Водоснабдување и зголемување на притисокот
Постојаниот и правилен притисок на водата, дури и на највисоките катови, е од најголема важност за непрекинато снабдување. Wilo нуди бројни системи за зголемување на притисокот кои гарантираат доволен проток со постојан притисок дури и на највисоките катови.
Област на примена на систем за зголемување на притисок: вие како проектант може да се потпрете директно на системите со повеќе пумпи
Ако притисокот на водата во јавната мрежа не е доволен, потребен ви е систем за зголемување на притисокот. Во големите, високи и системски важни објекти, како болниците, може да го минимизирате ризикот за дефект преку користење на постројки со повеќе пумпи со резервна пумпа.
Снабдување во зависност од потребите: испланирајте максимална безбедност при работа дури и при променлива потрошувачка на вода
Различните типови на објекти, како што се училишта, болници или хотели, бараат флексибилни постројки коишто одговараат на индивидуалните барања, на пример, кога барањата за вода се менуваат низ текот на денот.
Како илустрација: најголемите предизвици, на пример, се сигурното водоснабдување на стадион. За време на полувремето, речиси сите тоалети и мијалници се користат истовремено во краток период, додека пак за време на натпреварот многу малку гледачи ги користат тоалетите. Водоснабдувањето тогаш може да ја достигне границата. Затоа, овде се потребни решенија кои гарантираат снабдување дури и при работа со врвно оптоварување.
Со нашите постројки за зголемување на притисокот со фреквентен конвертор ви нудиме вам како проектант идеални решенија за да се гарантира постојан притисок на сите потрошни места. Постројките за зголемување на притисокот на Wilo исто така гарантираат доволен проток и притисок на водата дури и во случаи на врвно оптоварување.
Постројки за зголемување на притисокот на Wilo: како проектант може да сметате на максималната енергетска ефикасност на целосниот систем
Со висококвалитетните составни елементи, како EC-мотори со класа на енергетска ефикасност IE5, ефикасна пумпна хидраулика и комплетни системи со оптимизирана загуба на притисокот, може значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија. Друга предност за вашето планирање на проект се нашите иновативни приклучни табли со чија помош нашите системи постигнуваат највисока квалитет на регулација.
Може и да извлечете придобивки од интегрираната заштита од работа на суво од и откривање на недостаток на вода со автоматско исклучување. Тоа значи дека можете да се потпрете на решенијата со кои се гарантира безбедна работа и долг работен век.
Поврзување со зградната автоматика: решениево ги импресионира проектантите, операторите и управителите на објектите
Благодарение на овие модерни и отворени интерфејси за вообичаените протоколи, како BACnet или Modbus, може лесно да ја интегрирате нашата постројка за зголемување на притисокот во вашиот постоечки или планиран систем за управување со зграда.
Еден партнер, сите услуги: Wilo
Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе обезбедите долгорочно одржливо водоснабдување за иднината. Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето. Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.