Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Комерцијално земјоделство | Wilo

Комерцијално земјоделство

Системи за наводнување во земјоделството: минимизирајте ги енергетските трошоци, максимизирајте ги приходите

Комерцијално земјоделство

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
Број на пребарувања: 23

Поради периодите на суша, намалените нивоа на подземната вода, зголемените енергетски трошоци, фармите имаат потреба од водоснабдување кое создава идни перспективи. Пумпните системи на Wilo ги исполнуваат овие услови на неколку начини: со индивидуални решенија, кои се карактеризираат со максимална ефикасност и достапност.

Еколошка и економична придобивка

Земјоделството е заробено помеѓу високите енергетски трошоци, ограничените водни ресурси, опаѓачките маржи и постојаното менување на условите. Системските решенија на Wilo прилагодени по мерка за водостопанство помагаат да се гарантира постигнување на еколошките и економските барања во еднаква мера.

Без разлика дали работи за системи за наводнување, водоснабдување за одгледување добиток или аквакултури, со нашите иновативни и високо ефикасни пумпни системи раководелите ги намалуваат своите работни трошоци значително и истовремено гарантираат поголема одржливост. Во практична употреба, системите се карактеризираат со највисок квалитет и долготрајност. Ги поддржуваме нашите клиенти во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање, до пуштање во работа и одржување. За одржливо водоснабдување со поглед кон иднината.

Индивидуални пумпни системи за вашите потреби

Портфолиото на Wilo пумпи е исто толку посебно и сложено како и вашите предизвици. Oптималните решенија ќе ги добиете од нас. Дозволете нашите експерти да ве посоветуваат и изберете од нашиот широк опсег на стандардни пумпи и блок пумпи, како и пумпи со аксијално поделено куќиште, подводни пумпи и пумпи со цевкасто куќиште. Освен тоа, ви нудиме независни, самоодржливи соларни подводни пумпи. Секое решение е специфично за клиентот и го нуди точно потребниот проток: од 0,5 m3/h до 50.000 m3/h. Исто така, може да се одлучите за комбинации на материјал за примена и за процесот, како и индивидуално конфигурирани мотори.

Тоа ви овозможува да постигнете најдобра можна вкупна ефикасност

Долготрајноста, цврстината и сигурноста се нашата сила за вас, за да биде гарантирана вашата жетва. Искористете ги придобивките од нашата единствена експертиза за системи со која можете да ги совладате сите предизвици, на пример, со нашите пумпни решенија прилагодени по мерка за пивот постројки за распрскување. Со нашите високо ефикасни пумпи за бушотини направени од прецизно лиен нерѓосувачки челик, може да постигнете ефикасност најдобра во својата класа, особено при експлоатација на необработена вода од длабоки бунари. Ниска потрошувачка и голема цврстина – нашите пумпи се соодветни и за високи содржини на песок до 150 g/m3.

Како да постигнете максимална ефикасност

Со модерното наводнување со капење може да постигнете највисоката ефикасност на наводнувањето. Ние сме вашиот партнер и ве поддржуваме со овој систем со иновативна технологија на пумпа која обезбедува ниски енергетски трошоци. Новите концепти на блок и стандардна подводна пумпа овозможуваат оптимално решение за вашето наводнување со капење. Имаат најмодерен дизајн на хидраулика за максимална ефикасност. Пумпите може оптимално да работат со фреквентна контрола дури и при промена на работните точки и секогаш испорачуваат точен притисок и точна количина. Резултатот за вас: економична употреба на скапоцената вода како ресурс, ниска влезна моќност и ниски енергетски трошоци.

Оптимално за површинско наводнување

Реки, езера или длабоки бунари – без разлика што сакате да користите за вашето површинско наводнување, со Wilo имате експерт кој има децении глобално искуство во ова поле. Нашето целосно практично знаење е применето во вашето системско решение. Нашата производна палета специфична за примената вклучува пумпа со цевкасто куќиште, пумпа со аксијално поделено куќиште, блок и стандардна пумпа, подводна пумпа и многу други решенија. Ги приспособуваме сите пумпи индивидуално на вашите барања – за ваше оптимално и високо ефикасно површинско наводнување.

Водоснабдување на која било посакувана локација

Дали ви е потребно сигурно и енергетски ефикасно водоснабдување за вашиот добиток? Wilo може да го гарантира тоа за вас на која било локација. Добитокот честопати се наоѓа на места со слабо или непостоечко снабдување со енергија. Затоа како решение ви нудиме подводна пумпа на соларна енергија. Вашите предности: самоодржливо водоснабдување, сигурна технологија со мало одржување и ниски работни трошоци

Иновативни облоги за иднината

Аквафармерството сѐ повеќе придонесува за прехрана на светското население. Новите иновативни решенија сѐ повеќе се бараат поради зголемното светско население. Wilo ве поддржува за ова. Нудиме специфични решенија за аквакултурите од типот RAS (рециркулирачки земјоделски системи). Пумпите со облоги посебно се дизајнирани за сигурна употреба во корозивна морска вода или абразивни води со висока содржина на песок. Со нивната цврста конструкција, нудат и висок степен на долготрајност. Со други зборови: ќе добиете трајно сигурни пумпи за вашето аквафармерство на иднината.