Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Водоснабдување | Wilo

Водоснабдување

Приватно водоснабдување со Wilo: одговорно и со највисока ефикасност

Водоснабдување

Изберете под-апликација од апликацијата Водоснабдување во рамките на сегментот Комерцијални објекти.

Одржливоста и заштитата на климата сега се одлучувачки фактор кога планирате нови објекти или реновирате големи и комерцијални објекти. Тука е вклучено и современото водоснабдување кое штеди ресурси и енергија. Wilo нуди модерни системски решенија за одговорно справување со намалувањето на водните ресурси, како водата за пиење.

Како вие како оператор на објект придонесувате кон одржлива иднина

Дури и ако повеќе од 70 проценти од земјината површина е покриена со вода, само дел од таа количина целосно одговара за употреба како вода за пиење. Причината е доволна за нас да развиеме одржливи концепти за целосниот циклус на водата. Заедно со вас како оператор на објект, сакаме да загарантираме дека водата за пиење се користи штедливо и одговорно и дека алтернативите се користат сѐ повеќе, како вадењето вода за пиење од бунари или собирање дождовница за да се користи за тоалет или наводнување. Wilo нуди одржливи и економични решенија за широка област на примена: од експлоатација на вода од бунари или отворени водни површини до користење на дождовница и постројки за зголемување на притисокот. Алтернативната експлоатација на водата за пиење е еден од нашите најважни предизвици за иднината.

Како да се гарантира потребниот квалитет на водата за пиење во вашиот објект

Квалитетот на водата обично се регулира законски со прописи, различни насоки, препораки и регулативи. Нашите производи и системи може да се користат за експлоатација, подготовка и дистрибуција на вода. Одржувањето на бариерите што ја штитат водата за пиење од загадување низ целокупниот процес на снабдувањето со вода за пиење е клучно кога се бара сведување на потребите за техничко третирање на водата на минимум.

Кај технички бреспрекорно поставените системи на дистрибуција, коишто се редовно одржувани ипостојано користени, не постои можност за контаминација од материии, супстанци или легионела.

Според тоа, одлучувачките компоненти за висок квалитет на водата за пиење се одличното раководење со системите, за коишто не се одговорни само дистрибутерите на вода, туку и сопствениците или операторите на зградите. Со Wilo ги исполнувате барањата во секој поглед.

Како ве поддржуваме како проектант околу прашањата за водоснабдувањето

Кога проектирате, може да се потпрете на експертизата на Wilo. Без разлика дали се работи за административни згради, болници, хотели или аеродроми, заедно со вас развиваме решенија по мерка и со висок квалитет за комерцијални и јавни објекти. Со широкиот опсег на пумпи, пумпни системи и услуги, го опфаќаме комплетниот циклус на водата на вашите проекти.

Искористете ја целата наша стручност: од експлоатација на (необработена) вода од бунари или отворени извори на вода, преку користење на дождовница, па сѐ до подготовка на вода и водоснабдување за дистрибуција на вода за пиење, како и напојување на системи за гасење пожар.

Професионални совети и инсталација

Инсталатерот може најдобро да ви одговори кои системи или кој целокупен концепт најдобро одговара за вашето водоснабдување. Wilo работи само со квалификувани компании. Специјалистите ќе ве посоветуваат околу нашите производи и ќе се ве поддржат при планирањето и преземањето на професионалната инсталација и одржување.