Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Греење | Wilo

Греење

Wilo циркулациона пумпа за греење и санитарна тола вода: максимален комфор, минимални енергетски трошоци

Греење

Изберете под-апликација од апликацијата Греење во рамките на сегментот Едносемејни и двосемејни куќи.

Сигурното снабдување топла вода за греење и санитарна топла вода во куќи за едно и повеќе семејства често се зема здраво за готово. Но, модерната технологија е потребна за да функционира долготрајно. Wilo нуди високо ефикасни и трајни пумпи кои се крајно пригодни и штедат електрична енергија во споредба со нерегулираните пумпи.

Како сопственик на дом, уживајте во комфор и квалитетен живот

Правилната собна температура и топлата вода кога ја пуштате чешмата се важни предуслови за да се чувствувате целосно опуштено во вашиот дом. Снабдувањето со топлина и санитарна топла вода според потребите поставува високи барања од циркулационите пумпи во поглед на енергетската ефикасност и зачувување на ресурсите. Со модерните пумпни системи на Wilo, како сопственик на домот добивате сигурни и комфорни решенија за греење и санитарна топла вода.

На тој начин, секоја ваша просторија станува зона каде што ќе се чувствувате добро и каде што вашата клима е заштитена

Греењето е срцето на секој дом – било да се во прашање класични грејни тела или подно греење, дали преку соларна термика или геотермика, нашите високоефикасни пумпи ќе ја претворат секоја ваша просторија во комфорна зона. Треба да се нагласи дека нашите пумпи за греење се карактеризираат со ниска потрошувачка на енергија дури и при континуирана работа во ладните месеци од годината, при што се намалуваат емисиите на CO2, помагајќи да се заштити климата.

Затоа специјалистите за продажба ги препорачуваат нашите циркулациони пумпи за грејните системи

Како специјалист, може да се потпрете на нашите долготрајни високоефикасни Wilo пумпи. Благодарение на максималната ефикасност, нашите нови системи трошат помалку електрична енергија од постарите инсталации. Ги исполнуваат, а понекогаш и ги надминуваат барањата што произлегуваат од насоките на ErP за енергетска ефикасност на циркулационите пумпи.

Радувајте се на веднаш достапната топла вода и заштедете скапоцена вода за пиење

Недостатокот од циркулација или предолгото растојание помеѓу резервоарот за топла вода и славината може да предизвика задоцнување на топлата вода со посакуваната температура. Додека да дојде топлата вода, неколку литри вода за пиење истекуваат во канализацијата. Тоа не само што е непријатно, туку и неекономично во поглед на трошењето на скапоцената вода за пиење. Затоа, може да биде корисна инсталацијата на циркулациона пумпа.

Како специјалист, вие сте на сигурно со Wilo циркулационите пумпи

Нашите Wilo циркулациони пумпи се направени така што, во согласност со важечките регулативи за вода за пиење, секогаш ќе вршат снабдување со санитарна топла вода која одговара за пиење и е беспрекорно хигиенска. Со нашите интелигентни технологии и употребените материјали, вие како специјалист овозможувате непосредно и хигиенско снабдување со топла вода. Со тоа не само што се заштедува енергија, туку и се спречува непотребно трошење на реткиот ресурс, како што е водата за пиење. Производите што ги нудиме се лесни за инсталација, користење и не бараат одржување за време на нивниот долг работен век.

Професионални совети и инсталација

Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори која пумпа е соодветна за вашите потреби. Работиме само со обучени специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.