Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Санитарна топла вода | Wilo

Санитарна топла вода

Санитарна топла вода: со циркулациони пумпи на сигурната страна

Санитарна топла вода

Технологија
Клучен збор
Регулација на пумпата
Начин на приклучување
Број на пребарувања: 8

Директно, топлата вода при туширање или на славина не значи само поголем комфор, туку и ја намалува потрошувачката на вода и така ја штити околината.

За безбедно и хигиенско снабдување со санитарна топла вода во едно- и повеќе-фамилијарни куќи, Wilo нуди ефикасни циркулациони пумпи кои благодарение на ефикасните можности за контрола се користат лесно и штедат пари во споредба со другите решенија.

Комфор со топла вода кој ви одговара вам како сопственик на дом

Водата е најважниот ресурс во светот и храна која подлежи на најголемите стандарди кога се работи за квалитет. Околу 70 проценти од водата што се користи за пиење е подземна или изворска. Бидејќи потрошувачката по жител и по ден постојано се зголемува, одржливата употреба на водата за пиење е особено важна.

Тоа се однесува и на производството на вода, нејзиниот транспорт и третман, но пред сѐ на технологијата за греење и дистрибуирање вода за пиење.

Избегнувајте непотребни и скапи загуби на водата за пиење

Недостатокот од циркулација или предолгото растојание помеѓу резервоарот за топла вода и славината може да предизвика задоцнување на температурата на топлата вода. Во меѓувреме, неколку литри вода за пиење завршуваат неискористени во одводот. Утринското туширање не е само неудобно, туку и води кон непотребно трошење на вреден ресурс, како што е водата за пиење – а со тоа се зголемуваат трошоците.

Ако водата се задржува во цевките, вашето здравје се загрозува

Меѓутоа, здравствениот аспект е уште посериозен ако водата не циркулира во цевководот. Кога водата мирува, патогените може многу брзо да се размножат. Особено опасна е Легионелата, којашто се вдишува преку испарување и може да предизвика сериозни респираторни нарушувања. Циркулационите Wilo пумпи се идеалното решение за ова. Го зголемуваат вашиот комфор, помагаат да се намалат трошоците и го штитат здравјето на вашето семејство.

Како искусен специјалист, користете совршени хигиенски решенија со нашите циркулациони пумпи

Се препорачува употреба на циркулациона пумпа за да се намали непотребното трошење на водата за пиење и истовремено да се задржи беспрекорната хигиена на водата. Така се спречува формирање штетни патогени ако вие како специјалист извршите соодветно подесување. Пропишано е пумпата да смее да се исклучува само максимум 8 часа во 24-часовен период. Тоа може да се обезбеди со помош на регулација на генераторот на топлина или преку временски прекинувач со автоматско вклучување/исклучување.

Препорачаната температура на регулација кај малите постројки е 60 °C. А да се гарантира хигиената на водата за пиење во постројката за складирање чиста вода, треба редовно да се затоплува санитарната топла вода, односно да се врши термичка дезинфекција. Некои од нашите циркулациони пумпи го препознаваат ова зголемување на температурата и автоматски се префрлуваат на режим за термичка дезинфекција за да се осигури хигиената во целиот цевковод, а не само во резервоарот.

За работа без проблеми, потпрете се на квалитетот од Wilo

Со нашите циркулациони Wilo пумпи, вие како специјалист ги исполнувате највисоките стандарди на квалитет кога ја користите водата како храна. Нашите најсовремени пумпни системи овозможуваат ефикасна работа без проблеми и се особено енергетски ефикасни. Опсегот на услуги за вас се протега од пумпи регулирани од генараторот на топлина до саморегулирачки пумпи со интегриран временски прекинувач и прегледни контролни елементи.

Професионално советување за правилна инсталација за вода за пиење

За беспрекорниот квалитет на водата до вашата домашна инсталација се грижи претпријатието за водоснабдување. Меѓутоа, како сопственик на дом, вие сте одговорни за квалитетот на водата од точката на предавање. За да се постигне ова и со цел усогласување со пропишаните гранични вредности, многу е важен изборот и начинот на инсталација на цевките и инсталираните пумпи.

Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори која пумпа е соодветна за вашите потреби. Работиме само со обучени специјалисти. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување.