Водоснабдување
Водоснабдувањето отсекогаш било еден од најголемите предизвици во човечката историја. Поради климатските промени, зголемените барања за квалитет на водата и растот на светското население, оваа важна задача денес станува се попредизвикувачка. Со интелигентните и дигитализирани штедливи пумпни системи, Wilo помага да се гарантира експлоатацијата на необработена вода, обработката и снабдувањето на еден целосно единствен и напреден начин.
Предизвиците на иднината: безбедно и штедливо водоснабдување
Климатските промени, глобализацијата и урбанизацијата сѐ повеќе водат кон зголемена недостапност на чиста вода и енергија. Ова наложува еден нов начин на размислување и иновативни решенија за да се гарантира безбедно и непрекинато снабдување на растечкото население. Затоа водата спаѓа во еден од најдрагоцените ресурси. Постојаниот раст на бројот на жители влијае на нејзината употреба: за пиење, перење и чистење, како и во земјоделството и индустријата. Но, водата што може да се користи е ограничена. Од огромна важност е управувањето со водите за да се гарантира пристап на сите до сигурно водоснабдување.
Како се поврзани водоснабдувањето и потребата за вода
Ова оди рака под рака со економичното и одговорно искористување на енергијата. Причина: системите за водоснабдување бараат огромна количина на енергија поради застарените пумпи. Затоа секој литар на вода што тече низ системот за водоснабдување е скапоцен. Во системите за водоснабдување, поголемиот дел од енергијата што се троши е од работата на пумпните системи.
Решението лежи во дигитализацијата и високефикасните пумпни системи
Дигитализацијата на процесите на водоснабдување во поврзаност со ултра модерните ефикасни пумпни системи нудат истовремено еколошко и економично решение за тие предизвици. Како професионален испорачател на системи, Wilo опфаќа широка понуда на пумпи, прибор за пумпи и сервисни решенија за целиот циклус на водата. Нашите решенија прилагодени по мерка гарантираат безбедно и енергетски ефикасно водоснабдување и се точно направени според потребата. Wilo нуди висококвалитетни решенија ориентирани кон иднината, кои активно ги поддржуваат нашите клинети во елементарните задачи за обезбедување на економично водоснабдување.
Сето наше практично знаење и системи направени по ваша мерка
Од експлоатација на необработена вода преку подготовка на вода, дистрибуција на вода и наводнување, Wilo има широк опсег на пумпи, системи и решенија кои ги исполнуваат вашите индивидуални барања за единствено водоснабдување.
Експлоатација на необработена вода: вака се создава безбедност и се намалуваат трошоците
Како да ги исполните предизвиците од намалените ресурси, промените во потребите за вода и променливите нивоа на подземната вода? Паметниот одговор гласи: со Wilo. Нашите системски решенија за експлоатација на вода овозможуваат совршено приспособување на вашите работни услови. Употребените пумпи и постројки на Wilo работат сигурно и енергетски ефикасно на долг рок, така што имате придобивка од заштеда на високи трошоци низ целиот работен век.
Подготовка на вода: константен квалитет за вашата вода за пиење
По експлоатацијата на необработена вода, потребен е третман на водата за пиење за да се гарантира постојаност на квалитетот. Системските решенија на Wilo ве поддржуваат во сите чекори од процесот: почнувајќи со транспортот на водата до процесите за третман, преку прецизно и ефикасно зголемување на притисокот до најмодерни системи за филтрација. Со нашите високо ефикасни и издржливи производи, имате долгорочна гаранција за ефикасна и сигурна работа на целосниот процес.
Водоснабдување, зголемување на притисок: со ова можете да гарантирате сигурно снабдување дури и на подолги растојанија
Од една страна, мора сѐ повеќе да го земате предвид транспортот на вода на долги растојанија и, од друга страна, зголемената потреба за вода во урбаните краишта на ограничен простор. Затоа може да му верувате на Wilo. Нашите напредни решенија за производи имаат примена секаде каде што треба да се пренесуваат големи количини на вода. Истовремено ви нудиме апсолутна сигурност и постојана висока ефикасност.
Комерцијално земјоделство: еколошко и економично вистинско решение за вас
Во земјоделството, одржливото искористување на водата е предуслов за производство на природна храна. Но, сѐ почестите екстремни временски услови предизвикани од климатските промени прават одржливата и истовремено економичната работа да биде сѐ потешка. Потребно е софистицирано наводнување за да може да го гарантирате природното водоснабдување кога има малку дожд или да компензирате при променливите дождови. Со подводните пумпи на Wilo, стандардните пумпи и пумпите со аксијално поделено куќиште за безбедно снабдување, може да обезбедите безбедно снабдување на вашата индустрија или точно насочено наводнување на големи површини.