SiBoost Smart FC 3 Helix V3606 RBI
Податоци за хидраулика | |
---|---|
Приливен притисок p inl | 10 bar |
Максимален работен притисок PN | 16 bar |
Број на пумпи | 3 |
Мин. температура на медиум Tmin | 3 °C |
Макс. температура на медиум Tmax | 50 °C |
Мин. температура на околината Tmin | 5 °C |
Макс. температура на околината Tmax | 40 °C |
Податоци за мотор | |
---|---|
Приклучување на мрежа | 3~400 V, 50 Hz |
Номинална моќност на мотор P2 | 18,5 kW |
Номинална струја IN | 32,8 A |
Фактор на моќност cos φ100 | 0,89 |
Номинален број на вртежи n | 2900 1/min |
Режим на вклучување | Ѕвезда-триаголник (SD) |
Вид на заштита на мотор | IP55 |
Класа на заштита на расклопен уред | IP54 |
Материјали | |
---|---|
Куќиште на пумпа | Сиво леано железо |
Работно коло | Не’рѓосувачки челик |
Вратило | Не’рѓосувачки челик |
Материјал на заптивање | EPDM |
Материјал на цевковод | Не’рѓосувачки челик |
Димензии на инсталација | |
---|---|
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs | DN 125 |
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd | DN 125 |
SiBoost Smart Helix V
Се прикажуваат примери на постројки.
Опрема (треба посебно да се порача): Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода
Површина за поставување: рамна и хоризонтална
Место за поставување: суво, проветрено и заштитено од мраз
За олеснето одржување се препорачува работно поле од 1 m околу постројката.
Димензии H | 1900 mm |
Димензии H1 | 230 mm |
Димензии H2 | 380 mm |
Монтажна должина L0 | 250 mm |
Димензии P | 1305 mm |
Димензии P1 | 1057 mm |
Димензии P3 | 500 mm |
Димензии P4 | 0 mm |
Димензии P5 | 1197 mm |
Димензии Ø g | 302 mm |
Димензии H3 | 125 mm |
Димензии HP | 1533 mm |
Димензии HS | 1900 mm |
Димензии LS | 1000 mm |
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd | DN 125 |
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd | PN 16 |
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs | DN 125 |
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs | PN 10 |
Димензии L | 1580 mm |
Димензии L1 | 500 mm |
Димензии TS | 400 mm |
Димензии X | 1500 mm |
Smart Controller SC, Υ-Δ вклучување
Податоци за производ | |
---|---|
Производ | Wilo |
Опис на производ | SiBoost Smart FC 3 Helix V3606 RBI |
Број на производ | 2948226 |
EAN број | - |
Боја | зелена/црна/сребро |
Достапност на пазарот | 2022-01-01 |
Амбалажа | |
---|---|
Карактеристики на пакување | Транспортна амбалажа |
Димензии и тежина | |
---|---|
Мерка за должина со амбалажа | 2800 mm |
Должина L | 2580 mm |
Мерка за висина со амбалажа | 2045 mm |
Висина H | 1900 mm |
Мерка за ширина со амбалажа | 1400 mm |
Ширина W | 1305 mm |
Бруто тежина прибл. m | 1080 kg |
Нето тежина прибл. m | 1019 kg |
Компактна постројка за зголемување на притисокот во согласност со DIN 1988 и DIN EN 806, за непосредно или посредно поврзување. Составена од нормалновшмукувачки, паралелно поврзани, вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, во сува изведба. Подготвена за приклучување, со цевковод од не‘рѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за мерење и регулирање.
За автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, како и во индустриските системи.
За транспорт на вода за пиење, потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.
Особености / предности на производот
- Робусен систем во согласност со сите барања на DIN 1988 (EN 806)
- WRAS/ KTW/ ACS-одобрение на пумпите за сите делови во контакт со медиумот (верзија EPDM)
- Високо ефикасна хидраулика на пумпа од серијата Helix V со IE3-норм мотор, заклучно 0,75 kW и поголем (опционално за помала моќност на мотор)
- Механичка заптивка на пумпите, независна од насоката на вртење, во патронска изведба за едноставно одржување
- Флексибилниот дизајн на латерна овозможува директен пристап до механичката заптивка
- Спојка за проширување, за замена на механичката заптивка без расклопување на моторот (над 7,5 kW)
- Хидраулика со оптимизирано опаѓање на притисок на целиот систем
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Comfort контролен уред ЅС-FC, максимален квалитет на регулација ЛЦД екран на база на симболи, едноставна навигација со прегледно мени и технологија-црвено-копче за дефинирање на параметрите, заедно со континуирана регулација на пумпата за основно оптоварување
- Фабричка проверка за претходно поставување на оптималното работно подрачје (заедно со потврда за прием во согласност со EN10204 - 3.1)
Опрема/функција
- Центрифугални пумпи од не‘рѓосувачки челик, од серијата Helix V
- Основна рамна од електролитно поцинкуван челик, опремена со придушувачи на вибрации, со висинско поместување, за изолација на структуралната бучава
- Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, заедно со проточна арматура според DIN 4807, притисочна страна
- Сензор за притисок (4-20 mA), притисочна страна
- Манометар, притисочна страна
- Автоматско управување со пумпите преку електронски
Smart-Controller (ЅС-FC) во куќиште од челичен лим, вид заштита IP 54, составен од внатрешно снабдување со контролен напон, микропроцесор со Soft-PLC, ФК, аналогни и дигитални влезови и излези.
За олеснето одржување се препорачува работно поле од 1m околу постројката.
Ракување/приказ
- ЛЦ-дисплеј (со осветлена позадина) за прикажување на работните режими, параметрите на регулаторот, работните состојби на пумпите, сигнализација за грешки и меморија за историјата
- Водење во менито преку симболи и броеви
- Светлечки диоди за приказ на инсталацијата (работа/пречка)
- Фабрички поставени параметри за лесно пуштање во работа
- Дефинирање на работните параметри и потврда на сигнализација за грешки преку технологијата црвено копче
- Главен прекинувач со заклучување
- Достапно преку службата за односи со корисниците за работа со или без резервна пумпа
- Бројач на работни часови по пумпа и за целата постројка
- Бројач на циклуси на префрлување по пумпа и за целата постројка
- Меморија за последните 16 пречки
Регулација
- Автоматска регулација за 1 до 4 нерегулирани пумпи со помош на споредување на зададената и актуелната вредност
- Фреквентен конвертор со синусен филтер за континуирано регулирање на основната пумпа
- Префрлање на инсталација, може да се активира втора зададена вредност по контакт
- Екстерно дефинирање на зададената вредност преку сигнал од 4…20 mA
- Автоматско приклучување на 1 до n пумпи за врвно оптоварување, зависно од оптоварувањето и од контролната варијабла притисок - константен, p-c
- Контактори за приклучување пумпи, кај верзијата SD заедно со термички активатори за комбинацијата ѕвезда триаголник
- Можен избор на 2 комплета параметри, лесно мени (зададена вредност и контролен режим) или експертско мени (работни и контролни параметри)
- Слободен избор на работен режим на пумпа (Рачно – Искл – Автоматски)
- Автоматска замена на пумпите, со можност за регулација
- Стандардни поставки: импулс - кај секое ново барање се заменува основната пумпа, без оглед на работните часови
- Алтернативно: замена на пумпите по работни часови, циклична замена на основна пумпа по програмабилен број на работни часови
- Автоматска, програмабилна пробна работа на пумпата (ударно стартување на пумпата)
- Може да се активира/деактивира
- Слободно програмирање на времето помеѓу две пробни работи
- Слободно програмирање на времето на исклучување
- Слободно регулирање на бројот на вртежите
Надгледување
- Издавање на зададената вредност на системот преку аналоген сигнал 0-10 волти, при можност за надворешно мерење/прикажување, при што 10 волти одговараат на крајната вредност на сензорот
- 4-20mA сензорски сигнал (надгледување на прекин на жиците на линијата на давачот) за актуелна вредност на контролните величини
- Осигурување на моторите кај верзијата DOL: со помош на заштитна склопка на мотор, кај верзијата SD: топлив осигурувач во комбинација со термички активатори
- Автоматско префрлување на резервна пумпа при пречка на некоја од работните пумпи
- Надгледување на макс. и мин. вредности на системот со програмабилни времиња и ограничувања на одложеното застанување
- Тест за нулто количество, за исклучување на инсталацијата кога нема трошење вода (параметрите се дефинираат)
- Функција за полнење празни цевки (прво полнење на корисничката мрежа)
- Заштита од недостаток на вода преку контакт, на пр. за пливачки или притисочен прекинувач
Интерфејси
- Суви контакти за збирна сигнализација за работа и збирна сигнализација за грешка SBM/SSM
- Можна е регулација на логично враќање SBM и SSM
- Контакти за екстерно вкл/искл, недостаток на вода и втора зададена вредност
- Екстерно вкл/искл преку контакт за исклучување на автоматскиот режим на инсталацијата
Изборна дополнителна опрема (монтирана фабрички или по техничкиот прием)
- Прекинувач „Рачно–0–Автоматски“: Претходен избор на режимот на работа на секоја пумпа и рачен режим при регулација во случај на пречка „Рачно“ (ургентна / пробна работа на мрежа, со заштита на мотор), „O“ (пумпа исклучена - не е можно приклучување преку управувањето) и „Автоматски“ (пумпата добива дозвола за автоматска работа преку управувањето)
- Релеи за проценка за PTC-заштита на мотор
- Поединечна сигнализација за работа и за грешка, сигнализација за недостиг од вода
- Конвертор на сигналот од 0/ 2-10V на 0/ 4-20mA
- Меко стартување за пумпи за врвно оптоварување
- Поврзување на GLT-системи во согласност со VDI 3814
Препорачана опрема (треба посебно да се порача)
- Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода
- Флексибилни приклучни водови или компензатори
- Предрезервоар за системско одвојување
- Мембрански притисочен сад
- Навојни капи кај системи со навоен собирен цевковод
Собирнички системи (изборно)
- BACnet, LON-Bus, Modbus RTU
Задржани стандарди
- Технички правила за инсталации за вода за пиење (TRWI) DIN 1988 (EN806)
- Мембрански притисочни садови/ експанзиони садови DIN 4807
- Опрема на високонапонски системи со електронски материјали по EN 50178
- Електрична опрема на машини по EN 60204-1
- Безбедност на електричните апарати за употреба во домаќинствата и слична намена по EN 60335-1
- Комбинации на нисконапонски расклопни уреди по EN 60439-1/ 61439-1
- Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја по EN 61000-6-2
- ЕМК емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони EN 61000-6-3 (до 9,0 kW, оттаму EN 61000-6-4 емитување пречки во индустриско подрачје)
Работни податоци | |
---|---|
Број на пумпи | 3 |
температура на медиум T | 3 °C |
температура на околината T | 5 °C |
Максимален работен притисок PN | 16 bar |
Приливен притисок p inl | 10 bar |
Податоци за мотор | |
---|---|
Приклучување на мрежа | 3~400 V, 50 Hz |
Номинална моќност на мотор P2 | 18,5 kW |
Номинална струја IN | 32,8 A |
Номинален број на вртежи n | 2900 1/min |
Класа на енергетска ефикасност на мотор | IE3 |
Класа на изолација | F |
Вид на заштита на мотор | IP55 |
Класа на заштита на расклопен уред | IP54 |
Материјали | |
---|---|
Куќиште на пумпа | Сиво леано железо |
Работно коло | Не’рѓосувачки челик |
Вратило | Не’рѓосувачки челик |
Заптивање на вратило | Q1BE3GG |
Материјал на заптивање | EPDM |
Материјал на цевковод | Не’рѓосувачки челик |
Димензии на инсталација | |
---|---|
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs | DN 125 |
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd | DN 125 |
Информации за нарачувања | |
---|---|
Производ | Wilo |
Опис на производ | SiBoost Smart FC 3 Helix V3606 RBI |
Нето тежина прибл. m | 1019 kg |
Број на производ | 2948226 |