Претрага
Контакт
Е-Маил
Kreiranje kataloga
Моји фаворити
Upoređivanje proizvoda
COR-3 MVI 7006/CC RBI-PN25 | Wilo
Слично на сликата

COR-3 MVI 7006/CC RBI-PN25

Број на производ : 2945523
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок p inl 10 bar
Максимален работен притисок PN 25 bar
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 200
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 200
Број на пумпи 3
Број на резервни пумпи 1
Број на работни пумпи 2
Број на пумпи Q 200 m³/h
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 50 °C
Мин. температура на околината Tmin 5 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Толеранција на напон ±10 %
Номинална моќност на мотор P2 37 kW
Номинална струја IN 61,6 A
Номинален број на вртежи n 2960 1/min
Класа на изолација F
Вид на заштита IP55
Ефикасност на мотор ηm 50 % ηM 50% 93,8 %
Ефикасност на мотор ηm 75 % ηM 75% 94,2 %
Ефикасност на мотор ηm 100 % ηM 100% 93,7 %
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Вратило Не’рѓосувачки челик
Механичка заптивка U3BE3GG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Не’рѓосувачки челик

Comfort CO-/COR-Helix V.../CC

Се прикажуваат примери на постројки. Положбата на разводната кутија зависи од висината на пумпата.

Опрема (треба посебно да се порача): Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода

Површина за поставување: рамна и хоризонтална

Место за поставување: суво, проветрено и заштитено од мраз


Comfort CO-/COR-MVI.../CC

Се прикажуваат примери на постројки. Положбата на разводната кутија зависи од висината на пумпата.

Опрема (треба посебно да се порача): Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода

Површина за поставување: рамна и хоризонтална

Место за поставување: суво, проветрено и заштитено од мраз

Димензии H 1900 mm
Димензии H1 268 mm
Димензии L1 500 mm
Димензии P 1690 mm
Димензии P1 1340 mm
Димензии P3 650 mm
Димензии H3 128 mm
Димензии HP 1846 mm
Димензии HS 1900 mm
Димензии LS 1800 mm
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 200
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd PN 25
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 200
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs PN 16
Димензии L 1500 mm
Димензии TS 500 mm
Димензии X 261 mm

Helix FIRST V

Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ COR-3 MVI 7006/CC RBI-PN25
Број на производ 2945523
EAN број -
Боја зелена/црна/сребро
Достапност на пазарот 2022-01-01
Амбалажа
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 4000 mm
Должина L 3300 mm
Мерка за висина со амбалажа 2100 mm
Висина H 1900 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1720 mm
Ширина W 1690 mm
Бруто тежина прибл. m 1933 kg
Нето тежина прибл. m 1911 kg
Опис

Компактна постројка за зголемување на притисокот за непосредно или посредно поврзување. Составена од нормално вшмукувачки, паралелно поврзани, вертикални високопритисочни центрифугални пумпи во изведба со сув ротор. Подготвена за приклучување, со цевковод од не‘рѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за мерење и регулирање.

За автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и административни згради, хотели, болници, како и во индустриските системи.

За транспорт на потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гасење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.

Особености/предности на производот

  • Пумпи од серијата Multivert MVI во комбинација со норм-мотори IE2 IEC (од 0,75 kW)
  • Механичка заптивка на пумпите, независна од насоката на вртење
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Уредот за управување Comfort/контролниот уред CC-FC со проширени функции, програмабилно управување со микрокомпјутер и сензорски екран со целосна графичка поддршка, заедно со фреквентен конвертор за континуирана регулација на основната пумпа
  • Фабрички нагодена проверка за претходно поставување на оптималното работно подрачје (вкл. фабрички нагоден протокол за проверка)

Опрема/функција

  • Високопритисочни центрифугални пумпи од серијата Multivert MVI
  • Основна рамка од електролитно поцинкуван челик, опремена со придушувачи на осцилации, со висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, заедно со проточна арматура според DIN 4807, од притисочната страна
  • Сензор за притисок (4-20 mA), од притисочната страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Автоматско управување на пумпите преку целосно електронски

Comfort-Controller (CC-FC) во куќиште од челичен лим, со структура RAL 7035, вид на заштита IP54, составен од внатрешно снабдување со контролен напон, CPU, фреквентен конвертор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули.

Ракување/приказ

  • Екран на допир со висока резолуција и во боја, за сигнализација на работните состојби работа/грешка/квитирана грешка и водење во менито поддржано со симболи и текст на осум јазици
  • Водење во менито со јасен текст и прикажување симболи
  • Детални упатства на екранот и помош
  • Помошник за пуштање во работа
  • Снимање податоци со извезување во CSV формат
  • 3 кориснички нивоа, приказ, одн. нагодување на јазикот на менито, работните параметри, параметрите за регулирање
  • Фабрички поставени параметри за лесно пуштање во работа
  • Стандардна можност за поставување три зададени вредности, зададените вредности 2 и 3 се активираат по контакт или по време, надворешно нагодување зададена вредност преку сигнал од 0/4-20 mA
  • Приказ на статусот на пумпата и на актуелната вредност на притисокот
  • Главен прекинувач со заклучување
  • Достапна работа со или без резервна пумпа
  • Бројач на работни часови по пумпа
  • Бројач на работните часови за целата постројка
  • Бројач на циклуси на префрлување по пумпа
  • Бројач на циклуси на префрлување за целата постројка
  • Регистар за последните 35 пречки, со приказ на времето преку часовник за точно време

Регулација

  • Автоматска регулација за 1 до 6 нерегулирани пумпи со помош на споредување на зададената и актуелната вредност
  • Фреквентен конвертор со синусен филтер за континуирана регулација на основната пумпа
  • Дневен часовник за префрлување, на пр. за втора или трета зададена вредност
  • Автоматско приклучување на 1 до n пумпи за врвно оптоварување, зависно од оптоварувањето и од контролната варијабла притисок – константен, p-c
  • Слободен избор на работен режим на пумпа (Рачно – Искл – Автоматски)
  • Прекинувач „Рачно–0–Автоматски“: Претходен избор на начинот на работа на секоја пумпа и рачен режим при регулација во случај на пречка „Рачно“ (ургентна/пробна работа на мрежа, со заштита на мотор), „O“ (пумпа исклучена – не е можно приклучување преку управувањето) и „Автоматски“ (пумпата добива дозвола за автоматска работа преку управувањето)
  • Автоматско подесување за замена на пумпите
  • Замена на пумпа со оптимизација на времето на работење преку работни часови
    • Алтернативно: Циклична замена на пумпи по поставено време, без оглед на работните часови
    • Алтернативно преку импулс: Кај секое ново барање се заменува основната пумпа, без оглед на работните часови
    • Алтернативно со претходен избор на пумпите: Притоа може да се дефинира една пумпа како постојана основна пумпа. Сите пумпи за врвно оптоварување се заменуваат временски оптимизирано
  • Автоматска, програмабилна пробна работа на пумпата (ударно стартување на пумпата)
    • Може да се активира/деактивира
    • Слободно програмирање на времето помеѓу две пробни работи
  • Слободно програмирање на времето на исклучување
  • Слободно нагодување на бројот на вртежите

Надгледување

  • Издавање на актуелна вредност на постројката и актуелната фреквенција на фреквентниот конвертор преку аналоген сигнал 0-10 волти, при можност за надворешно мерење/прикажување, при што 10 волти одговараат на крајната вредност на сензорот
  • Надгледување на прекин на жиците на линијата на сензорот
  • Заштитен прекинувач на моторот/заштитна комбинација на моторот (од 5,5 kW термички релеи за преоптоварување)
  • Автоматско префрлување на резервна пумпа при пречка на некоја од работните пумпи
  • Надгледување на макс. и мин. вредности на постројката со времиња што може да се програмираат и ограничувања на одложеното застанување
  • Надгледување на макс. и мин. вредности на постројката со програмабилно време на одложеното застанување
  • Тест на нула количина, за исклучување на постројката кога нема трошење вода (параметрите се дефинираат)
  • Функција за полнење празни цевки (прво полнење на потрошувачката мрежа)
  • Заштита од недостаток на вода преку контакт, на пр. за пливачки или притисочен прекинувач

Интерфејси

  • Безнапонски контакти за сигнализација за збирна работа и сигнализација на збирна грешка SBM/SSM
  • Можна е регулација на логично враќање SBM и SSM
  • Контакти за вклучување/исклучување на екстерни постројки и за заштита од недостаток на вода
  • Екстерно вкл./искл. преку контакт за деактивација на автоматската работа на постројката
  • Влезови за приклучување заштитен контакт на намотка (WSK)
  • ModBus TCP
  • Далечински пристап преку VNC

Изборна дополнителна опрема (монтирана фабрички или по техничкиот прием)

  • Конвертор на сигналот од 0/2-10V на 0/4-20 mA
  • Релеи за проценка за PTC-заштита на мотор
  • Сигнализација за единечна работа и за грешка
  • DDC-модул за управување (екстерна замена на пумпите, екстерна пробна работа на пумпите, екстерно ресетирање, екстерно приклучување/исклучување на пумпите за врвно оптоварување)
  • Баферен мрежен дел
  • Редундантен сензор
  • Меко стартување за пумпи за врвно оптоварување
  • Поврзување на зградните контролни системи во согласност со VDI 3814

Препорачана опрема (треба посебно да се порача)

  • Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода
  • Флексибилни приклучни водови или компензатори
  • Акумулационен резервоар за системско одвојување
  • Мембрански притисочен сад
  • Навојни капи кај постројки со навоен собирен цевковод

Собирнички системи (изборно)

  • BACnet, ProfiBus, LON-Bus, CAN-Bus, Modbus RTU, Web-Server (Ethernet), GSM-модем
  • Можно е далечинско пренесување податоци преку GPRS модем

Дополнителни системи на барање

Задржани стандарди

  • Мембрански притисочни садови/експанзиони садови DIN 4807
  • Опрема на високонапонски системи со електронски работен материјал според EN 50178
  • Електрична опрема на машини по EN 60204-1
  • Безбедност на електричните апарати за употреба во домаќинствата и слична намена по EN 60335-1
  • Комбинации на нисконапонски расклопни уреди по EN 60439-1/61439-1
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на пречки за индустријална област според EN 61000-6-2
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбена област, продавници и комерцијална област, како и во малите погони според EN 61000-6-3 (до 22,0 kW, оттаму според EN 61000-6-4 за емитување пречки во индустријална област)
Работни податоци
Број на пумпи 3
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 5 °C
Максимален работен притисок PN 25 bar
Приливен притисок p inl 10 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 37 kW
Номинална струја IN 61,6 A
Номинален број на вртежи n 2960 1/min
Класа на енергетска ефикасност на мотор IE3
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP55
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило U3BE3GG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Не’рѓосувачки челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 200
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 200
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ COR-3 MVI 7006/CC RBI-PN25
Нето тежина прибл. m 1911 kg
Број на производ 2945523
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Economy, Wilo-Comfort, -Comfort-N, Wilo-Vario

Број на производ 2063145
Издание 1007
Број на страници 1
Јазик en, mk, sr, uk
ZIP (45 MB)

Wilo-Multivert MVI 16../32../52../70../95..

Број на производ 2040502
Издание 1606
Број на страници 14
Јазик en
PDF (1 MB)

Wilo-MultiVert MVI 16../32../52../70../95..

Број на производ 2040502
Издание 1606
Број на страници 1
Јазик bg, cs, da, el, en, es, et, fi, hr, hu, lt, lv, mk, nl, no, pl, pt, sk, sl, sr, sv, tr, uk
ZIP (7 MB)

Wilo-Control CC-Booster (CC, CC-FC, CCe)

Број на производ 2552577
Издание 2020-12
Број на страници 26
Јазик en
PDF (2 MB)

Wilo-MultiVert MVI 16../32../52../70../95..

Број на производ 2040502
Издание 1606
Број на страници 17
Јазик en
PDF (961 KB)

Wilo-Comfort CO(R) .. MVI .../ .. MVIS .../ .. Helix V .../.. Helix VE ...

Број на производ 2535456
Издание 2021-09
Број на страници 40
Јазик en
PDF (6 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)