Wilo-Sub TWI 4

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
  • Сертификат ACS за примена кај вода за пиење
  • Висока флексибилност благодарение на верзиите во подрачјето од 4, 6, 8 и 10 цола
  • Голема моќност од 1 до 250 m³/h

Конструкција

Повеќестепена, 4" подводна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација

Примена

  • За снабдување со вода и со вода за пиење од бунари и цистерни
  • Снабдување со потрошна вода
  • За комунално водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • Зголемување на притисок
  • Спуштање на нивото на водата
  • За транспорт на вода во индустриската примена
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола
  • Вграден неповратен вентил
  • NEMA-спојка
  • Монофазен или трифазен мотор
  • Херметички залиени мотори

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • кабел за поврзување од 1,5/2,5 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x1,5 mm2)
  • Монофазна варијанта со вкл. приклучна кутија со кондензатор, термичка заштита на моторот и прекинувач за вклучување и исклучување
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.

Wilo-Sub TWI 4.01-09-C

TWI

Подводна пумпа

4

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

01

Номинален проток [m3/h]

09

Број на степени на хидрауликата

C

Генерација на серијата

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3-30 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,1 m/s
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 20/ч
  • Макс. длабочина на потопување: 150 m
  • Вид на заштита: IP 68
  • Потисен приклучок: Rp 1¼ - Rp 2

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4057
  • Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: нерѓосувачки челик .4305

Опис/конструкција

Подводна пумпа со ACS дозвола за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со 4"-NEMA-приклучок и со радијални или полуаксијални работни кола во члекновидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Монофазен или трифазен мотор заштитен од корозија, за директен старт. изолиран, херметички залиен мотор, натопен во смола, со лакирана намотка, самоподмачкувачко лежиште, со полнење вода-гликол.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.

Вкупен дијаграм

Sub TWI 4, (3~400 V)

3~400 V, 50 Hz, p = 1 kg/dm3, v = 1x10-6 m2/s, ISO 9906 Прилог A, η = степен на ефикасност на пумпата

Преземања

Wilo-Sub TWI 4..., TWI 4-...-QC

Број на производ 6061724
Издание 1110
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 344

PDF (2 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Sub TWI 4

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај