Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Водоснабдување и зголемување на притисокот | Wilo

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Модерно снабдување со вода за пиење: оптимален притисок, висока енергетска ефикасност, заштита од протекувања

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
Број на пребарувања: 23

Wilo гарантира сигурно водоснабдување 365 дена од годината. Енергетска штедливост, економичност, дигитализација и безбедност од протекување. Без разлика дали се работи за голем проток, растојанија, висинска разлика или променливи барања и притисоци – интелигентните и единствени решенија на Wilo ги исполнуваат сите барања.

За одржлива и високо ефикасна дистрибуција на вода насочена кон иднината

Целта на водоснабдувањето е: сигурен и хигиенски транспорт на вода за пиење каде и да е потребна. Меѓутоа, тоа зависи и од намалувањето на енергетската потрошувачка и работните трошоци, како и од зголемувањето на задоволството на корисниците.

Со пумпните системи на Wilo, системите за зголемување на притисокот и дигитализираното управување, снабдувачите добиваат индивидуални решенија со кои се покрива целосниот проток. Со пумпните станици на Wilo за дистрибутивните мрежи, системите за зголемување на притисокот и дигитализираните контроли, снабдувачите добиваат индивидуални решенија со кои се обезбедува потребниот проток. Со Wilo одговорните оператори и проектанти имаат искусен и компетентен партнер на своја страна. Заедно со нашите клиенти, развиваме оптимални системски решенија прилагодени по мерка.

Најголема ефикасност, совршено приспособена на иднивидуалните потреби

Како добавувач, може да ги минимизирате вашите енергетски трошоци за дистрибуција на вода и зголемување на притисокот. Wilo ви нуди уникатни системи за иднината и високо ефикасна хидраулика и мотори. Тоа ви овозможува да постигнете најдобра можна вкупна ефикасност.

Користете високо ефикасни пумпни и системи за управување на Wilo за големи протоци помеѓу изворот и дистрибутивната мрежа. Нашите иновативни пумпи со аксијално поделено куќиште или модерните стандардни пумпи се особено соодветни за транспорт на големи количини вода во примарната дистрибутивна мрежа.

Може да имплементирате помали капацитети на проток помеѓу дистрибутивната мрежа и зоните на крајните корисници со нашите системи за зголемување на притисокот кои ги исполнуваат вашите барања. Тоа значи дека Wilo ви ги овозможува сите компоненти на системот за вашиот енергетски ефикасен и одржлив систем на водоснабдување.

Заштитете ја мрежата за снабдување од протекувања

Избегнете економски загуби и можни штети предизвикани од протекувањата од вашиот цевковод. Протекувањата се појавуваат меѓудругото од преголем притисок на цевководот. Со Wilo добивате управување со притисокот прилагодено по мерка и според потребите. Така може да ги користите пумпните системи со променлив број на вртежи и соодветна регулација, кои автоматски гарантираат дека притисокот на водата е секогаш оптимален.

Користете ги предностите на нашите пумпи со аксијално поделено куќиште со ниски вредности на NPSH во комбинација со еден од нашите фреквентни конвертори со голема моќност. Ова е вашето идеално решение за транспорт на големи количини вода од изворот до дистрибутивната мрежа. За вашето снабдување на потрошната мрежа со мала потреба за вода, ви нудиме голем број на ефикасни системи за зголемување на притисокот со променлив број на вртежи.

Интелигентна дигитализација на вашето водоснабдување

Дигитализацијата во водоснабдувањето ви отвора целосно нови перспективи во поглед на оптимизацијата, ефикасноста и транспарентноста. Важно е да имате единствен систем со складни интерфејси. Можете да ги интегрирате Wilo пумпите во вашата контролна технологија од повисоко ниво. За таа цел нашите системи и управување се опремени со Feldbus систем соодветен за вас.

Долгорочна употреба, помалку одржување

Го знаете тоа од вашата пракса: вашите пумпи мора да функционираат трајно и безбедно под екстремни оптоварувања. Истовремено мора да работат со најниски можни енергетски трошоци. Одлучете се за Wilo и добијте највисоко ниво на безбедност при работа и енергетска ефикасност. Освен тоа, нашите пумпи се дизајнирани да бидат екстремно лесни за одржување. Така се намалуваат времињата на неактивност при одржување и сервисирање на минимум.

Сите сертификати за одобрение за вода за пиење

Да веруваш е добро, да си сертифициран е уште подобро. На тој начин Wilo пумпните системи ги исполнуваат сертификатите и декларациите што ви се потребни за одобрение за вода за пиење. Меѓу другите тука се вклучени ACS, UBA и DVGW W270.

Еден партнер, сите услуги: Wilo

Ние сме на вашата страна и целосно ве поддржуваме во сите фази од проектот – од планирање и димензионирање, до пуштање во работа и одржување. Обезбедете го вашето одржливо водоснабдување за иднината со Wilo. Користете ја нашата интегрирана палета на совети, услуги и системски решенија и остварете додадена вредност. Со Wilo ја зголемувате вашата конкурентност. Ајде заедно да постигнеме нови пазарни успеси.