Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Водоснабдување и зголемување на притисокот | Wilo

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Дигитално управувани пумпи за оптимален притисок и висока ефикасност

Водоснабдување и зголемување на притисокот

Технологија
Тип на пумпа (број)
Клучен збор
Изведба
Регулација на пумпата
Број на пребарувања: 36
НОВО

Нашите високо ефикасни и трајно сигурни пумпни системи гарантираат транспорт на вода за третман без проблеми. Зависно од вашите барања, водата или се пумпа за повратно плакнење или притисокот се зголемува.

Точните и правилни пумпни системи за дистрибуција и зголемување на притисокот

Дистрибуцијата на водата до точката на користење е уште една примена за која може да се потпрете на нашето многугодишно искуство. Зависно од барањата за обработка, достапни се класични стандардни пумпи и пумпи со аксијално поделено куќиште, пумпи со притисочна обвивка или регулирани постројки со константен или варијабилен притисок. Сите наши пумпи и постројки се карактеризираат со цврста и високо ефикасна конструкција, како и долг работен век и ниски работни трошоци. Имате придобивки од опфатен избор на материјали за пумпи и опции за заптивање за вашата примена. Освен тоа, нудиме различни облоги за натамошно зголемување на ефикасноста или заштита од заглавување. Зборувајте со нашите експерти за правилен избор на пумпи кои ги исполнуваат вашите индивидуални барања.

За добро да се искористи секоја капка вода, водата мора да биде во правилна количина и со правилен притисок. Ова е единствениот начин да се загарантира дека процесот ќе се одвива беспрекорно и дека уредите за надгледување може да овозможат точна дијагноза.

Нашите напредни производи имаат примена секаде каде што треба да се пренесуваат големи количини на вода со правилен притисок и каде што сигурноста и постојаната ефикасност се задолжителни.

За одржлива и високо ефикасна дистрибуција на вода насочена кон иднината

Целта на водоснабдувањето е сигурен и хигиенски транспорт на вода за пиење на секој што му е потребна. Меѓутоа, тоа зависи и од намалувањето на енергетската потрошувачка и работните трошоци, како и од зголемувањето на задоволството на корисниците.

Со пумпни системи, системи за зголемување на притисокот и дигитализираните единици за регулација од Wilo, комуналните служби добиваат индивидуални решенија кои опфаќаат целосен опсег на проток на волумен. Wilo нуди пумпни станици за мрежи за снабдување кои бараат високи стапки на проток. Освен тоа, можеме да покриеме и средни и ниски протоци, како и различни зони на притисок. Операторите и консултантите може да се потпираат на Wilo како искусен и професионален партнер. Заедно со нашите корисници, развиваме приспособени оптимизирани решенија на систем.

Максимална ефикасност, совршено приспособена на индивидуалните потреби

Како добавувач, може да ги минимизирате вашите енергетски трошоци за дистрибуција на вода и зголемување на притисокот. Wilo ви нуди уникатни системи за иднината и високо ефикасна хидраулика и мотори. Тоа ви овозможува да постигнете најдобра можна вкупна ефикасност.

Високо ефикасните пумпни и контролни системи на Wilo се соодветни за високи протоци помеѓу изворот и мрежата на снабдување. Нашите иновативни пумпи со аксијално поделено куќиште или нашите модерни стандардни пумпи се особено соодветни за пумпање големи количини на вода во примарната мрежа на снабдување.

Со нашите системи за зголемување на притисокот можете да постигнете пониски проточни стапки помеѓу мрежите на снабдување и зоните на крајни корисници. Така Wilo ви ги нуди сите компоненти на системот за енергетски ефикасен одржлив систем за водоснабдување.

Заштитете ја мрежата за снабдување од протекувања

Избегнете економски загуби и можни штети предизвикани од протекувањата од вашиот цевковод. Протекувањата се појавуваат меѓудругото од преголем притисок на цевководот. Со Wilo добивате управување со притисокот прилагодено по мерка и според потребите. На тој начин можете да ги користите пумпните системи со варијабилен број на вртежи и благодарение на соодветната контрола, автоматски го дава оптималниот притисок на вода во секое време.

Користете ги предностите на нашите пумпи со аксијално поделено куќиште со ниски вредности на NPSH во комбинација со еден од нашите фреквентни конвертори со голема моќност. Ова е вашето идеално решение за транспорт на големи количини вода од изворот до дистрибутивната мрежа. За мрежата на крајните корисници со помали протоци, ви нудиме и разни системи за зголемување на притисокот со променлив број на вртежи.

Интелигентна дигитализација на вашето водоснабдување

Дигитализацијата во водоснабдувањето ви отвора целосно нови перспективи во поглед на оптимизацијата, ефикасноста и транспарентноста. Важно е да имате единствен систем со складни интерфејси. Пумпите на Wilo може беспрекорно да се интегрираат во вашите постоечки платформи за регулација. За таа цел, нашите системи и контроли се опремени со собирнички систем кој е точно приспособен на вашите барања.

Долгорочна употреба, помалку одржување

Знаете од искуство дека вашите пумпи мора да функционираат трајно и безбедно под екстремни оптоварувања. Истовремено мора да работат со најниски можни енергетски трошоци. Одлучете се за Wilo и добијте највисоко ниво на безбедност при работа и енергетска ефикасност. Освен тоа, нашите пумпи се дизајнирани да бидат екстремно лесни за одржување. Така се намалуваат времињата на неактивност при одржување и сервисирање на минимум.

Сите сертификати за одобрение за вода за пиење

Да веруваш е добро, да си сертифициран е уште подобро. На тој начин Wilo пумпните системи ги исполнуваат сертификатите и декларациите што ви се потребни за одобрение за вода за пиење. Меѓу другите тука се вклучени ACS, UBA и DVGW W270.

Еден партнер за сите услуги: Wilo

Ние сме на вашата страна и целосно ве поддржуваме во сите фази од проектот – од планирање и димензионирање, до пуштање во работа и одржување. Обезбедете го вашето одржливо водоснабдување за иднината со Wilo. Користете ја нашата интегрирана палета на совети, услуги и системски решенија и остварете додадена вредност. Со Wilo ја зголемувате вашата конкурентност. Ајде заедно да постигнеме нови пазарни успеси.