Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-Yonos PICO | Wilo

Wilo-Yonos PICO

Уште повеќе комфор, но уште помала потрошувачка на струја.

Вашите предности
Wilo-Yonos PICO

Уште повеќе комфор, но уште помала потрошувачка на струја.

Видлив знак за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто заедно со новите функции овозможува максимален комфорт при пуштање во работа и одржување. Стандардното нагодување за радијатори или подно греење – симболизирано преку пиктограми – заштедува време при пуштање во работа. На тој начин можете уште повеќе да ја подобрите енергетската ефикасност, да ја намалите потрошувачката на струја и податоците за сето тоа се секојпат видливи на дисплејот. А, благодарение на компактната конструкција, замената на пумпи е сега уште поедноставна.


Особености/предности на производот

  • Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со нови, интелигентни нагодувања, интуитивна корисничка површина и нови функции
  • Оптимизирана енергетска ефикасност благодарение на технологијата за EC-мотор, нагодувањата со прецизност од 0,1 m, приказот на актуелната потрошувачка на енергија и протокот
  • Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција
  • Едноставно одржување и голема безбедност при работа благодарение на автоматски и рачно активираните функции на повторно вклучување и обезвоздушување
  • Најголема безбедност при работа и ракување благодарение на докажаната технологија
Опис на серијата

Изведба

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Начини на работа

  • Константен диференцијален притисок
  • Варијабилен диференцијален притисок
  • Константен број на вртежи (3 регулациски карактеристики)

Рачни функции

  • Нагодување работен режим според примената
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Нагодување константен број на вртежи
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно вклучување

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Автоматско повторно вклучување
  • Автоматско препознавање сув од

Функции на сигнализација и прикажување

  • Индикатор на моментална влезна моќност во W
  • Индикатор на моменталниот проток во m³/h
  • Приказ на напорот при нагодување
  • Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
  • Приказ на рачно активираната функција за повторно вклучување или функција на обезвоздушување

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно вклучување
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos PICO 30/1-4

Yonos PICO

Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

30/

Приклучен номинален дијаметар

1-4

Подрачје на номинален напор [m]

130

Конструктивна должина

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Приклучок со навртување G1, G1½, G2
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
  • Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
  • Вратило на пумпата: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Wilo-Connector
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Изведби Yonos PICO ...-130 со кратка монтажна должина од 130 mm

Опрема

  • Навртувања
  • Елементи за израмнување
  • Термоизолација
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Yonos PICO

Број на производ 4209895
Издание 2022-02
Број на страници 30
Јазик en
PDF (6 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)

Леток

Product Flyer Wilo-Yonos PICO

Број на страници 2
Јазик en
PDF (2 MB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 12
Приклучок на цевка
Индекс на енергетска ефикасност (EEI)
Монтажна должина L0