од загадување за да се сведат на минимум потребите за техничко третирање на водата. Како специјалист и планирање, вие сте добро запознаени со овие барања.

Се грижите за технички бреспрекорно поставените системи на дистрибуција, да бидат редовно одржувани и користени. Тоа значи да нема контаминација од материјали, супстанции или легионела. Благодарение на вашето практично знаење и иновативните технологии од Wilo, создавате одлучувачки предуслови за висок квалитет на водата за пиење.

Ви нудиме висококвалитетните решенија прилагодени по мерка. Со нашите циркулациони пумпи ги исполнувате важечките стандарди за вода за пиење. Нашите постројки се соодветно сертифицирани (на пример, ACS и WRAS). Тие обезбедуваат работа без проблеми, работат особено ефикасно, штедат електрична енергија и на тој начин ги намалуваат работните трошоци.

Еден партнер за сите услуги: Wilo

Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе се гарантира долгорочно одржливо снабдување со топла вода за иднината. Нашата анализа на трошоците за животен циклус (LCC-анализа) ви помага целосно да го искористите потенцијалот и ве поддржува при планирањето и димензионирањето. Со такви цврсти темели, можете да постигнете значителни заштеди во поглед на енергијата и работата. Планирајте ги пумпните системи оптимално за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно менувајте ги старите пумпи и префрлете се навремено на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.