Wilo-Helix VE
Високопритисна центрифугална пумпа ориентирана кон заштеда на енергија и во зависност од потребите за големи згради и други области на примена.
Високопритисна центрифугална пумпа ориентирана кон заштеда на енергија и во зависност од потребите за големи згради и други области на примена.
Wilo-Helix VE е повеќестепена вертикална високопритисна центрифугална пумпа со варијабилен број на вртежи за употреба со ладна вода во големи згради и други области на примена. Пумпата се состои од погон со IE5-EC-мотор, интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење и пет разни режими на управување. Резултатот е висока енергетска ефикасност во отворени и затворени постројки.
Докажаната хидраулика на пумпата изработена од не’рѓосувачки челик како и интегрираните заштитни функции како што е препознавање сув од нудат висока доверливост. Лесната интеграција во зградната автоматика е можна благодарение на аналогните и дигиталните интерфејси, како и IF-модулите.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Висока енергетска ефикасност благодарение на IE5 EC-моторот и пет интегрирани режими на управување (dp-v, dp-c, p-c, n-const, PID)
- Голема работна сигурност благодарение на различните функции, како препознавање сув од
- Соодветно за температури на околината до 50 °C
- Едноставно ракување благодарение на технологијата на зелено копче
- Голема цврстина благодарение на докажаната хидраулика на пумпата изработена од нерѓосувачки челик
- Подготвена за интеграција во зградна автоматика преку аналогни и дигитални интерфејси, како и IF-модули
Изведба
Високо ефикасна, нормално вшмукувачка високопритисна центрифугална пумпа во вертикална изведба со Inline-приклучоци. Опремена со електронски регулиран EC-мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2
Примена
- Водоснабдување и зголемување на притисокот
- Индустриски циркулациони постројки
- Процесна вода
- Затворени ладни кружни текови
- Постројки за гасење пожар
- Постројки за перење
- Наводнување
Опрема/функција
- Ротори, статори и степенесто куќиште од материјал отпорен на корозија
Означување на типот
Пример: | Helix VE 2202/2-1/16/E/KS |
Helix VE | Вертикална високопритисна центрифугална пумпа во линиска изведба (електронски регулирана) |
22 | Проток на волумен во m3/h |
02 | Број на работни кола |
2 | Број на исклучени работни кола (по избор) |
1 | Материјал на пумпата |
1 = куќиште на пумпа 1.4301 (AISI 304)хидраулика 1.4307 (AISI 304L) | |
2 = куќиште на пумпа 1.4409 (AISI 316L)хидраулика 1.4404 (AISI 316L) | |
3 = куќиште на пумпата EN-GJL-250 (KTL-облога)хидраулика 1.4307 (AISI 304L) | |
16 | Максимален работен притисок во бари |
16 = 16 бари, PN 16-прирабница (до 16 m3/h овална прирабница) | |
25 = 25 бари, PN 25-прирабница | |
30 = 30 бари, PN 40-прирабница | |
E | Тип на заптивање E = EPDMV = FKM |
K | Патронска лизгачка механичка заптивка |
S | Заштитата на спојката лежи во линија со вшмукателниот и потисниот приклучок на пумпата |
Технички податоци
- Електрично поврзување:
- 3~ 380 V…480 V, ±10 %, 50/60 Hz TN, TT, IT
- Температурно подрачје:
- Со EPDM: -30…120 °C (130 °C со патрон и под 16 бари)
- Со FKM: -15…90 °C
- Макс. работен притисок: 16/25 бари
- Вид на заштита: IP55
- Макс. температура на околината: +50 °C (пошироко температурно подрачје на барање)
- Достапни изведби:
- Helix VE 2 – 16: PN 16 со овални прирабници, PN 25 со компатибилни кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005 (Victaulic спојка на барање)
- Helix VE 22 – 105: PN 16 и PN 25 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
Материјали
Helix VE 2, 4, 6, 10, 16:
Комбинација од материјали на пумпата 1
- Работно коло, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
- Основна плоча и латерна од EN-GJL 250 (KTL-облога)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
Комбинација од материјали на пумпата 2
- Работно коло, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
Helix VE 22, 36, 52, 80, 105:
Комбинација од материјали на пумпата 1
- Степенесто куќиште, работно коло, погонски кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќиште на пумпа од не’рѓосувачки челик 1.4308 (AISI 304), лабава прибраница од леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога, лабава прирабница или EN-GJS 400
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057 (AISI 431)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
Комбинација од материјали на пумпата 2
- Степенесто куќиште, работно коло, погонски кола од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Куќиште на пумпа: сите компоненти што се во допир со медиумот од не’рѓосувачки челик 1.4409 (AISI 316L), лабава прибраница од леано железо со KTL-облога, EN-GJL 250 или EN-GJS 400
- Основна плоча од леано железо со KTL-облога
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од FKM или EPDM
- Притисочна обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
Опсег на испорака
- Високопритисни центрифугални пумпа Helix VE
- Упатство за вградување и работа
- Helix VE 2 – 16 (PN 16 изведба со овална прирабница): Контраприрабница од нерѓосувачки челик, со соодветни завртки, навртки и заптивки