Suche
Kontakt
E-Mail
Katalogerstellung
Meine Favoriten
Produktvergleich
Wilo-Helix VE | Wilo

Wilo-Helix VE

Високопритисна центрифугална пумпа ориентирана кон заштеда на енергија и во зависност од потребите за големи згради и други области на примена.

Вашите предности
Wilo-HELIX VE

Високопритисна центрифугална пумпа ориентирана кон заштеда на енергија и во зависност од потребите за големи згради и други области на примена.

Wilo-Helix VE е повеќестепена вертикална високопритисна центрифугална пумпа со варијабилен број на вртежи за употреба со ладна вода во големи згради и други области на примена. Пумпата се состои од погон со IE5-EC-мотор, интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење и пет разни режими на управување. Резултатот е висока енергетска ефикасност во отворени и затворени постројки.​

Докажаната хидраулика на пумпата изработена од не’рѓосувачки челик како и интегрираните заштитни функции како што е препознавање сув од нудат висока доверливост. Лесната интеграција во зградната автоматика е можна благодарение на аналогните и дигиталните интерфејси, како и IF-модулите.

Препорачани сервисни услуги



Особености/предности на производот

  • Висока енергетска ефикасност благодарение на IE5 EC-моторот и пет интегрирани режими на управување (dp-v, dp-c, p-c, n-const, PID)
  • Голема работна сигурност благодарение на различните функции, како препознавање сув од
  • Соодветно за температури на околината до 50 °C
  • Едноставно ракување благодарение на технологијата на зелено копче
  • Голема цврстина благодарение на докажаната хидраулика на пумпата изработена од нерѓосувачки челик
  • Подготвена за интеграција во зградна автоматика преку аналогни и дигитални интерфејси, како и IF-модули
Опис на серијата
Helix VE

Изведба

Високо ефикасна, нормално вшмукувачка високопритисна центрифугална пумпа во вертикална изведба со Inline-приклучоци. Опремена со електронски регулиран EC-мотор со класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2

Примена

  • Водоснабдување и зголемување на притисокот
  • Индустриски циркулациони постројки
  • Процесна вода
  • Затворени ладни кружни текови
  • Постројки за гасење пожар
  • Постројки за перење
  • Наводнување

Опрема/функција

  • Ротори, статори и степенесто куќиште од материјал отпорен на корозија

Означување на типот

Пример:

Helix VE 2202/2-1/16/E/KS

Helix VE

Вертикална високопритисна центрифугална пумпа во линиска изведба (електронски регулирана)

22

Проток на волумен во m3/h

02

Број на работни кола

2

Број на исклучени работни кола (по избор)

1

Материјал на пумпата

1 = куќиште на пумпа 1.4301 (AISI 304)хидраулика 1.4307 (AISI 304L)

2 = куќиште на пумпа 1.4409 (AISI 316L)хидраулика 1.4404 (AISI 316L)

3 = куќиште на пумпата EN-GJL-250 (KTL-облога)хидраулика 1.4307 (AISI 304L)

16

Максимален работен притисок во бари

16 = 16 бари, PN 16-прирабница (до 16 m3/h овална прирабница)

25 = 25 бари, PN 25-прирабница

30 = 30 бари, PN 40-прирабница

E

Тип на заптивање E = EPDMV = FKM

K

Патронска лизгачка механичка заптивка

S

Заштитата на спојката лежи во линија со вшмукателниот и потисниот приклучок на пумпата

Технички податоци

  • Електрично поврзување:
    • 3~ 380 V…480 V, ±10 %, 50/60 Hz TN, TT, IT
  • Температурно подрачје:
    • Со EPDM: -30…120 °C (130 °C со патрон и под 16 бари)
    • Со FKM: -15…90 °C
  • Макс. работен притисок: 16/25 бари
  • Вид на заштита: IP55
  • Макс. температура на околината: +50 °C (пошироко температурно подрачје на барање)
  • Достапни изведби:
    • Helix VE 2 – 16: PN 16 со овални прирабници, PN 25 со компатибилни кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005 (Victaulic спојка на барање)
    • Helix VE 22 – 105: PN 16 и PN 25 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005

Материјали

Helix VE 2, 4, 6, 10, 16:

Комбинација од материјали на пумпата 1

  • Работно коло, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
  • Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
  • Основна плоча и латерна од EN-GJL 250 (KTL-облога)
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
  • Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
  • O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
  • Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)

Комбинација од материјали на пумпата 2

  • Работно коло, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
  • Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
  • Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
  • O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
  • Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)

Helix VE 22, 36, 52, 80, 105:

Комбинација од материјали на пумпата 1

  • Степенесто куќиште, работно коло, погонски кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
  • Куќиште на пумпа од не’рѓосувачки челик 1.4308 (AISI 304), лабава прибраница од леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога, лабава прирабница или EN-GJS 400
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057 (AISI 431)
  • Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
  • O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
  • Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)

Комбинација од материјали на пумпата 2

  • Степенесто куќиште, работно коло, погонски кола од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
  • Куќиште на пумпа: сите компоненти што се во допир со медиумот од не’рѓосувачки челик 1.4409 (AISI 316L), лабава прибраница од леано железо со KTL-облога, EN-GJL 250 или EN-GJS 400
  • Основна плоча од леано железо со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
  • Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
  • O-прстен од FKM или EPDM
  • Притисочна обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)

Опсег на испорака

  • Високопритисни центрифугални пумпа Helix VE
  • Упатство за вградување и работа
  • Helix VE 2 – 16 (PN 16 изведба со овална прирабница): Контраприрабница од нерѓосувачки челик, со соодветни завртки, навртки и заптивки
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Helix VE 22-36-52

Број на производ 4151995
Издание 1601
Број на страници 39
Јазик en
PDF (8 MB)

Wilo-Helix VE 2-4-6-10-6

Број на производ 4151993
Издание 1601
Број на страници 38
Јазик en
PDF (7 MB)

Wilo-Helix VE 11/15/18,5/22kW – IE5 # Wilo-MVIE 11/15/18,5/22kW – IE5

Број на производ 4257897
Издание 2022-10
Број на страници 48
Јазик en
PDF (8 MB)

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (271 KB)

CE

CE 2117785-08

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (222 KB)

CE 2155976-05

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (220 KB)

CE 2223434-01

Број на страници 6
Јазик Јазично неутрално
PDF (220 KB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 53
Патрон
Притисочна наставка
Макс. работен притисок p
Номинална моќност на мотор P2
11 … 22 kW
[53]
Куќиште на пумпа