Технологија на ладење и климатизација
Просториите со добра температура ги зголемуваат комфорот, удобноста и перформансите на луѓето во комерцијалните објекти. Климатизацијата и ладењето со интелигентни и енергетски ефикасни системски решенија исто така имаат придонес за одржливоста. За сигурна и безбедна работа во големите објекти, Wilo нуди високо ефикасни пумпи и пумпни системи кои може лесно да се интегрираат во нови или постоечките системи за управување со објекти и се анализираат и контролираат од далечина на паметен начин.
Како оператор на објект создајте удобна средина за вашите корисници
Правилната собна температура е важен фактор за комфор и придонесува значително за задоволството на станарите во колективните објекти, работниците во канцелариите, пациентите во болниците, гостите во хотелите или посетителите во шопинг центрите. Како спопственик или оператор на големи објекти, важно е да обезбедите комфорна собна температура со вашата климатизација и ладење. Високо ефикасните пумпи од Wilo со кои може да исполнат широк опсег на услови за климатизација прават значаен придонес кон ова.
Сеопфатни решенија од Wilo за проектанти, оператори, управници на објекти и специјалисти
Постојаната климатизација и ладење на големите објекти поставува големи предизвици за пумпите и пумпните системи што се користат во поглед на енергетската ефикасност, безбедноста при работа и сигурноста. Ви нудиме поединечни пумпни решенија со високо ефикасна технологија кои се адаптирани на актуелните потреби и така трошат многу малку електрична енергија. Нашите енергетски ефикасни решенија се идеални за јавни објекти и објекти за изнајмување, деловни и комерцијални објекти. Благодарение на нивната уникатна технологија го минимизираат вашиот напор како проектант, оператор, управник на објект или специјалист и го прават вашиот секојдневен живот попријатен. Нашите меѓусебно усогласени и високо ефикасни системи се надополнети со сеопфатен сервис. Со помош на нашето долготрајно искуство со проекти за зградна техника, ви даваме поддршка како во планирањето така и при спроведувањето на вашите проекти.
Интеграција на пумпите и пумпните системи во системите за управување со зграда
Пионерските пумпни системи на Wilo се идеални за интеграција во вашиот нов или постоечки систем за управување со зграда за централно надгледување и визуализација. Нашите високо ефикасни пумпни системи се регулираат независно на потребите во системот со помош на различните интелигентни режими на управување. Како проектант и специјалист, може да го имплементирате целокупниот систем со максимална енергетска ефикасност, а тоа на долг рок ги намалува работните трошоци. Нашите пумпни системи имаат и интерфејси со највообичаените видови технологии за системи за управување со зграда, така што работните податоци може јасно да се визуализираат и нашите пумпни системи може да се оптимизираат со далечинско управување дури и по инсталација во секое време.
Директен пристап до пумпа преку паметен телефон
Дигитализацијата напредува во сите области и сега исто така има значителна важност за зградната техника. На пример, овозможува услугите да се изведуваат без лично присуство на лице место. На тој начин, можете да ги подесувате и оптимизирате многу ефикасно преку далечински пристап за што нормално би било потребно многу време и трошоци.
Основен предуслов за ова е поврзувањето на пумпите.
Со најпоследната генерација на паметните пумпи, како Wilo-Stratos MAXO или и Wilo-Stratos GIGA2.0, веќе ви нудиме интегрирани опции за вмрежување и пристап. Може да вршите и накнадно вградување за други производи во секое време. Обете опции ви нудат вам како специјалист и како управник за објекти, не само локален пристап преку Bluetooth, на пример за пуштање во работа, туку и можност за подоцнежни анализи и оптимизација преку далечински пристап.
Климатизација и ладење
Климата во просторијата е суштинска за добро проветрување и продуктивност на корисниците, особено во лето. Во многу случаи, климатизацијата создава кондензат, којшто може да се транспортира безбедно и исклучително тивко со системот за одведување на кондензна вода на Wilo.
Широк избор на системи за климатизација и ладење се користи за разладување на простории и имоти, кои мора да се снабдуваат со точна количина вода. Специјално развиените хидраулики, видови режими на управување, изолацијата и материјалите овозможуваат оптимално снабдување.
Еден партнер, сите услуги: Wilo
Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе се обезбеди долгорочно одржлива климатизација и ладење во иднината. Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето. Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.