Претрага
Контакт
Е-Маил
Kreiranje kataloga
Моји фаворити
Upoređivanje proizvoda
CronoTwin-DL 125/220-7,5/4-S1 | Wilo
Слично на сликата

CronoTwin-DL 125/220-7,5/4-S1

Број на производ : 2171390
Технички податоци
Податоци за мотор
Намотка на мотор до 3 kW -
Намотка на мотор од 4 kW -

DL

II приклучок за мерење притисок R1/8; III обезвоздушување R1/8

Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ CronoTwin-DL 125/220-7,5/4-S1
Број на производ 2171390
EAN број 4048482720371
Боја Зелена
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2013-03-01
Амбалажа
Вид на пакување Еднонасочна палета
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1200 mm
Должина L 887 mm
Мерка за висина со амбалажа 778 mm
Висина H 620 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1200 mm
Ширина W 894 mm
Бруто тежина прибл. m 391 kg
Нето тежина прибл. m 349 kg
Опис

Inline-двојна пумпа со две едностепени центрифугални пумпи со сув ротор во заедничко куќиште со преклопен вентил, за инсталација на цевки или поставување на темел. Слепа прирабница за куќиште и конзоли со доплата. Моноблок изведба со намалени осцилации и бучава, со латерна и цврсто поврзан стандарден прирабнички мотор (норм-мотор). Со механичка заптивка со присилно прелевање, независна од насоката на вртење и работно коло што ја намалува кавитацијата. Прирабници со приклучоци за мерење притисок R 1/8. Куќиштето на пумпата и латерната се катодно електро-боени.

Во стандардна изведба мотори со технологија IE3. Пумпи со мотори ≥ 5,5 kW користат PTC-термисторски сензор како заштита на моторот во стандардна изведба.

Кутијата со приклучоци на моторот ≤ 7,5 kW може да е од метал или пластика. Ако не е возможна друга освен метална кутија со приклучоци, нарачајте ја соодветната специјална верзија. Кутиите со приклучоци на моторт > 7,5 kW се секогаш од метал.

Работни податоци
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ CronoTwin-DL 125/220-7,5/4-S1
Нето тежина прибл. m 349 kg
Број на производ 2171390
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Wilo-CronoLine-IL Wilo-CronoTwin-DL Wilo-CronoBloc-BL

Број на производ 2202024
Издание 2018-07
Број на страници 128
Јазик de, en, fr, nl
PDF (12 MB)

Водич за проектирање

Glanded pumps, single-stage, single-volute

Број на производ Wilo515021
Издание 2021-12
Број на страници 24
Јазик en
PDF (7 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (327 KB)
Опрема

Континуирана регулација зависно од диференцијалниот притисок на постројката CC-HVAC (26)

Континуирана регулација во зависност од температурата на постројката CC-HVAC (22)

Континуирана регулација зависно од диференцијалниот притисок на постројката SC-HVAC (33)

Континуирана регулација зависно од температурата на постројката SC-HVAC (27)

Монтажа на ѕид/основа (1)

Одржување/замена (1)

Управување на пумпа (2)

Управување со пумпи/опрема (31)

Управување со пумпи/Comfort-систем за регулација (4)

Управување со пумпи/Smart-систем за регулација (16)

Регистрирање на диференцијален притисок (5)

Заштита на мотор (2)

Услуги

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Поддршка за проекти
Поддршка за проекти со пумпи со сув ротор
    
2219321

Wilo обезбедува поддршка во фазата на планирање за да обезбеди квалитет и економичност. Нашиот компетентен и квалификуван сервис Wilo ќе ве поддржува со препораки и технички совети во текот на целото времетраење на проектот.

Поддршката на проектот ги вклучува следните услуги:

  • Редовни посети на локацијата за да се осигура квалитетот на информациите и советите
  • Технички совети, достапни и на локација
  • Извештај за состојбата со препораки по посетата
  • Обемна поддршка за планирање од експерт на Wilo
Пуштање во работа
Пуштање во работа на пумпа со сув ротор
    
2219391

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Одржување
BASIC одржување на пумпи со сув ротор
    
2219531

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка на достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Планирањето и организацијата ги врши Wilo. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
COMFORT одржување на пумпи со сув ротор
    
2219493

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на пумпи со сув ротор
    
2219546

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за пумпи со сув ротор
    
2219590

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на пумпи со сув ротор
    
2219251

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Energy Solutions
Energy Solutions за пумпи со сув ротор
    
2219240

Сервисот на Wilo нуди проактивна поддршка за планирање за да се утврдат можните заштеди на енергија. Нашиот сервис создава преглед на инсталираните пумпи или постројки за да покаже како може да се намали потрошувачката на енергија. Ние нудиме таргетирани консултации и анализи, вклучително и интеграција на систем за транспорт, како и обемна поддршка во планирањето при префрлување на технологии со висока ефикасност. Wilo-Energy Solutions ги вклучува следните услуги:

  • Детална проценка на трошоците во животните циклуси (LCC-анализа)
  • Енергетска ревизија вклучувајќи информации за потенцијалот за заштеда на енергија
  • Проактивна препорака за опции за замена
  • Подобрување на еколошката рамнотежа на вашата постројка
  • Поддршка во планирање при префрлување на високоефикасни пумпи на Wilo
Поправка
Поправка на пумпи со сув ротор
    
2219610

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис