Wilo-SiFlux-YG2.0-I
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Високоефикасна, целосно автоматизирана постројка со повеќе пумпи подготвена за приклучување за реализирање на поголем волумен кај системи за греење, ладна вода и постројки за ладење. 3 до 4 паралелно поврзани, електронски регулирани Inline-пумпи во изведба со сув ротор од серијата Yonos GIGA2.0-I. Од нив по една пумпа е резервна пумпа. Вкл. Smart-Controller SCe.
Примена
За транспортирање на вода за греење, (според VDI 2035), мешавини на вода-гликол, како и вода за ладење и ладна вода без абразивни материи, во системи за греење, за ладна вода и за ладење.
Опрема/функција
- 3 - 4 пумпи по постројка од серијата Yonos GIGA2.0-I, од нив 2 одн. 3 пумпи во употреба, 1 резервна пумпа
- IE5-мотор
- Автоматско управување со пумпите преку контролен уред Smart Controller SCe
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
- Разделник од челик, со облога што е отпорна на корозија
- Прирабница PN 16 според EN 1092-2 на притисочната и вшмукателната страна, за поврзување на цевковод
- Претходно монтирани заптивки на притисочната и вшмукателната страна
- Затворачки вентили од вшмукателната и од притисочната страна
- Неповратен вентил од притисочната страна
- Сензор за диференцијалниот притисок
- Манометар на притисочната и на вшмукателната страна
Означување на типот
Пример: | SiFlux-21-YG2.0-I 40/1-16/1,5-SC-10-T4 |
SiFlux | Фамилија на производи |
21 | Изведба (21= 2+1 пумпи: 2 во работа, 1 резервна пумпа) |
YG | Електронски регулирана, Inline-пумпа од типот YG, номинален дијаметар на приклучокот за цевка DN 40, номинален дијаметар на работното коло 120 mm, 1,5 kW номинална моќност P2 |
2.0 | Втора генерација |
-I | Inline-единечна пумпа |
40 | Номинален дијаметар на влезот и излезот на пумпата во mm |
1-16 | Номинално подрачје на напор во [m] |
SC | Тип приклучна табла SC... |
16 | макс. работен притисок во бари |
T4 | Напонски извор 3~400 V, 50 Hz |
Технички податоци
- Тип на пумпа: Yonos GIGA2.0-I
- Број на пумпи: 2 + 1 или 3 + 1 (2 или 3 пумпи во работа, по 1 резервна пумпа)
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz ±10%
- Класа на енергетска ефикасност на мотор: IE5
- Дозв. медиуми: Вода за греење (според VDI 2035), мешавина на вода-гликол, вода за ладење и ладна вода (други медиуми на барање)
- Проток: 50 до 490 m3/h
- Напор: 55 m
- Температура на чување: -10 °C до +50 °C
- Дозв. температура на околината: 0 °C до +40 °C
- Доз. температура на медиум: 0 °C до +100 °C
- Приклучоци за цевки со разделници: DN 125 до DN 300
- Прирабница: PN 16, издупчена според EN 1092-2
- Макс. дозв. работен притисок: 16 bar
Опсег на испорака
- Постројка со повеќе пумпи Wilo-SiFlux
- Упатство за вградување и работа на Wilo-SiFlux
- Упатство за вградување и работа за пумпа
- Упатство за вградување и работа за приклучна табла
