Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Експлоатација на необработена вода | Wilo

Експлоатација на необработена вода

Енергетски ефикасна и сигурна работа

Експлоатација на необработена вода

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
VdS-одобрение
Број на пребарувања: 18

Целта на Wilo е да се понудат приспособени системски решенија: со единствени решенија од еден извор кои нудат највисоко ниво на безбедност и економичност на сите нивоа на проектирање за вашиот производствен процес – со најдобра ефикасност на водата. Без разлика дали се работи за длабок бунар или екстракција на површинска вода, решението ќе биде конфигурирано според вашите потреби.

Строгите регулативи за вода со кои се забранува користење на комуналната вода за индустриски процеси, претставуваат голем предизвик за управување со достапните ресурси. Потребни се целосни решенија за екстракција на вода, подготовка на вода и искористување на вода. Целта е да се користи ресурсов интелигентно и да се следи дигитално за да се избегнат протекувања во системот, а со тоа и загуба на вода.

Опфатен опсег на решенија за сите барања

Транспортот на изворска и подземна вода од бунари и шахти и површинска вода е важна основа за безбедно снабдување. Wilo во ова сеопфатно ги поддржува компаниите за водоснабдување. Без разлика дали се работи за решенија за бунари или површински води – комуналните оператори добиваат сигурни и економични пумпни системи за екстракција на вода од извори за секое подрачје на примена, секоја длабочина на вградување и за променливите нивоа на водата. Со високо ефикасните мотори и погони со променлива брзина, тие се оптимално прилагодени на индивидуалните потреби.

Компаниите за водоснабдување за експлоатација на вода се потпираат на сеопфатните и напредни дигитализирани системски решенија од Wilo. Овозможуваат ефикасно приспособување на променливите услови за работа. Нашите пумпи ги минимизираат енергетските трошоци и поставуваат нови стандарди во поглед на ефикасноста, флексибилноста и безбедност при работа.

За експлоатација на необработена вода близу површината, нудиме стандардни, блок и пумпи со аксијално поделено куќиште или пумпи за бушотини во изведба со притисочна обвивка со највисоко ниво на ефикасност. Освен тоа, нашите пумпи се достапни со одобрение за вода за пиење (на пр., ACS, WRAS или UBA) за исполнување на најголемите стандарди за квалитет на вода за пиење. Со првокласни високопродуктивни пумпи и мотори со иновативна Ceram-облога, Wilo нуди совршено решение за барањата.

Како да постигнете максимална заштеда на енергија

За да можете како оператор значително да ја намалите потрошувачката на енергија со големи протоци и долги работни времиња, потребна ви е сигурна енергија и управување со водата. Wilo комбинира многубројни предности за вас.

Профитирајте од нашите модерни фреквентни конвертори, кои овозможуваат континуирано регулирање на број на вртежи на вашите Wilo бунарски пумпи. Резултатот е оптимална работа на пумпите на различни работни точки со максимална енергетска ефикасност. Поради флексибилна контрола, посакуваниот проток или потребниот притисок на вода е секогаш достапен.

Освен тоа, нашата иновативна Ceram-CT облога ви овозможува дополнително зголемување на ефикасноста на пумпата преку помала загуба на протокот.

Како безбедно да пумпате вода со корозивни и нагризувачки содржини

Климатските промени и недостатокот на вода налагаат решенија за екстракција на необработена вода во тешки услови кои зависат од локацијата. Можете секогаш да се потпирате на Wilo за лесна и сигурна екстракција за водоснабдување.

Кога се врши екстракција на вода од области со голема содржина на песок, на пример, во земјоделство, можете да верувате дека нашите цврсти пумпи ќе овозможат високо ниво на ефикасност долгорочно. Истото важи и за експлоатацијата на необработена вода во постројки за десалинација на морска вода, каде што нашите пумпи исто така може да издржат долгорочна употреба благодарение на изборот на материјали специфични за примената.

Користиме особено отпорни материјали, како Duplex или нашиот уникатен Wilo-Ceram за да ги исполниме вашите високи барања за вода со коризивни и абразивни компоненти. Сите материјали и облоги издржуваат агресивни медиуми и овозможуваат долгорочна работа на пумпата со постојан висок перформанс на пумпата. Нашите иновативни Ceram-CP облоги исто така штитат од таложење, како и затнување и со тоа се гарантира подолг работен век со пониски трошоци за одржување.

Ваша константа при променливи нивоа на вода и потреби

Секогаш имајте ја точната количина на вода со точен притисок за минимални енергетски трошоци. Со нашите енергетски ефикасни регулирачки пумпи, реагирате оптимално на променливите работни точки со променливата подземна вода или променливите потреби за вода. Со модерните компактни фреквентни конвертори и високо ефикасните мотори со траен магнет од Wilo, можете да достигнете максимална ефикасност дури и при променливи работни точки.

Дизајнирајте ја мрежата на утрешнината со дигиталните технологии од денешнината

Со Wilo добро сте подготвени за дигиталната ера бидејќи технологиите на иднината создаваат безбедност на инвестициите. Ја користиме сета наша експертиза и најновите технологии за вашиот напредок за да ве поддржиме. Тука се вклучени услугите прилагодени по ваша мерка, дигиталните единици за надгледување и најмодерните пумпи со регулиран број на вртежи. На овој начин можете да загарантирате безбедна работа на општинското водоснабдување и да создадете беспрекорно поврзување со технологијата за контрола на мрежата на вашиот град и општина.

Еден партнер за сите услуги: Wilo

Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo можете да загарантирате долгорочно и одржливо водоснабдување. Нашата анализа на трошоците за животен циклус (LCC-анализа) ви помага целосно да го искористите потенцијалот и ве поддржува при планирањето и димензионирањето. Со такви цврсти темели, можете да постигнете значителни заштеди во поглед на енергијата и работата. Планирајте ги пумпните системи оптимално за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно менувајте ги старите пумпи и префрлете се навремено на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.