Wilo-Atmos GIGA-NF
Стандардна пумпа за автоматска примена за гаснење пожари.
Стандардна пумпа за автоматска примена за гаснење пожари.
Како почетен модел за автоматско гаснење пожар, стандардната пумпа Wilo-Atmos GIGA-NF нуди голема сигурност и издржливост благодарение на компонентите отпорни на корозија. Дизајнот „Back-Pull-Out“ исто така го поедноставува одржувањето. Wilo-Atmos GIGA-NF нуди висока безбедност при работа. Тaa е VDS тестиранa и заштитенa од прегревање кога се користи. Нејзиниот модуларен дизајн, исто така, овозможува да биде опремена и со дизел мотор и со електричен мотор. Дизел варијантата има голем резервоар кој овозможува гаснење пожар до шест часа. Пумпата е монтирана на основна рамка, што ја прави многу лесна и безбедна за транспорт, инсталирање и одржување.
Особености/предности на производот
- Висока сигурност и издржливост благодарение на KTL-облогата на сите лиени компоненти, бронзеното коло и лизгачките прстени од нерѓосувачки челик за висока отпорност на корозија
- Дизајн „Back-Pull-Out“ лесен за користење и одржување
- Различни погони во зависност од индивидуалните потреби
- Вентилот на излезот на пумпата обезбедува минимален проток на вода за заштита од прегревање
- Лесен и безбеден транспорт, инсталација и одржување благодарение на цврстата конструкција на основната рамка
Изведба
Едностепена, хоризонтална центрифугална пумпа снабдување со вада за геснење пожари според EN 733 и VdS 2100-07 што се поставува на основна рамка.
Во зависност од верзијата, се состои од 1 пумпа монтирана на основната рамка со спојка за проширување или кардански спој и електричен или дизел мотор.
Примена
Автоматско водоснабдување на постројки за гасење пожар со распрскувачи во станбени, комерцијални и административни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во деловни и индустриски згради.
Опрема/функција
- 1 хоризонтална основна плоча според VdS 2100-07 со IE4 еквивалентен норм-мотор или дизел мотор.
- Основна рамка од епоксидно обоен челик.
Означување на типот
Пример: | Atmos GIGA-NF 80/200-224-45/2-L1-N37 |
Atmos GIGA | Име на производ |
NF 80/200 | Тип на пумпа |
224 | Дијаметар на работно коло [mm] |
45 | Моќност на погонот [kW] * |
2 | Електромотор: Бр. на полови |
L1 | Wilo-код за бронзено работно коло |
N37 | Wilo код за VdS-одобрение |
* = Минимална моќност на моторот, не смее да биде под. |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz (12V DC за стартери за дизел пумпи)
- Температура на медиум макс. +25 °C
- Температура на околината мин./макс.: +4 ... +40 °C (+10 ... +40 °C за пумпи со дизел мотор)
- Работен притисок макс. 12 бари
- Проток max.: 10 ... 295 m3/час
- Макс. напор: 105 m
Електричен IEC-норм-мотор:
- Класа на енергетска ефикасност: <75 kW: IE3, 75 ... 200 kW: IE4
- Макс. моќност: 200 kW
- Номинален број на вртежи: 2940 1/мин
- Вид на заштита: IP55
Дизел мотор:
- Директно прскање или дизел мотор со турбо вбризгување со воздушно или водено ладење
- Макс. моќност: 197 kW
- Пролевање: Подмачкување со пумпа со запчест преносник и филтер за масло
- Ладење во зависност од моќноста: До 17,7 kW со проток на воздух. Од 26,5 kW со вода/топлински изменувач со вода.
Друго:
- Номинални приклучни вредности од притисочната страна: DN 32 со DN 125, според EN 1092, PN 16
- Номинални приклучни вредности од вшмукателната страна: DN 50 со DN 150, според EN 1092, PN 16
Материјали
- Работно коло од бронза CuSn10 или CuAl10Fe5Ni5
- Потрошен прстен од нерѓосувачки челик AISI316L/1,4409
- Куќиште на пумпа од леано железо EN-GJL-250
- Вратило од нерѓосувачки челик AISI420/1,4021
Конструкција
- Центрифугална пумпа во процесен дизајн според EN 733 и VdS 2100-07 со аксијален вшмукателен приклучок и радијален потисен приклучок за вградување на основна рамка. Сите компоненти од леано железо кои доаѓаат во контакт со медиумот се стандардно обложени со KTL. Заптивање на вратило со двонасочна лизгачка механичка заптивка со мев. Пумпа со ногалка и држач за лежиште со прирабница.
- Бајпас вентил инсталиран директно на куќиштето на пумпата.
- Спојка за проширување за електричен мотор или кардански елемент за поврзување за дизел мотор.
- Електромотор IE4 или дизел мотор со турбо вбризгување со воздушно или водено ладење.
- Основна рамка изработена од специјални челични профили со монтирани алки за опрема за подигање.
Опсег на испорака
- Фабрички нагодена пумпа во транспортна амбалажа
- Прирачник за инсталација и ракување
- Потребна опрема на барање