Wilo-Yonos PICO plus
Заштедува драгоцено време при инсталацијата и пуштањето во работа.
Заштедува драгоцено време при инсталацијата и пуштањето во работа.
Видлив знак за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто заедно со новите функции овозможува максимален комфорт при пуштање во работа и одржување. Стандардното нагодување за радијатори или подно греење – симболизирано преку пиктограми – заштедува драгоцено време при пуштање во работа. Со прецизност од 0,1 метар, нагодувањето може дополнително да се допрецизира. Енергетската ефикасност е дополнително подобрена, топлинската изолација се содржи во опсегот на испорака, додека потрошувачката на струја се намалува и секојпат е во видното поле. Благодарение на компактната конструкција, замената на пумпи е сега уште поедноставна
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со нови, интелигентни нагодувања, интуитивна корисничка површина и нови функции
- Зголемена енергетска ефикасност благодарение на подобрениот индекс на енергетска ефикасност, топлинска изолација што се содржи во опсегот на испорака, како и нагодување со прецизност од 0,1 m
- Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција
- Голема безбедност при работа преку автоматско и/или рачно повторно вклучување (функција на деблокирање), како и рачна функција на обезвоздушување
Еколошки својства
- Високоефикасна пумпа со автоматско прилагодување на моќноста (EEI ≤ 0,20)
- Одржлива и CO2-неутрална изработка и процеси во нашите европски фабрики
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.
Примена
Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.
Опрема/функција
Работни режими
- Константен диференцијален притисок
- Варијабилен диференцијален притисок
- Константен број на вртежи (3 регулациони карактеристики)
Рачни функции
- Нагодување на работен режим според примена
- Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
- Нагодување на константниот број на вртежи
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно стартување
Автоматски функции
- Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
- Автоматско рестартирање
Функции на сигнализација и прикажување
- Индикатор на влезна моќност во W
- Приказ на напорот при нагодување
- Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
- Приказ на рачно активираното повторно стартување или функцијата на обезвоздушување
Опрема
- Место за клуч на телото на пумпата
- Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
- Функција на обезвоздушување
- Рачно повторно стартување
- Мотор отпорен на струја на блокирање
- Филтер за честички
- Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема
Означување на типот
Пример: | Wilo-Yonos PICO plus 30/1-4 |
Yonos PICO plus | Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана |
30/ | Приклучна номинална ширина |
1-4 | Подрачје на номинален напор [m] |
130 | Конструктивна должина |
Технички податоци
- Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
- Вид на заштита IPX4D
- Навоен приклучок G1, G1½, G2
- Макс. работен притисок 10 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
- Работно коло: пластика (PP - 40% GF)
- Вратило на пумпата: Не’рѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
Опсег на испорака
- Пумпа
- Термоизолација
- Wilo-Connector
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Изведби Yonos PICO plus...130 со кратка монтажна должина 130 mm
Опрема
- Навртувања
- Елементи за израмнување