Wilo-Economy CO-Helix V…/EC
Wilo-Economy CO-3 Helix V.../EC
Особености/предности на производот
- Робустен систем во согласност со сите барања на DIN 1988 (EN 806)
- Високоефикасна хидраулика на пумпа од серијата Helix V поврзана со IE3 IEC норм-мотори
- Спојка за проширување, за замена на лизгачката механичка заптивка без расклопување на моторот (од 11 kW)
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Едноставно дефинирање на поставките и сигурна работа благодарение на применетиот уред за управување EC
- Фабрички нагодена проверка за претходно поставување на оптималното работно подрачје
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Систем за зголемување на притисокот со 2 или 3 паралелно поврзани, нормално вшмукувачки вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик. Подготвена за приклучување, со цевковод од не’рѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за регулирање
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 2-3 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE3 норм-мотор
- EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули
- компонентите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
- Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301
- Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
- Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
- Манометар (од предната притисочна страна) изборно достапен
- Манометар (од крајната притисочна страна)
- Изборно достапно осигурување од недостиг на вода
Означување на типот
Пример: | Wilo-CO-2 Helix V 405/EC |
CO | Компактна постројка зголемување на притисокот |
2 | Број на пумпи |
Helix V | Серија на пумпи |
4 | Номинален проток [m3/h] на единечна пумпа |
05 | Број на степени на единечна пумпа |
EC | Контролна единица, EC |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V ±10%, 50 Hz
- Температура на медиум макс.: 50 °C
- Макс. температура на околината: 40 °C
- Работен притисок: 16 бара (25 бара изборно)
- Приливен притисок: 10 бари
- Приклучни номинални дијаметри:
- Од крајната притисочна страна R 1½ – DN 200
- Од приливната страна R 1½ – DN 200
- Номинален број на вртежи: 2900 1/мин
- Вид на заштита: IP54 (контролен уред EC)
- Осигурувач од страна на мрежата: A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање): Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806).
- вода за пиење и загреана вода за пиење
- Вода за ладење
- Вода за гасење
Материјали
Helix V 4 до Helix V 16
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- Заштитен муф на вратило на O-прстен за заптивање од EPDM
- Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301
Helix V 22 до Helix V 52
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- Заштитен муф на вратило на O-прстен за заптивање од EPDM
- Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301
Конструкција
- Основна рамка: Поцинкувана од челик и опремена со придушувачи на вибрациите со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
- Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на сите материјали што се користат во цевководите
- Цевководот е димензионира според хидрауличната вкупна моќност на постројката за зголемување на притисокот
- Пумпи: 2 до 3 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52
- Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од не’рѓосувачки челик; други изведби на барање
- Арматури: Секоја пумпа во стандардна изведба е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачки вентил, како и со неповратен вентил од притисочната страна
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајната притисочна страна, за активирање на централниот EC-регулатор
- Приказ на притисокот: преку манометар ø63 mm на крајната притисочна страна
- Дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот LCD екран на EC-регулатор
- Регулатор: постројката е опремена со EC-регулатор во стандардна изведба
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
-