Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Wilo-Rexa SUPRA | Wilo

Wilo-Rexa SUPRA

Транспортирајте ја отпадната вода ефикасно и економично. Со Wilo-DDI подготвени за вмрежување во дигитално управување со отпадни води.

Вашите предности
Wilo-Rexa SUPRA

Транспортирајте ја отпадната вода ефикасно и економично. Со Wilo-DDI подготвени за вмрежување во дигитално управување со отпадни води.

„Без разлика дали се работи за сирова отпадна вода или претходно третирана отпадна вода - потопните пумпи од серијата Wilo-Rexa SUPRA се развиени за различни потреби во современото управување со води.

Работното коло со слободно струење, едноканалното работно коло или повеќеканалното работно коло, Wilo-Rexa SUPRA секогаш нуди комбинација на заштита од блокирање и енергетска ефикасност. Ова го прави Rexa SUPRA идеален за безбеден и економичен транспорт на отпадна вода.

Во комбинација со опционално достапните мотори IE3 (базирани на IEC 60034-30-1), Wilo-Rexa SUPRA-M дополнително ги намалува работните трошоци.

Wilo-DDI може да се интегрира за да ги исполни барањата на дигиталното вмрежување. Wilo-Rexa SUPRA на тој начин ги нуди сите можности за модерно поврзување за комуникација и со тоа вистинско поедноставување на секојдневната работа.“

Препорачани сервисни услуги



Особености/предности на производот

  • Голема работна сигурност благодарение на хидрауличниот дизајн кој не е подложен на затнување и со ниски вибрации
  • Ниски работни трошоци благодарение на високата хидраулична ефикасност и опционалната моторна технологија IE3 (врз основа на IEC 60034-30-1)
  • Решенија приспособени за клиентите благодарение на многубројните опции за конфигурација
  • Долг работен век во абразивни и корозивни медиуми благодарение на различните Ceram-облоги
  • Едноставна интеграција во контролата на постројката и надгледување на пумпата со опционалниот Wilo-DDI:
    • Едноставно вмрежување преку Ethernet-интерфејс
    • Едноставна интеграција во постоечна контролна технологија преку употреба на стандардизирани протоколи
    • Заштеда на време и олеснување на работното секојдневие преку удобно надгледување од далечина на работната состојба и дигитални алатки, како натписна плочка, дневник за одржување и прирачник за корисници
Опис на серијата
Wilo-Rexa SUPRA-V

Изведба

Оваа потопна пумпа е дизајнирана за стационарно и преносливо суво поставување. Моторите се планирани за континуирана работа.

Течности

За спроведување течности во комерцијални услови:

  • Сирова отпадна вода
  • Отпадна вода со фекалии
  • Обработена отпадна вода
  • Нечиста вода (со мала количина песок и шљунак)

Опрема/функција

  • Цврста конструкција во изведба од леано железо.
  • Заптивна комора за собирање протекување од лизгачката механичка заптивка од медиумот.
  • Комора за протекување за собирање протекување од лизгачката механичка заптивка од моторот (во зависност од соодветниот мотор).
  • Уреди за надгледување зависни од моторот:
    • Температура на намотки со биметален сензор или PTC-сензор.
    • Надгледување на заптивање за заптивна комора, комора за протекување и просторија на моторот/комора на приклучоци.

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa SUPRA-M30-418A + T 34-6/50KEx-E3

Хидраулика:

Rexa SUPRA-M30-418A

Rexa

Потопна пумпа за отпадна вода

SUPRA

Серија

M

Вид на конструкција на работно коло:

  • V = работно коло со слободно струење
  • C = едноканално работно коло
  • M = повеќеканално работно коло

30

Номинален дијаметар на притисочна врска, на пример DN 300

41

Индикатор за моќност

8

Број на карактеристика

A

Изведба на материјал: Стандардна изведба

Мотор:

T 34-6/50KEx-E3

T

Модел на мотор:

  • T = мотор со пасивно ладење
  • FK/FKT = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење
  • HC = саморазладувачки мотор со активен, херметички разделен систем за ладење

34

Големина

6

Бр. на полови

50

x10 = должина на пакет во mm

K

Изведба на заптивањето:

  • H = заптивен прстен на вратило/лизгачка механичка заптивка
  • G = две одделни лизгачки механички заптивки
  • K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

Ex

Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM

E3

IE-класа на енергетска ефикасност на мотор (врз основа на IEC 60034-30)

  • E3 = IE3 (Premium-ефикасност)
  • E4 = IE4 (Super-Premium-ефикасност)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Работен режим во потопена состојба: Континуирана работа (S1)
  • Непотопен работен режим:
    • T-мотор: 15 минути карткотрајна работа (S2-15) или 30 минути краткотрајна работа (S2-30)
    • FK-/FKT-/HC-мотор: Континуирана работа (S1)
  • Вид на заштита: IP68 (трајно потопено)
  • Класа на изолација: H
  • Температура на медиум: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m (66 ft)

Материјали

  • Хидраулично куќиште: EN-GJL-250 (ASTM A48 класа 35/40B) или EN-GJS-500-7 (ASTM A536 70-50-05)
  • Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 класа 35/40B) или EN-GJS-500-7 (ASTM A536 70-50-05)
  • Куќиште на мотор: EN-GJL-250 (ASTM A48 класа 35/40B) или EN-GJS-500-7 (ASTM A536 70-50-05)
  • Заптивање:
    • Статичка: Нитрил (NBR)
    • Од страна на медиумот: SiC/SiC
    • Од страната на моторот: SiC/SiC или C/Cr
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик 1.4021 (AISI 420)

Конструкција

Хидраулика

Потисен приклучок со хоризонтално прирабничко поврзување. Максималната содржина на цврсти материи е 8 % за кола со слободно струење, едноканални и двоканални кола. За триканални и четириканални работни кола, максималната содржина на цврсти материи е 5 %. Достапни се следните типови работни кола:

  • Работно коло со слободно струење
  • Едноканално работно коло
  • Повеќеканално работно коло

T-мотор

Потопен мотор со пасивно ладење без систем за ладење за водено поставување. Вишокот на топлина од моторот се одведува преку деловите од куќиштето директно во медиумот. Самиот мотор е сув. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви. Во зависност од монтажната големината на моторот и моќноста на моторот, моторите може да се постават суви за краткотрајна работа.

FK-мотор

Потопен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. Системот за ладење е исполнет со бело масло со медицински квалитет и не е под притисок. Работно коло на вратилото на моторот овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.

FKT-мотор

Потопен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. Системот за ладење е опремен со затворен кружен систем за ладење. Разладното средство е мешавина од вода и гликол. Работно коло управувано од вратилото на моторот, овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Системот за ладење не е под притисок кога е ладен. Вграден вентил за прекумерен притисок го ограничува работниот притисок во системот за ладење на 3 bar (43 psi). Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.

HC-мотор

Потопен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. Системот за ладење е опремен со затворен и херметички изолиран кружен систем за ладење. Разладното средство е мешавина од вода и гликол. Работно коло со магнетен погон на вратилото на моторот овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Системот за ладење не е под притисок кога е ладен. Вграден вентил за прекумерен притисок го ограничува работниот притисок во системот за ладење на 3 bar (43 psi). Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.

Заптивање

Сите мотори имаат безбедна заптивна комора. Во оваа заптивна комора, сите протекувања се собираат со лизгачка механичка заптивка на транспортираниот медиум. Транспортираниот медиум и заптивањата од страната на моторот се достапни во следните изведби (зависно од типот на моторот):

  • Изведба H: Од страна на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
  • Изведба G: Две независни лизгачки механички заптивки
  • Изведба K: Касета блок-заптивки со две независни лизгачки механички заптивки

Работен материјал

Сите работни материјали се потенцијално биолошки разградливи и не се штетни за животната средина:

  • Бело масло со медицински квалитет
  • Мешавина на вода-гликол (35 % гликол и 65 % вода)

Класи за ефикасност на моторот (врз основа на IEC 60034-30)

Покрај норм-моторите, достапни се и IE3-мотори (Premium-ефикасност). IE3-моторите се дизајнирани на истата основа како и норм-моторите. Затоа, моторите се исти во однос на опремата и функцијата.

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Вградена опрема по нарачка
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Специјални напони
  • Транспортирани медиуми 60 °C (140 °F)
  • Уреди за надгледување зависни од моторот:
    • Надгледување на температура на намотки со PTC-сензор како надградба за мотори со биметални сензори
    • Надгледување на заптивањето во просторија на моторот/комора на приклучоци и заптивна комора
    • Надгледување на температурата на лежиште на мотор
    • Надгледување на вибрации
  • Ceram-облога за абразивни и корозивни медиуми
  • Digital Data Interface за податоци за лесна интеграција во контролните системи и системите за надгледување:
    • Ethernet-интерфејс за лесно поврзување
    • Лесна интеграција во постоечките контролни системи со ModBus/TCP или OPC UA
    • Заштедете драгоцено време и намалете го обемот на работа со нашето практично далечинско следење
  • Дозвола за експлозивни средини според
    • ATEX
    • FM
    • IECEx

Опрема

  • Уред за прикачување за стационарно водено поставување
  • Ногалки на пумпа за преносливо поставување
  • Ножно колено за стационарно суво поставување
  • Управување со нивото
  • Надворешна електрода за влажност за надгледување на заптивањето
  • Комплети за прицврстување со котва за поврзување
  • Опрема за подигнување
  • Приклучни табли и релеи
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086012
Издание 2019-10
Број на страници 60
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086012
Издание 2019-10
Број на страници 56
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo DDI-I

Број на производ 6086017
Издание 2023-06
Број на страници 112
Јазик mk
PDF (8 MB)

Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на страници 56
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на страници 52
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2: EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086014
Издание 2024-11
Број на страници 60
Јазик mk
PDF (5 MB)

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2: EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086014
Издание 2024-11
Број на страници 56
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на страници 56
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на страници 52
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на страници 68
Јазик mk
PDF (5 MB)

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на страници 64
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo DDI-I

Број на производ 6086017
Издание 2023-06
Број на страници 108
Јазик en
PDF (8 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo FK motor + EMU FA#Wilo FK motor + Rexa SUPRA

Број на производ 6074692
Издание 2021-07
Број на страници 60
Јазик Јазично неутрално
PDF (7 MB)

Wilo FKT motor + EMU FA#Wilo FKT motor + Rexa SUPRA#Wilo FKT motor + Rexa SOLID

Број на производ 6074691
Издание 2021-07
Број на страници 96
Јазик Јазично неутрално
PDF (9 MB)

Wilo T motor + EMU FA#Wilo T motor + Rexa SUPRA#Wilo T motor + Rexa SOLID

Број на производ 6072704
Издание 2021-07
Број на страници 116
Јазик Јазично неутрално
PDF (10 MB)

Брошура

Product information Wilo-EFC. Powerful, flexible, cost-efficient.

Број на страници 8
Јазик en
PDF (8 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (271 KB)

CE

CE 2211611-02

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (209 KB)

CE 2211612-02

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (209 KB)

CE 2211614-02

Број на страници 7
Јазик Јазично неутрално
PDF (250 KB)

CE 2211613-03

Број на страници 7
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)