Search
Contact
E-mail
Catalogue creation
My favorites
Product comparison
Connect-модул Yonos MAXO | Wilo

Connect-модул Yonos MAXO

Флексибилно решение за поврзување на зградните контролни системи.

Вашите предности
Wilo-Connect module Yonos MAXO

Флексибилно решение за поврзување на зградните контролни системи.

Модулот Wilo-Connect овозможува оптимално поврзување на Wilo-Yonos MAXO во зградните контролни системи. Вградено е управување со двојни пумпи без да се потребни дополнителни компоненти.

Со помош на функцијата „Екстерно исклучено“, се гарантира меко вклучување. Струјата за вклучување на пумпата е значително намалена и заштитени се елементите на вклучување. Работата на пумпата се прикажува со помош на сигнализација за збирна работа. Модулот може да се употребува во нови инсталации и за опремување на постоечки постројки.


Особености/предности на производот

  • Универзален модул за целокупна серија, применливо за единечни и двојни пумпи, монтажа од нула или ретрофит на веќе монтирана пумпа.
  • Веќе вградено управување со двојни пумпи без дополнителни компоненти
  • Едноставна инсталација преку конектори
  • Меко вклучување и исклучување со помош на функцијата „надв. искл.“ за заштита на прекинувачките елементи
  • Надгледување на оперативноста со помош на сигнализација за збирна работа и сигнализација на збирна грешка преку BMS
  • Вградено управување со двојни пумпи со приказ на грешка кај пумпата во прашање и автоматско префрлување во случај на дефект
Опис на серијата

Опис

Wilo-Connect модул Yonos MAXO за дополнително приклучување пумпи Wilo-Yonos MAXO/ Yonos MAXO-D/ Yonos MAXO-Z.

Wilo-Connect модул Yonos MAXO се монтира на модулот за електроника на пумпата на местото на Wilo утикачот.

Со примена на Wilo-Connect модулот Yonos MAXO, се елиминира потребата за надворешни контактори и дополнителни приклучни табли. Оптоварувањето на приклучната табла (реле) од струјата во моментот на вклучување, се редуцира на минимум со Connect модулот Yonos MAXO.

Опрема/функција

  • Индикатор за пораки на настани
  • Сигнализација на збирна грешка SSM како безнапонски отворачки контакт
  • Сигнализација на збирна работа SBM како безнапонски затворачки контакт
  • Управувачки влез Приоритетно Искл. (Екстерно исклучено)
  • Интегрирано управување со двојни пумпи со функцииите:
    • Главна/резервна работа со временска замена (24 часа) на главната и резервната пумпа
    • Префрлување на подготвената работна пумпа при грешка

Мрежни приклучоци

Пресек на стеги: max. 2,5 mm2

Сигнални приклучоци

Макс. прекинувачка моќност: 250V/1A

Пресек на стеги: max. 1,5 mm2

Управувачка клема Ext. Off

Можност на оптоварување на контактот: 24VDC, 10mA

Пресек на стеги: мин. 0,75 mm2, макс. 1,5 mm2

Опсег на испорака

Wilo-Connect модул Yonos MAXO

2 завртки за прицврстување за монтажа на капакот

4х навртувања на каблите M16

Упатство за вградување и работа

Документи

Group Statement

REACH регулатива

Издание 2021-05
Број на страници 5
Јазик Јазично неутрално
PDF (271 KB)

Лист за опрема

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (3 MB)