Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Одрекување

1. Одрекување од одговорност

Информациите дадени на нашите страници на Интернет не претставуваат гаранција за особините. Тие се услуга и не заменуваат лично советување. И покрај внимателно собирање и ставањето на располагање на информациите, не преземаме никаква одговорност или гаранција за точноста, потполноста и актуелноста на прикажани во рамките на системот за информирање со повикување на расположливите и прикажаните содржини. Побарувањата од Wilo коишто се однесуваат на материјална или нематеријална штета, настаната како последица на користењето или некористењето на понудените информации или со користењето погрешни или нецелосни информации, се исклучени доколку од страната на Wilo нема докажана вина или негрижа. Wilo притоа не гарантира за секој вид на штета којашто настанала поради пристап или користење на веб-страницата.

Доколку деловите или одделните формулации на овој текст не одговараат, престанале да одговараат или не одговараат во целост на важечките закони, тоа не ги засега содржината и важноста на преостанатите делови од документот. Wilo го задржува правото, без посебна најава да ги промени, дополни, избрише или привремено или трајно да го запре објавувањето на делови од текстот или пак на целата понуда. Пристапот и користењето на веб-страницата подлежи исклучиво на материјалното право на Сојузна Република Германија.

2. Авторско право

Креираните содржини и дела на овие страници се сопственост на Wilo SE и подлежат на Германскиот закон за авторско право. Придонесите од трети лица се означени како такви. Умножувањето, обработката, преработката и секаков начин на експлоатација надвор од границите на авторското право не се дозволени. Преземањето и копирањето на оваа страница е дозволено само за приватна, некомерцијална употреба. Описите на производите, логата и ознаките на претпријатијата прикажани на Интернет се заштитени трговски марки. Се стремиме, постојано да внимаваме на авторските права на другите или да користиме сопствени дела или дела без лиценца.