Switchgear Wilo-Control EC-Lift
Особености/предности на производот
- Безбедно управување и контрола на најмногу три пумпи благодарение на разновидни функции за надгледување и алармирање
- Флексибилно мерење на нивото со сензор за ниво, потопно ѕвоно или пливачки прекинувач
- Зголемување на безбедноста на уред со управување на пумпи во експлозивни подрачја преку проширување на функциите за надгледување во режим со ризик од експлозија (хардверски и софтверски)
- Едноставно ракување благодарејќи на алфанумеричко мени базирано на симболи и работно копче
- Може да се добие пристап до работните статуси во секое време, како и повеќе комфорност со интеграција на систем за далечинско надгледување преку Modbus или изборно преку GSM
- Флексибилна инсталација. Универзално приклучување на мрежа за монофазна и трифазна струја и подрачја на широк опсег на работна температура од -30 °C до +60 °C
- Универзална примена за водоснабдување и отклонување на отпадната вода – исто така и за пумпи во подрачје во кое постои опасност од експлозија
- Проширена контрола на уред благодарение на единечна работа и сигнализација за грешка, како и изборно кај пад на струјата
- Дополнителна безбедност при работа благодарение на одделно регистрирање на нивото за преплавување и заштита од сув од
Изведба
Приклучна табла управувана од микроконтролер за управување зависно од ниво со до три потопни пумпи.
Опрема/функција
Функции
- Два различни начини на работа за широко подрачје на примена:
- Начин на работа „Празнење“: За празнење на шахтите за отпадна вода
- Начин на работа „Полнење“: За полнење на водените резервоари и цистерни
- Заштита од преоптоварување што може да се нагодува
- Термичко надгледување на моторот
- Функција на кратко стартување на пумпата
- Времето за престанување со рабоа по исклучувањето може да се нагодува
- Автоматска замена на пумпа (кај приклучна табла за 2 или 3 пумпи)
- Оптимизација на времето на работење (кај приклучна табла за 2 или 3 пумпи)
- Резервна пумпа (кај приклучна табла за 2 или 3 пумпи)
- Автоматско префрлување при грешка (кај приклучна табла за 2 или 3 пумпи)
- Надгледување на правец на вртење
- Аларм за висок водостој со принудно вклучување на приклучената пумпа(и)
- Заштита од сув од
- Меморија за 10 сигнализации за грешка, заедно со видот на пречката
- Работен режим „Ex“ за вчитување на претходни нагодувања за Eх-примени
Опрема
- Приказ на моменталните работни услови и податоци, како и на грешките преку LC-екран и LED-екрани
- Водење во менито со симболи
- Нагодување на работните параметри и ракување преку копче за ракување
- Главен прекинувач (во зависност од верзијата)
- Далечински пристап преку ModBus
- Вградена зујалка за аларм
- Изведба за подрачје во кое постои опасност од експлозија за директно приклучување на сензори
Означување на типот
Пр.: | Wilo-Control EC-L 1x12A-T34-DOL-WM-EMS-IPS |
Control | Приклучна табла |
EC | Серија Easy Control |
L | Изведба „Lift“ за примена при одведување вода |
1 | Број на пумпи што може да се закчуваат |
12A | Максимална номинална струја по пумпа |
T34 | Приклучување на мрежа:
|
DOL | Вид на стартување: Директно вклучување |
WM | Тип на монтажа: Монтажа на ѕид |
EMS | Без главен прекинувач |
IPS | Внатрешен сензор за притисок за директен приклучок на потопно ѕвоно |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~220-230 V, 50/60 Hz или 3~380-400 V, 50/60 Hz
- Максимална номинална моќност P2 по пумпа: 4 kW
- Максимална номинална струја IN по пумпа: 12 A
- Режим на вклучување на приклучени пумпи: Директно
- Контролен напон: 24 VDC
- Температура на опкружувањето/работна температура: -30…+50 °C
- Температура на чување: -30…+60 °C
- Макс. релативна влажност на воздухот: 90 %, некондензирачка
- Материјал на куќиште: Поликарбонат, отпорен на УВ
- Вид на заштита: IP54
- Електрична безбедност: Степен на загаденост II
Конструкција
Приклучна табла управувана од микроконтролер за нивелирано управување на една, две или три потопни пумпи со помош на аналогни или дигитални сигнализатори. Внесувањето на одделните параметри се одвива водено во менито со симболи и контролно копче.
Влезови
- 1x аналоген прецизен влез 4 - 20 mA за управување со нивото со сензор за ниво за управување на 1…3 пумпи
- 2х (за 1 пумпа) или 3х (за 2 пумпи) дигитални влезови за управување со нивото со пливачки прекинувач
- 1x дигитален влез за недостаток на вода со пливачки прекинувач (заштита од сув од)
- 1x дигитален влез за недостаток на вода со пливачки прекинувач (аларм за висок водостој)
- 1х влез за управување со нивото со помош на потопно ѕвоно (само верзија „IPS“)
- 1x…3х влезови* за термичко надгледување на намотките со биметален температурен сензор. Приклучок на PTC-сензори не е возможен!
- 1…3x влеза* за приклучок на сензори за влажност (на пр.: истекување во моторот или надгледување на заптивна комора)
- 1х дигитален влез за надворешно вклучување/исклучување од далечина на автоматскиот режим
Излези
- 1x безнапонски контакт за сигнализација на збирна работа (SBM)
- 1x безнапонски контакт за сигнализација на збирна грешка (SSM)
- 1x безнапонски контакт за сигнализација на единечна работа (EBM) по пумпа
- 1x безнапонски контакт за сигнализација на единечна грешка (ESM) по пумпа
- 1x аналоген влез 0-10 V за сигнал за издавање на актуелната вредност на нивото
* зависно од макс. број на пумпи што може да се приклучат!
Configuration
Внимание! Сигнализаторите ги обезбедува корисникот. Разводните уреди не се заштитени од експлозија и може да се користат само надвор од потенцијално експлозивни подрачја. Во подрачја во кои постои опасност од експлозија, сигнализаторите мора да се приклучат преку струјно коло со вградена заштита, на Ценер-бариера или разделни релеи за експлозија. Директен приклучок на пумпи во рамките на подрачја во кои постои опасност од експлозија е можен!
Упатство за вградување и работа
Упатство за вградување и работа (дигитално)
Wilo-Control EC-L
Број на производ | 2543252 |
Издание | 2022-09 |
Јазик | bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, mk, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk, zh |