Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Експлоатација на необработена вода | Wilo

Експлоатација на необработена вода

Експлоатација и транспорт на необработена вода: со најниски енергетски трошоци за највисока сигурност при снабдување

Експлоатација на необработена вода

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
VdS-одобрение
Број на пребарувања: 18

Одржливото и напредно водоснабдување за приватни домаќинства, индустријата и земјоделството е голем предизвик во поглед на сѐ поретките ресурси, промената на барањата за вода и променливите нивоа на подземната вода. Може да ги совладате со пумпите, системските решенија и услугите од Wilo. Ние сме вашиот компетентен партнер и ве поддржуваме во сите фази од проектот – од планирање и димензионирање, до пуштање во работа и одржување.

Комплетно портфлио со решенија за секоја потреба

Транспортот на изворска и подземна вода од бунари и шахти и површинска вода е важна основа за безбедно снабдување. Wilo во ова сеопфатно ги поддржува компаниите за водоснабдување. Без разлика дали се работи за решенија за бунари или површински води – комуналните оператори добиваат сигурни и економични пумпни системи за екстракција на вода од извори за секое подрачје на примена, секоја длабочина на вградување и за променливите нивоа на водата. Со високо ефикасните мотори и погони со променлива брзина, тие се оптимално прилагодени на индивидуалните потреби.

Компаниите за водоснабдување за експлоатација на вода се потпираат на сеопфатните и напредни дигитализирани системски решенија од Wilo. Овозможуваат ефикасно приспособување на променливите услови за работа. Нашите пумпи ги минимизираат енергетските трошоци и поставуваат нови стандарди во поглед на ефикасноста, флексибилноста и безбедност при работа.

За експлоатација на необработена вода близу површината, нудиме стандардни, блок и пумпи со аксијално поделено куќиште или пумпи за бушотини во изведба со притисочна обвивка со највисоко ниво на ефикасност. За да се исполнат највисоките барања за квалитет на водата за пиење, нудиме и пумпи со одобренија за вода за пиење (пр. ACS, WRAS, UBA). Од високоефикасни пумпи и мотори кои се најдобри во својата класа до иновативни Ceram облоги, Wilo овозможува совршени решенија кои ги исполнуваат вашите барања.

Како да постигнете максимална заштеда на енергија

За да можете како оператор значително да ја намалите потрошувачката на енергија со големи протоци и долги работни времиња, потребна ви е сигурна енергија и управување со водата. За ова Wilo ви нуди комбинација од предности.

Профитирајте од нашите модерни фреквентни конвертори, кои овозможуваат континуирано регулирање на број на вртежи на вашите Wilo бунарски пумпи. Резултат: ги користите вашите пумпи оптимално при различни работни точки – со други зборови, тие се екстремно енергетски ефикасни. Благодарение на флексибилната регулација, вашиот посакуван проток или притисок на водата е секогаш на располагање.

Освен тоа, нашата иновативна Ceram-CT облога ви овозможува дополнително зголемување на ефикасноста на пумпата преку помала загуба на протокот.

Како безбедно да пумпате вода со корозивни и нагризувачки содржини

Климатските промени и недостатокот на вода налагаат решенија за екстракција на необработена вода во тешки услови, во зависност од локацијата. Како одговорни за водоснабдувањето, со Wilo можете да вадите вода на едноставен и сигурен начин.

Кога вадите вода со голема содржина на песок, на пример, при земјоделски потреби, може сигурно да се потпрете на робустните пумпи со долготрајно висока ефикасност. Истото важи и за експлоатацијата на необработена вода во постројки за десалинација на морска вода, каде што нашите пумпи исто така може да издржат долгорочна употреба благодарение на изборот на материјали специфични за примената.

Користиме особено отпорни материјали, како Duplex или нашиот уникатен Wilo-Ceram за да ги исполниме вашите високи барања за вода со коризивни и абразивни компоненти. Отпорни се на нагризувачки медиуми и овозможуваат долга работа на пумпата со постојано висока моќност. Нашите иновативни Ceram-CP облоги исто така штитат од таложење, како и затнување и со тоа се гарантира подолг работен век со пониски трошоци за одржување.

Ваша константа при променливи нивоа на вода и потреби

Секогаш имајте ја точната количина на вода со точен притисок за минимални енергетски трошоци. Со нашите енергетски ефикасни регулирачки пумпи, реагирате оптимално на променливите работни точки со променливата подземна вода или променливите потреби за вода. Со нашите најмодерни и компактни фреквентни конвертори и високо ефикасните мотори со траен магнет, може да постигнете највисоко ниво на ефикасност дури и при променливи работни точки.

Дизајнирајте ја мрежата на утрешнината со дигиталните технологии од денешнината

Со Wilo инвестирате во безбедноста и иднината на дигиталното време. Ја користиме сета наша експертиза и најновите технологии за вашиот напредок. Тука се вклучени услугите прилагодени по ваша мерка, дигиталните единици за надгледување и најмодерните пумпи со регулиран број на вртежи. Така се гарантира безбедност при работа на вашето комунално водоснабдување и се создава непречено поврзување со мрежата на вашиот град или заедница.

Еден партнер, сите услуги: Wilo

Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе обезбедите долгорочно одржливо водоснабдување за иднината. Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето. Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.