Wilo-FLA-2
Wilo-FLA 2 Helix V 3604
FLA
Изведба
Постројка за зголемување на притисокот за противпожарни системи со посредно приклучување во согласност со DIN 14462:2012.
Со 2 вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во изведба со сув ротор
Примена
Автоматско водоснабдување за противпожарни системи со ѕиден хидрант од типот „F“ во станбени, деловни и јавни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во канцелариски и индустриски објекти
Опрема/функција
- 2 пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 или MVI 70, опремени со мотори IE2
- Автоматско управување со пумпи преку уред за ракување FLA
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
- Цевковод од племенит челик 1.4301
- Погонски топчест вентил или прстенест зтворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Придушен вентил од не’рѓосувачки челик 1.4571 од притисочната страна на секоја пумпа
- Притисочен прекинувач, од притисочната страна
- Манометар, од притисочната страна
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, поставен на притисочната страна
- Опрема: Атмосферски проветрен акумулационен раезервоар во согласност со DIN 14462:2012 со слободно истекување во согласност со EN 13077, тип AB во согласност со DIN EN 1717
Означување на типот
Пример: | Wilo- FLA – 2 Helix V 2204 PN10 |
FLA | Постројка за гасење пожар |
2 | Број на пумпи |
Helix V | Серија на пумпи |
22 | Номинален проток [m3/h] |
04 | Број на степени на пумпата |
PN10 | Регулирање на притисок до 10 бари (зависно од типот на пумпата) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
- Температура на медиум макс. 50 °C
- Работен притисок 10 или 16 бара
- Приливен притисок од акумулационен резервоар < 1 бар
- Номинален приклучен дијаметар од притисочната страна R 2" - DN 125
- Номинален приклучен дијаметар од вшмукателната страна Rp 2"- DN 125
- Степен на заштита, уред за ракување IP 54
Материјали
- Ротор, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- 1.4404 заштитен муф на вратило
- Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
- Цевковод од племенит челик 1.4301
Конструкција
- Основна рамка: Произведена од галвански поцинкуван челик и опремена со придушувачи на осцилации со висинско поместување, за опсежна изолација од вибрационата бучава; други изведби на барање
- Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на FLA- системот за зголемување на притисокот
- Пумпи: Пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 и MVI 70; сите делови на оваа пумпа кои се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/EN-GJL-250 KTL-облога. Дополнителни информации за пумпата се наведени во делот од каталогот „Високопритисна центрифугална пумпа“
- Арматури: На секоја пумпа, на неповратниот вентил постои иглест вентил од 1.4571, за враќање на протокот за бајпас до предрезервоарот. Сите вентили и арматури се запечатени и обезбедени од неовластено менување на поставките. Пумпите се опремени со автоматски вентил за обезвоздушување на горната страна на хидрауликата.
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна. Заради ревизија и проверка, опремен со специјална проточна арматура, која го овозможува затворањето и празнењето на мембранскиот притисочен сад
- Притисочен прекинувач: Притисочен прекинувач, поставен од крајната притисочна страна, за активирање на централниот регулатор на постројката за гасење пожар
- Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на работниот притисок и на параметрите за нагодување во регулаторот на постројката за гасење пожар
- Управувачки уред/регулатор: Постројката е опремена со специфичен регулатор на постројката за гасење пожар во стандардна изведба
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Амбалажа
- Упатство за вградување и работа