Wilo-Yonos PICO
Уште повеќе комфор, но уште помала потрошувачка на струја.
Уште повеќе комфор, но уште помала потрошувачка на струја.
Видлив знак за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто заедно со новите функции овозможува максимален комфорт при пуштање во работа и одржување. Стандардното нагодување за радијатори или подно греење – симболизирано преку пиктограми – заштедува време при пуштање во работа. На тој начин можете уште повеќе да ја подобрите енергетската ефикасност, да ја намалите потрошувачката на струја и податоците за сето тоа се секојпат видливи на дисплејот. А, благодарение на компактната конструкција, замената на пумпи е сега уште поедноставна.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со нови, интелигентни нагодувања, интуитивна корисничка површина и нови функции
- Оптимизирана енергетска ефикасност благодарение на технологијата за EC-мотор, нагодувањата со прецизност од 0,1 m, приказот на актуелната потрошувачка на енергија и протокот
- Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција
- Едноставно одржување и голема безбедност при работа благодарение на автоматски и рачно активираните функции на повторно вклучување и обезвоздушување
- Најголема безбедност при работа и ракување благодарение на докажаната технологија
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.
Примена
Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.
Опрема/функција
Начини на работа
- Константен диференцијален притисок
- Варијабилен диференцијален притисок
- Константен број на вртежи (3 регулациски карактеристики)
Рачни функции
- Нагодување работен режим според примената
- Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
- Нагодување константен број на вртежи
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно вклучување
Автоматски функции
- Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
- Автоматско повторно вклучување
- Автоматско препознавање сув од
Функции на сигнализација и прикажување
- Индикатор на моментална влезна моќност во W
- Индикатор на моменталниот проток во m³/h
- Приказ на напорот при нагодување
- Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
- Приказ на рачно активираната функција за повторно вклучување или функција на обезвоздушување
Опрема
- Место за клуч на телото на пумпата
- Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно вклучување
- Мотор отпорен на струја на блокирање
- Филтер за честички
Означување на типот
Пример: | Wilo-Yonos PICO 30/1-4 |
Yonos PICO | Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана |
30/ | Приклучен номинален дијаметар |
1-4 | Подрачје на номинален напор [m] |
130 | Конструктивна должина |
Технички податоци
- Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
- Вид на заштита IPX4D
- Приклучок со навртување G1, G1½, G2
- Макс. работен притисок 10 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
- Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
- Вратило на пумпата: Не’рѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
Опсег на испорака
- Пумпа
- Wilo-Connector
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Изведби Yonos PICO ...-130 со кратка монтажна должина од 130 mm
Опрема
- Навртувања
- Елементи за израмнување
- Термоизолација