Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Технологија на ладење | Wilo

Технологија на ладење

Дигитализација на пумпите: совршено интегрирани и далечински оптимизирани

Технологија на ладење

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
Номинален притисок, од притисочната страна
Приклучок за цевка од притисочната страна
Начин на приклучување
Прирабничко позиционирање
Број на пребарувања: 60
НОВО
НОВО

Дигитализацијата на пумпите и пумпните системи нуди интелигентни опции за климатизација и ладење на големи објекти за да се зголеми профитабилноста, транспарентноста и одржливоста во еднаква мера. Wilo овозможува системски решенија за поврзување. Предност: решенијата на Wilo овозможуваат и многу едноставна интеграција на пумпите во нов и постоечки систем за управување со зграда како и за паметна анализа и управување преку далечински пристап

Како оператор или управник на објект, може да ги контролирате и регулирате Wilo пумпите на интегриран начин

Греењето, ладењето, климатизацијата и системската електроника – денес вашиот имот е целосно автоматизиран буквално од темел до покрив. Современата зградна техника ви нуди оптимален комфор и одржливо ги намалува вашите работни трошоци. Истовремено и сложеноста се зголемува.

Нашето решение: пумпите како „интелигентни“ погони и сензори може да водат евиденција на вашите работни податоци за електриката и хидрауликата, коишто потоа можете лесно и едноставно да ги контролирате и регулирате на ниво на автоматизација. Тука се вклучени меѓудругото притисокот, протокот, влезната моќност, потрошувачата на електрична енергија и бројот на рботни часови, но и можните грешки.

Wilo овозможува најразлични интерфејси за интеграција на пумпите

За беспрекорна интеграција на нашите пумпни системи во постоечка зградна автоматика, Wilo им овозможува на проектантите и изведувачите голем број на аналогни и дигитални интерфејси. За интеграција на лице место може да ги приклучите интерфејс-модулите за комуникација („CIF“) директно во пумпата, воспоставувајќи така комуникација со вообичаените собирнички системи. Во најновите генерации на паметни пумпи Stratos MAXO и Stratos GIGA2.0 вградена е нова генерација на модул Wilo-CIF-модул за Ethernet, со кој може да ја имплементирате комуникацијата со Ethernet со различни протоколи како, како BACnet IP и Modbus TCP.

Постигнете максимална енергетска ефикасност преку целосно оптимизиран систем

Иако оптимизирањето на ефикасноста на пумпата е речиси технички исцрпено, главниот фокус на новите генерации пумпи е во оптимизирање на целосниот пумпен систем. Кај Stratos GIGA2.0, се потпираме на интеракцијата на моторот IE5 EC и докажаната пумпна хидраулика и поврзаноста со иновативните контролни функции. Тука се вклучени Dynamic Adapt plus, Multi-Flow Adaptation или T-const. Токму таа совршено усогласена интеракција ви овозможува оптимизација на енергетската ефикасност на комплетниот пумпен систем.

Практично вмрежување и управување за максимална безбедност при работа

Wilo-Smart Connect ја формира генералната Wilo комуникациска платформа за ваш пристап до постоечките и идните Wilo пумпи и пумпни системи. Овозможува локално подесување и ракување преку мобилен уред преку Bluetooth, како и можности за далечински пристап и управување со повеќе пумпи благодарение на вмрежување преку Wilo Net. Тоа што ви треба е само апликацијата Wilo-Assistant и функцијата Smart Connect.

Иновативни функции за регулација – едноставно подесување за вас како специјалист

Можностите за подесување на техничките производи постојано се зголемуваат и понекогаш се премногу конфузни за корисниците. Така е и со пумпите. Wilo се справи со оваа тематика многу рано и разви концепт на работа лесен за разбирање со нашата „технологија на зелено копче“. Работната филозофија се карактеризира со уникатна едноставност: наместо комплицирана процедура, ограничено е само на вртење и притискање на зелено контролно копче. Модерната технологија може да биде толку едноставна и интуитивна.

Мноштвото можни употреби на пумпите – почнувајќи од снабдувањето на таванско и подно греење до бројните контролни функции и можности за подесување на различните параметри – со себе носи огромна сложеност. Тоа може да значи дека при пуштање во работа заради заштеда на време се користи најчесто само фабричкото подесување. Но, тоа ќе ви даде огромна предност во поглед на ефикасноста.

Затоа создадовме систем на менија за вас како специјалист со асистентот за подесување на Wilo за да можете да ги оптимизирате пумпите индивидуално според примената. Ви го дава подесувањето чекор по чекор на голем екран во боја и ве придружува до самиот крај на подесувањето. И тука се користи вообичаеното вртење и притискање на заленото копче за движење низ менијата.

Примери за примена во ладењето

  • Работата на постројките за повратно ладење може, на пример, да се обезбеди со контролните функции за „постојан проток“, кои може лесно да се постават со асистентот за подесување.
  • За безбедна работа на ладењето и климатизацијата, може да се поврзат две пумпи за работа како двојна пумпа. Една од двете е секогаш активна. Ако едната пумпа е во дефект, се испраќа порака преку системот за управување со зграда и ладењето и климатизацијата безбедно продолжуваат преку другата пумпа.
  • За ладење на големи простории, како хали, Wilo нуди можност за високо ефикасни пумпи директно поврзани со сензор за собна температура со кои се поставува посакуваната температура на просторијата. Пумпата функционира според посакуваната температура.
  • За таванско ладење важно е доводната температура да биде над точката на росење за да се избегне кондензација на цевководот и таванот. За обезбедување на безбедна температура на доводот, високо ефикасните пумпи од Wilo може да се регулираат на посакувана температура. За таа цел се поврзува температурен сензор директно на пумпата.
  • За да се покријат потребите за ладење, Wilo може да направи поврзување на напојните пумпи со секундарните пумпи на разделникот. Со помош на Multi-Flow Adaptation може е да се испорача потребниот волуменски проток за да се постигне оптимална енергетска ефикасност во процесот.

Bluetooth – идеално за пуштање во работа при просторни ограничувања и за подоцнежна оптимизација

Просторно ограничената инсталација честопати не е добра за инсталациите каде што е потребен поголем простор за извршување на подесувањето и оптимизациите. За сите тие случаи каде што тешко се пристапува и прегледува екранот, Wilo создаде Bluetooth модул кој ви дава опција за дигитален пристап до пумпата преку вашиот паметен телефон. Модулот служи како интерфејс помеѓу апликацијата Wilo-Assistant и пумпата. Тоа значи дека може да ја користите функцијата Smart Connect на вашиот паметен телефон за да ја подесувате и отчитувате пумпата, на пример, за да создавате извештаи за пуштање во работа.

Пренос на податоци во реално време за управување и надгледување на пумпата

Wilo-Smart Gateway е врската помеѓу пумпата и Wilo-Smart Cloud за далечинско следење и управување на пумпи преку мобилни уреди. За далечински пристап Wilo-Smart Connect, Wilo-Smart Gateway ги пренесува работните податоци и сигналите на управување до Wilo пумпите на Wilo-Smart Cloud во реално време преку интернет. Како оператор, управник на објект или специјалист, можете исто така да ги надгледувате и контролирате пумпите од вашето биро.

Како обучен специјалист, користете го Wilo за да ги добиете сите современи решенија

Системот за ладење на објектот е еден од најсуштинските во техниката на објектите. Пумпите се компоненти од целокупниот систем и ја поддржуваат ефикасноста.

Со нашите циркулациони пумпи ви нудиме решенија за користење во сите области на примена. Тука се вклучени примарните и секундарните кругови, како кулите за ладење, геотермиката, пасивното ладење и станиците за централно ладење.

Со Wilo ги создавате најдобрите услови за одржување на квалитетот на вода

Во затворените системи за ладење подготовката на водата е суштинска за да се спречи контаминација со штетни бактерии, корозија и наслаги на бигор. Таквите проблеми може да предизвикаат не само непријатна бучава во цевките и топлинските изменувачи, туку и загуба на енергија. Несоодветната изведба и безбедност на системот може да резултираат со предвремена замена на постројката или нејзините компоненти.

Со системите за квалитет на водата на Wilo се погрижувате за постојано одржување на притисокот, обезвоздушување и повторно напојување во затворените постројки за греење (според EN 12828) и системите за ладење.

Производите што ги препорачуваме користат докажани и иновативни технологии за отстранување на воздухот и цврстите честички од водата, односно со користење на коалесценција и редуцирање на проточната брзина. Нашите серии на постројки за одржување на притисокот, уреди за автоматско отстранување гасови, отстранувачи на нечистотии и воздух и автоматски обезвоздушувачи ви нудат најефикасно решение.

Еден партнер, сите услуги: Wilo

Како проектант и оператор, може да извлечете придобивка од опфатната поддршка во сите фази од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа и одржување. Заедно со Wilo ќе се обезбеди долгорочно одржлива климатизација и ладење во иднината. Максимално искористете го потенцијалот и дозволете нашата анализа на трошоците за животните циклуси (LLC анализа) да ви помогне во планирањето и димензионирањето. Врз оваа добра основа постигнете значителна заштеда на енергетските и работните трошоци. Дизајнирајте ги пумпните системи совршено за неколку работни точки при различен број на вртежи. Проактивно заменете ги старите пумпи за да се префрлите на ефикасен систем во поглед на енергијата и трошоците.