Компактна постројка за зголемување на притисокот во согласност со DIN 1988 и DIN EN 806, за непосредно или посредно поврзување. Составена од нормално вшмукувачки, паралелно поврзани, хоризонтални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик. Подготвена за приклучување, со цевковод од не‘рѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за мерење и регулирање.
За автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и административни згради, хотели, болници, како и во индустриските системи.
За транспорт на вода за пиење, процесна вода, вода за ладење или друга потрошна вода, која ниту хемиски, ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.
Особености / предности на производот
- Голема безбедност при работа преку постројка со една, две или три хоризонтални повеќестепени CH1-L-пумпи со хидраулика од нерѓосувачки челик
- Едноставна инсталација и одржување благодарение на специјални, флексибилно нагодувачки приклучоци и собирни цевководи
- Едноставно пуштање во работа и работа со Easy Controller
- Одобрение за вода за пиење (ACS и UBA листа) за пумпи со составни елементи во допир со медиумот од нерѓосувачки челик
Опрема/функција
- 2 или 3 CH1-L-пумпи за секоја постројка
- Составните елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Галвански поцинкувана основна рамка со висинско поместување и придушувачи на осцилации за изолација од вибрациона бучава
- Затворачки вентил од вшмукателната и притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
- Манометар изборно, од вшмукателната страна
- Манометар, од крајната притисочна страна
- Мембрански притисочен сад (8 l/PN 10)
- Осигурување од недостаток на вода, изборно
- EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули
Ракување/приказ
- Целосно електронски Easy Controller со внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезови и излези за активирање и поврзување на единечни пумпи со фиксен број на вртежи
- Фабрички нагодени параметри за едноставно пуштање во работа/стартување
- Нагодување на зададена вредност, работни параметри и ресетирање на сигнализација за грешка преку технологија на зелено копче
- LC-дисплеј (позадинско осветлување) за приказ на работни податоци, параметри на контролорот, работниот статус на пумпата, актуелниот притисок, сигнализација за грешка и протоколот на процесот
- Светлечки диоди за приказ на статусот на постројката (работа/дефект/недостаток на вода/прекумерен притисок)
- Заклучувачки главен прекинувач
- Водење во менито со симболи
- Блокади за внесување параметри
- Бирање работа со/без резервна пумпа
- Бројач на работни часови за секоја пумпа
- Бројач на работни часови за целата постројка
- Бројач за вклучување/исклучување од мрежата за секоја постројка
- Регистар на пречки за последните 9 пречки
Опрема
Опремата може да се нарача како опција. Инсталацијата може да се изведе фабрички или по техничкиот прием.
Препорачана опрема (треба посебно да се порача)
- Изборен монтажен комплет WMS за осигурување од недостаток на вода
- Флексибилни приклучни водови или компензатори