Снабдување со вода за гаснење пожари
Постројките за гасење пожар штитат човечки животи, објекти и добра. Навремената употреба значително ќе ги намали финансиските загуби. Wilo ви нуди постројки што штедат простор, модуларни решенија за конкретната индустрија со флексбилни можности за проширување или како алтернатива комплетни фабрички нагодени системи. Постројките за гасење пожар на Wilo ги исполнуваат соодветните регионални барања за противпожарна заштита и така гарантираат највисоко ниво на безбедност при работа.
Подрачја на примена на постројки за гасење пожар
Заштитата од пожар стана значајно и важно прашање низ светот.
Различните ситуации во зградите и различните регионални прописи бараат специфични решенија и понекогаш решенија за проширување, како постројките за гасење пожар од Wilo. Може да се користат каде било каде што е потребна најголема можна заштита на луѓе, добра и објекти, на пример, станбени, комерцијални и индустриски објекти, како и во инфраструктурни објекти, како училишта, болници, трговски центри, аеродроми, фабрики, складишта, подземни гаражи, кули итн.
Нашата палета од системи за снабдување со вода за гасење пожари е особено соодветна за ѕидни и надворешни хидранти, за дополнителни постројки за распрскување.
Снабдување со вода за гасење пожари
Осмислете ги индивидуалните постројки со нас
Профитирајте од нашата стручност и високо ефикасна пумпна технологија. Имамте комплетна серија развиена во модуларна изведба. Тие се протегаат од поединечни модели со електрични или дизел погони и дополнителна Џокеј-пумпа до конфигурирачки компактни варијанти во зависност од барањата на клиентот за сопствената примена – едноставно и економично. Нашите постројки за гасење пожар може да се испорачаат со единечна пумпа или да се инсталираат во мобилен, целосно опремен технички контејнер.
Целосните системи на Wilo ја намалуваат потребата за координација со консултантите, планерите или инсталатерите и на сите вклучени им нудат дополнителна безбедност, на пример, за време на инсталацијата, со што го забрзуваат целиот проект.
Високо квалитетни целосни системи: придобивки за вас како планер од нашиот широк асортиман на производи
Водата за гасење мора да е достапна во секое време и со потребниот притисок. Противпожарните уреди и уредите за заштита од пожар се применуваат само во случај на пожар и мора да работат апсолутно сигурно дури и во тешки услови.
Wilo нуди високо квалитетни целосни системи за сигурно и безбедно гасење пожар. Сите производи го отсликуваат нашето искуство и нашите практични знаења до најстини детали. Признание за тоа се бројните национални и меѓународни сертификати. Сето тоа резултира со технологија на која можете целосно да се потпрете, како нашиот компатен специјален резервоар за одвојување на водата за пиење од водата за гасење пожари.
Интеграција со системите на зградна автоматика: како се интегрираат постројките за гасење пожар од страна на планер или управник на објект
Сите наши приклучни табли за противпожарни намени постојано ги надгледуваат главните функции и известуваат системите за зградна автоматика преку Modbus или BACnet за статусот на системот.
На сигурна страна со WiloCare
Не само што ја нудиме услугата за пуштање во работа, туку и строго ја препорачуваме бидејќи апсолутната функционалност е суштинска во случај на пожар. Пуштањето во работа, одржување и поправките на постројката е задолжително според сите регулативи за заштита од пожари и се имплементира од страна на нашата фабричка служба за корисници и се вршат подоцнежни проверки на ефективноста. Освен тоа, нудиме пакет за одржување и далечинско надгледување за да се загарантира надгледувањето и оптимизирањето на постројката во секое време со нашиот сервисен пакет WiloCare.