Технологија на климатизација
Во климатизацијата, покрај безбедното снабдување, мора да се обезбеди и сигурно и енергетски ефикасно одведување на кој било кондензат. За таа цел, Wilo нуди широк избор на модерни системи за одведување на отпадна вода, кои се карактеризираат со највисок квалитет, сигурност и енергетски штедлива работа.
Создајте удобна средина за вашите корисници како оператор на објект
Било да се работи за изнајмувачи на станови, вработени во канцеларии, пациенти во болници, гости во хотели или посетители на шопинг центри, точната собна температура е важен фактор на удобноста за сите и значително продонесува за задоволството. Како спопственик или оператор, ја гарантирате комфорната средина со вашата климатизација и ладење. Високо ефикасните пумпи од Wilo кои може да исполнат широк опсег на услови за климатизација прават значаен придонес кон ова.
Безбедно отстранување на кондензат кај климатизација и ладење
Климата во просторијата кај големите објекти и комерцијални објекти е суштинска за добро проветрување и продуктивност на корисниците, особено во лето. Во многу случаи, климатизацијата создава кондензат. Со системите за одведување на отпадна вода на Wilo вие како специјалист можете да обезбедите таа да се транспортира безбедно и тивко. Освен тоа, може да работите со нас за да имплементирате широк избор на системи за климатизација и ладење за разладување на простории и имоти, кои мора да се снабдуваат со точна количина вода. Специјално развиените хидраулики, видови режими на управување, изолацијата и материјалите овозможуваат оптимално снабдување.
Еден партнер, сите услуги: Wilo
Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе се обезбеди долгорочно одржлива климатизација и ладење во иднината.Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето.Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.