Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
CC-HVAC-System 3x43A-T34-SD-FC-BM | Wilo

CC-HVAC-System 3x43A-T34-SD-FC-BM

Број на производ : 2527862
Технички податоци
Технички податоци
Мин. номинална струја I 37,6 A
Макс. номинална струја за секоја пумпа I 43 A
Излезен сигнал 0-10V
макс. номинална моќност P2 по мотор на пумпа P2 22 kW
Вид на заштита IP54
Режим на вклучување Ѕвезда-триаголник (SD)
Макс. број на пумпи што може да се управуваат 3
Управување Со фреквентен конвертор
Инсталација Инсталација на основната рамка
Материјали
Материјал на куќиште Челик
Материјал Челик
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ CC-HVAC-System 3x43A-T34-SD-FC-BM
Број на производ 2527862
EAN број 4016322941460
Боја сива
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2010-01-01
Амбалажа
Вид на пакување Еднонасочна палета
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1000 mm
Должина L 1000 mm
Мерка за висина со амбалажа 1900 mm
Висина H 1900 mm
Мерка за ширина со амбалажа 400 mm
Ширина W 1000 mm
Бруто тежина прибл. m 292 kg
Нето тежина прибл. m 258 kg
Опис

Wilo-Comfort Controller за дигитална, континуирана регулација на моќноста на една и повеќе пумпи при употреба во греење, климатазација и вентилација. За ковенционални пумпи со фиксен број на вртежи.

Електронски Comfort-Controller (CC) во куќишта од челичен лим (боја: сива), комплетно поврзан. Приклучна табла наменета за поврзување на трифазна струја 3/PE 400V/50 Hz според IEC 60038 (други напони на барање), се состои од внатрешен снабдувач со напон, CPU, помошна батерија (бафер-батерија), аналогни/дигитални модули, елемент со производна моќ со осигурувачи, заштитници, опрема за заштита на моторот како и конвертор на фреквенција и синусен филтер.

Екран на допир со целосна графичка подршка, со заднинско осветлување, во 3 бои, за сигнализација на работните состојби работа/грешка/квитирана грешка како и водење во менито поддржано со симболи и текст на 27 јазици, европски и азиски знаци. 3 кориснички нивоа, приказ, одн. поставување на јазик на менито, лозинки, работни параметри, бројач на работни часови (поединечен и вкупен број на работни часови), меморија на историјата на сигнализаторите за работа и грешки со приказ на точно време преку часовник, приказ на моментална состојба на пумпата и регулирани големини, моментален притисок, дијаграмска функција, главен преклопник, внатрешен изолациски прекинувач, Рачно-0-Автоматски на секоја пумпа. Избор на работен режим Рачно-искл-Автоматски на секоја пумпа преку панел на допир, безнапонски контакти за збирна сигнализација за работа и збирна сигнализација за грешка SBM/SSM (конвертори) како и за надворешни уреди- вклучување/исклучување (безнапонски отворачки контакт обезбедува клиентот), влез 0/4-20 mA за надворешно менување на саканата вредност.

Заштита од преоптоварување преку WSK, заштита на мотор преку прекинувач за заштита на мотор, од 5,5 kW термички релеј за преоптоварување.

Дигитални влезови за аларми, на пр. заштита од мраз (безнапонски отворачки контакт обезбедува клиентот), PID-регулатор, автоматска замена на пумпа и оптимизација на работно време кај повеќепумпните постројки. Автоматско приклучување на 1 до n пумпи за врвно оптоварување, зависно од следниве големини кои се програмабилни:

  • Притисок - константен, p-c
  • Диференцијален притисок - константен, dp-c
  • Диференцијален притисок - променлив, dp-v
  • Температурна плоча, n=f(T)
  • Контролор на брзина, n=f(аналогно In)
  • Регулирање на температура, T-c
  • Диференцијална температура - константна, dT
  • Диференцијална температура - променлива, dT-v
  • други начини за регулација на барање

Стандардно нагодување на три зададени вредности. Во случај на грешка автоматско префрлување на пумпата(ите) во мирување. Кратко пробно работење на пумпата(ите) при мирување, пилот-функција на пумпа. Можност за Live-Zero-оценување за надгледување на прекин на жиците (внесување на вредност на енкодер/зададена вредност), по избор:

  • Порака и целосно оптоварување на сите погони
  • Порака и исклучување на постројката
  • Порака и пумпа со број на вртежи кој се нагодува на конверторот на фреквенција

Доплата за дополнителни модоли (монтирани фабрички или по техничкиот прием):

  • за поврзување на GLT-системи според VDI 3814, преку Analog-/GSM-Modem, Web-Server
  • за поврзување на собирачки системи: Profibus, LON-Bus, CAN-Bus, Modbus RTU, Ethernet, друго на барање.
  • за надворешно регулирање на зададената вредност (ниво на диференцијален притисок) одн. регулациски режим преку 0/2 - 10 V-сигнали.
  • Релеј за проценка за PTC, сигнализација за индивидуална работа и грешки
  • Баферен мрежен дел
  • Мерење на електрични големини како напон, струја, ефективна моќност, фактор на моќност итн.

Нарачка-пример: Wilo CC-HVAC 6x11,0 FC BM: Приклучна табла за 6 пумпи со mit P2= 11,0 kW, со конвертор на фреквенција и синусен филтер (FC=Frequency Converter) изведен како разводен орман-стоечки уред.

Опсег на испорака

  • Разводен уред
  • Упатство за вградување и работа
  • Струјна шема
Технички податоци
Макс. број на пумпи што може да се управуваат 3
Фаза 3
Димензиониран напон U 380/400 V
Мрежна фреквенција f
  • 50 Hz
  • 60 Hz
Мин. номинална струја I 37,6 A
Макс. номинална струја за секоја пумпа I 43 A
Режим на вклучување Ѕвезда-триаголник (SD)
Вид на заштита IP54
Мин. температура на околина 0 °C
Макс. температура на околина 40 °C
Управување Со фреквентен конвертор
Инсталација Инсталација на основната рамка
Материјал на куќиште Челик
Должина L 1000 mm
Ширина W 1000 mm
Висина H 1900 mm
Тежина 258 kg
Производ Wilo
Арт.-бр. 2527862
Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (271 KB)

UN38.3

Преглед на тест за литиумска батерија/UN38.3

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (179 KB)
Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Пуштање во работа
Пуштање во работа на приклучни табли за греење и климатизација
    

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Одржување
BASIC одржување на приклучни табли за греење и климатизација
    

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка на достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Планирањето и организацијата ги врши Wilo. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
COMFORT одржување на приклучни табли за греење и климатизација
    

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на приклучни табли за греење и климатизација
    

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за приклучни табли H&AC
    

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со приклучни табли за греење и климатизација
    

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Инсталација
Инсталација на приклучни табли за греење и климатизација
    

Сервисот на Wilo нуди инсталација на нашите пумпи или пумпни системи. Ние нудиме End-to-End процес, од собирање информации на лице место до инсталирање на нашиот производ во објектот. Оптималната поставка за инсталација и интеракцијата на различни индивидуални фактори ја поставуваат основата за долгорочна безбедност при работа.

Инсталирањето вклучува:

  • Стручна инспекција
  • Обезбедување на компоненти/материјали од Wilo и трети понудувачи
  • Инсталација на цевковод и електрика
  • Пробно работење
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројките со приклучни табли за греење и климатизација
    

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions за приклучни табли за греење и климатизација
    

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на приклучни табли за греење и климатизација
    

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис