IR-монитор
Изведба
Опрема/функција
Погоден за индустриска примена, поради робустно, отпорно на удари пластично куќиште и отпорниот на гребење екран. Во испораката е вклучена и футрола за носење, која дава дополнителна заштита при паѓање и удар.
- 2 алкални батерии (1,5 V, AA) за снабдување со напон,
- EEPROM за меѓумеморија на податоци
- Отпор на вибрации според DIN EN 60068-2-6.
- Екран (50 x 50 mm) со вклучување осветление на позадината.
- Агол на отворање IR-Peilung 15°, максимално растојание на испраќање/примање од 8m.
- Автоматска комуникациска монтажа без адресирање на пумпата.
- Траење на погонот прибл. 24 часа вклучен и осветлен
Примена
- Далечинско управување со инфрацрвен интерфејс за електронски регулирани Wilo-пумпи
- Инструмент/алатка за пуштање во работа и дијагностика
- Проширување на функции на пумпа
- Уред за контрола на насоката на вртење за сите видови пумпни мотори и норм-мотори
Опрема/функција
Главно мени
Главното мени на IR-мониторот е поделено на 6 функциски менија:
Мени 1: „Комуникација“
Ова мени управува со автоматското воспоставување на врската помеѓу IR-мониторот и пумпата. Тука е можно и обраќањето до одделните пумпи во рамките на една пумпна група ≤ 1000 W.
Мени 2: „Прикази“
Тука може да се прочитаат системски податоци, на пр., електрични и хидраулични актуелни вредности, работната состојба, работниот режим, сигнализација на грешка.
Заради подобра прегледност, на приказот се прави разлика помеѓу „Единечна пумпа“ и „Двојна пумпа“.
Мени 3: „Ракување“
Во ова мени, податоците може да се прикажат (актуелната зададена вредност) и да се променат, на пр. управувачка функција, зададена вредност, пумпа ON/OFF, исклучување на панелот за рачно управување на пумпата (пумпа ON/OFF, Ext. Aus и SSM се сѐ уште активни).
Мени 4: „Статистика“
Менито за статистика нуди прегледен хистограм на хидрауличната моќност (Волуменски проток Q), заради зdанализа на работните периоди. На тој начин се гледа оптоварувањето на худрауличниот систем во текот на дефиниран период на работа. Во ова мени се чуваат и податоците за работните часови и работните податоци.
Мени 5: „Сервис“
Во сервисното мени, корисникот има можност за отворена дијагноза на грешки, статистика на грешки, функционален тест на пумпата, IR-мониторот и серискиот дигитален интерфејс, како и проверка на насоката на вртење и мерење на фрекфенцијата на вртливото поле.
Последните две можности можат да се користат кај сите конвенционални пумпи без IR-интерфејс.
Мени 6: „Приспособување“
Изборот на јазик, контрастот и времето на исклучување, промената и активирањето на лична лозинка, се можности кои служат за прилагодување на IR-мониторот на индивидуалните потреби.
Технички податоци
NO VALUE