Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-Yonos GIGA-N | Wilo

Wilo-Yonos GIGA-N

Норм-пумпа за универзална примена и висока енергетска ефикасност.

Вашите предности
Wilo-Yonos GIGA-N

Норм-пумпа за универзална примена и висока енергетска ефикасност.

Wilo-Yonos GIGA-N е пумпа со висока енергетска ефикасност за примена во згради за греење, климатизација и ладење, каде што се потребни големи количини на вода со голем напор.



Особености/предности на производот

  • Ефикасна пумпа преку употреба на IE4-мотор
  • KTL-облогата на сите леани компоненти се грижи за отпорност на корозија и за долговечност
  • Универзално поставување благодарение на нормираните димензии според EN 733
  • Едноставно нагодување и ракување преку технологија на зелено копче
  • Едноставно одржување благодарение на спојката за проширување во „Back-Pull-Out“ изведба што се користи лесно
  • Опционални интерфејсу за поврзување со зградна автоматика преку приклучни IF-модули
Опис на серијата
Wilo-Yonos GIGA-N

Изведба

Електронски регулирана, едностепена, нископритисочна, центрифугална пумпа со аксијално вшмукување. Монтирано на основна плоча со прирабничко поврзување и автоматско прилагодување на моќноста.

Примена

  • Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
  • Примена во наводнување, зградна техника, општа индустрија, фабрики итн.

Опрема/функција

Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа во блок-изведба според EN 733, со спојка, заштита на спојка, мотор и основна плоча

  • Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
  • Механичка заптивка

Начини на работа

  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • PID-Control
  • Регулациски режим (n=constant)

Панел за ракување

  • Зелено копче и дисплеј

Рачни функции

  • Нагодување на баран диференцијален притисок
  • Нагодување на број на вртежи (рачно управување)
  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на пумпа ON/OFF
  • Конфигурација на сите работни параметри
  • Квитирање грешка

Надворешни управувачки функции

  • Управувачки влез „Приоритетно искл.“
  • Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
  • Аналоген влез 2-10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
  • Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
  • Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок

Функции на сигнализација и прикажување

  • Збирна сигнализација за грешка SSM
  • Сигнализација за збирна работа SBM

Размена на податоци

  • Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-монитор/IR-стик
  • Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика

Безбедносни функции

  • Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
  • Блокада за зафаќање

Управување со двојни пумпи (2 единечни пумпи; само при примена на елемент за обединување)

  • Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
  • Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
  • Паралелна работа

Означување на типот

Пример

Yonos GIGA-N 40/200-15/2 -R1-P5

Yonos

Фамилија на производи

GIGA

Опис на серијата

N

Стандардна пумпа со аксијално вшмукување

40

DN за притисочна прирабница

200

Номинална широчина на работно коло [mm]

15

Номинална моќност на мотор P2 [kW]

2

Бр. на полови

R1

Изведба без сензор за диференцијален притисок

P5

Опција:

празно = со спојка за проширување

P5 = без спојка за проширување (со стандардна спојка)

Технички податоци

  • Температура на медиум: -+20 °C до +140 °C
  • Приклучување на мрежа
    • 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz
    • 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
    • 3~380 V -5/+10 %, 50/60 Hz

Исполнување на електромагнетна подносливост без дополнителни мерки:

    • Емитирана интерференца за станбена област според EN 61800-3:2018
    • Отпорност на интерференца за индустријална област според EN 61800-3:2018
  • Вид на заштита IP55
  • Номинални дијаметри DN 32 до DN 150
  • Макс. работен притисок од 16 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа и латерна. Стандард: EN-GJL-250
  • Работно коло: Стандард: EN-GJL-200; други на барање
  • Вратило: 1.4021
  • Механичка заптивка: AQEGG, други механички заптивки на барање

Конструкција

  • Едностепена нископритисочна центрифугална пумпа како пумпа со основна плоча, со аксијална вшмукателна наставка со прирабнички поврзан носач на лежиште и прицврстување на оската за флексибилно споени погони
  • Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
  • Спојка за проширување (спојување со муф) како стандард, којашто дава можност единицата на роторот на моторот да се остави во положбата прширување
  • Варијанта ...-P5 без спојка за проширување (за намалена цена, погледнете го ценовникот)

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Упатство за вградување и работа
  • Целосно монтирана пумпа на основна плоча со спојка, заштита на спојка и електромотор

Опции

  • Варијанта ...-L1 со работно коло од бронза (со доплата)
  • Варијанта …-L4 со работно коло од нерѓосувачки челик (со доплата)
  • Варијанта ...-S1/-S2 со специјални прстенести заптивки (со доплата)
  • Варијанта ...-P5 без спојка за проширување (за намалена цена)
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Yonos GIGA-N

Број на производ 6088793
Издание 2020-10
Број на страници 80
Јазик en
PDF (7 MB)

Прирачник за проектирање

Glanded pumps, single-stage, single-volute

Број на производ Wilo515021
Издание 2021-12
Број на страници 24
Јазик en
PDF (7 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-Atmos GIGA-N#Wilo-Yonos GIGA-N

Број на производ 6088790
Издание 2021-01
Број на страници 16
Јазик en
PDF (3 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 110
Приклучок за цевка од вшмукателната страна
Приклучок за цевка од притисочната страна
Број на полови
Спојка за проширување