Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Wilo-DrainLift SANI CUT-S | Wilo

Wilo-DrainLift SANI CUT-S

Најмалата и најлесната единечна пумпна постројка со алат за сечење за едносемејни и двосемејни куќи.

Вашите предности
Wilo-DrainLift SANI CUT-S со неповратен вентил

Најмалата и најлесната единечна пумпна постројка со алат за сечење за едносемејни и двосемејни куќи.

Компактната единечна пумпна постројка Wilo-DrainLift SANI CUT-S е најмалата и најлесна постројка за одведување на отпадна вода според EN 12050-1 и затоа идеална е за примена во едносемејни и двосемејни домови.

Wilo-DrainLift SANI CUT-S нуди високо ниво на безбедност при работа благодарение на големиот волумен за вклучување и алатот за сечење со ефект на двојно стрижење.

Со приливите и компактните димензии коишто слободно се избираат, Wilo-DrainLift SANI CUT-S може да се инсталира флексибилно и незабележано во инсталација пред ѕид. Тоа прави да е идеална за замена на постари постојни системи за одведување на отпадна вода.

Лесно применливата конструкција со провиден капак прави одржувањето да е особено едноставно.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Наједноставна инсталација, дури и со инсталација пред ѕидот и исклучително едноставен транспорт благодарение на лесната компактна изведба која заштедува простор 
  • Безбедност при работа благодарение на големиот волумен за вклучување, пумпата со радијален алат за сечење со ефект на двојно стрижење, со термичка заштита на моторот и аларм којшто не зависи од електричната мрежа
  • Оптимизирана комбинација на хидраулика/алат за сечење за широко покривање на напорите со најниски барања за моќност за домашни електрични инсталации
  • Ниски вкупни трошоци за инсталација со примена на најмали можни цевки
  • Дизајнот отпорен на корозија со техничка пластика и не’рѓосувачки челик за висока сигурност
  • Слободно бирање приклучоци за максимална монтажна флексибилност
  • Едноставно одржување и чистење благодарение на провидниот капак на резервоар и отвор за чистење

Еколошки својства

  • Избрани материјали за гаранција на долг и сигурен работен век на производството, со рециклирани пластични материи што делумно се дури и биолошки разградливи
  • Модуларна изведба со намален вариетет на компоненти што лесно се заменуваат, за уште подолг работен век на производството
  • Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Опис на серијата
DrainLift SANI CUT-S

Изведба

Компактен, подготвен за приклучување, целосно преплавлив систем за одведување на отпадна вода со единечна пумпа со хидраулика за алат за сечење за транспорт на отпадна вода што содржи фекалии.

Примена

Како систем за одведување на отпадна вода на надземна инсталација или инсталација пред ѕидот во згради или за подземна инсталација во пумпните шахти:

  • Ако отпадната вода не може да се испушти директно во канализацијата преку природен пад
  • За одводнување заштитено од повратен тек, кога точката на истекување е под нивото на повратниот притисок

Течности

За собирање и транспорт на овие медиуми во комерцијалните зони:

  • Отпадна вода со фекалии
  • Отпадна вода без фекалии

Пренесување отпадна вода според 12050

Системот за одведување на отпадна вода е во согласност со стандардот DIN EN 12050-1.

Опрема/функција

  • Приклучна табла со аларм и сигнализација на збирна грешка
  • Подготвена за вклучување
  • Резервоар со ревизиски отвор и провиден капак
  • Аналогно мерење на ниво
  • Неповратен вентил
  • Термичко надгледување на моторот со биметален сензор

Означување на типот

Пример:

DrainLift SANI CUT-S.27/T540/1-CEE

DrainLift

Фамилија на производи

SANI CUT

Постројка за одведување на отпадна вода со алат за сечење

S

Големина

27

Макс. напор во m кај Q = 0

T

Приклучување на мрежа:

  • M = 1~
  • T = 3~

540

Електрична големина:

  • 5 = 50 Hz
  • 6 = 60 Hz
  • 23 = 230 V
  • 38 = 380 V
  • 40 = 400 V

1

Изведба на мотор и приклучна табла:

  • 1 = Начин на работа: S3, приклучна табла: Control MS-L

CEE

Утикач:

  • EF = утикач со заштитен контакт (CEE 7/7)
  • G = G-тип (UK)
  • I = I-тип (AU, NZ, ZH)
  • CEE = различни CEE-приклучници со префрлување на фазите (16 A/32 A, 3-пински; 32 A, 1-пински)
  • O = без утикач

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz; 3~400 V, 50 Hz
  • Начин на работа: S3 10%
  • Температура на медиум: 3…40 °C (37 … 104 °F), макс. 65 °C (149 °F), 5 минути
  • Макс. температура на околина: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
  • Зафатнина на резервоар: 21 литри (5 галони)
  • Макс. корисен волумен во резервоарот според приливна висина: 11 литри l (2 галони) (180 mm*)
  • Потисен приклучок: DN 32/40, PN 6; 40 mm, PN 6
  • Приливен приклучок: DN/OD 110; DN/OD 90
  • Приклучок за обезвоздушување: DN/OD 50
  • Вид на заштита на систем за одведување на отпадна вода: IP68 (2 mWs/7 d)
  • Вид на заштита на приклучна табла: IP54
  • Ниво на бучава: 70 dB(A)

Материјали

  • Куќиште на мотор: 1.4404 (AISI 316L)
  • Хидраулика: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
  • Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
  • Алат за сечење: 1.4528/59 HRC (AISI 440B+Co)
  • Резервоар: PE
  • Неповратен вентил: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)

Конструкција

Собирен сад непропустлив за гас и вода:

  • Накосено дно
  • Ревизиски отвор со проѕирен капак
  • Слободен избор на приливи во прикажаните области
  • Мерење на нивото преку сигнал за аналоген излез преку Reed-прекинувач и две точки на прекинување.

Пумпа со сецкалка:

  • Монтажа директно на собирен сад
  • Мотор со површинско ладење (ладење со воздух) и термичко надгледување на моторот
  • Потисен приклучок со монтиран неповратен вентил

Поврзана приклучна табла за автоматска работа:

Wilo-Control MS-L

  • Сигнализација на збирна грешка преку безнапонски контакт
  • Вграден аларм со безнапонски контакт
  • Времето за престанување со рабоа по исклучувањето може да се нагодува
  • Кабел за поврзување 1,5 m со претходно монтиран утикач (изведбата „O“ се испорачува без утикач)

Опсег на испорака

  • Целосно преплавлив систем за одведување на отпадна вода со алат за сечење, приклучна табла и кабел за поврзување со утикач (изведбата „O“ се испорачува без утикач!)
  • Приклучок за цевка DN/OD 40
  • HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за обезвоздушување
  • HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за празнење
  • Прилив со прободна кружна пила 124 mm (5 цоли) и заптивање за HT-цевка DN/OD 110
  • Комплет за прицврстување на под
  • Подлога за звучна изолација
  • Акумулатор 9 V
  • Упатство за вградување и работа
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-DrainLift SANI CUT-S

Број на производ 6094307
Издание 2024-12
Број на страници 28
Јазик en
PDF (7 MB)

Wilo-Control MS-L

Број на производ 2552612
Издание 2023-08
Број на страници 40
Јазик en
PDF (7 MB)

Wilo-Control MS-L

Број на производ 2552612
Издание 2023-08
Број на страници 44
Јазик mk
PDF (7 MB)

Упатство за употреба (дигитално)

Wilo-DrainLift SANI CUT-S

Број на производ 6094307
Издание 2024-12
Јазик cs, de, el, en, es, fr, hu, it, nl, no, pl, ro, sv, tr, uk, zh
HTML (169 MB)

Брошура

Simply secure in sewage transport

Број на страници 12
Јазик en
PDF (26 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (271 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 2
Мрежен утикач
Приклучување на мрежа
Опис на производ Работен режим за секоја пумпа Мрежен утикач Приклучување на мрежа Број на производ
DrainLift SANI CUT-S.20/M523/1-EF
S3-10%
CEE7/7 (Шуко)
1~230 V, 50 Hz
6095513
DrainLift SANI CUT-S.20/T540/1-CEE
S3-10%
CEE 16A, 3P+N+PE, 6h
3~400 V, 50 Hz
6095514