Wilo-Comfort COR Helix VE.../CCe

Особености/предности на производот
- Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик Helix VE се регулира со интегриран фреквентен изменувач од 25 Hz до 60 Hz
- Високо ефикасна хидраулика на пумпа
- Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
- Вграден уред за препознавање сув од и осигурување од недостаток на вода, со автоматско исклучување преку електронска регулација на мотор
- Највисок квалитет на контрола преку контролниот уред CCe, со проширени функции, управување со микрокомпјутер и екран на допир
Препорачани сервисни услуги

Изведба
Високопродуктивна , подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка) со 2 до 6 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од нер’ѓосувачки челик во изведба со сув ротор, од серијата Helix VE, при што секоја пумпа располага со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење, со вкл. Заедно со контролорот Comfort CCe.
Примена
- Целосно автоматско водоснабдување во доводен режим, во полето на јавно водоснабдување, за зголемување на притисокот од резервоар или притисочна линија, за комунална, комерцијална, индустриска и приватна примена (пр. претпријатија за водоснабдување, преработувачки и индустриски компании, резиденцијални, канцелариски и јавни установи, административни згради, хотели, болници).
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 2-6 пумпи по постројка, од сериите Helix VE 4 до Helix VE 16, со IE4-еквивалентни норм-мотори и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор кај секоја пумпа
- Автоматско управување со пумпите преку контролор Comfort Controller CC.
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
- Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
- Давач на притисок, притисочна страна
- Манометар, притисочна страна
- Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна
Означување на типот
Пр.: | Wilo-COR-4 Helix VE 1603/K/CCe |
COR | Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи за секоја пумпа |
4 | Број на пумпи |
Helix VE | Серија на пумпа |
16 | Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа |
03 | Број на степени на единечна пумпа |
K | Со патронска прстенеста заптивка |
5,5 | Номинална моќност на мотор P2 во kW [постои само ако за типовите со иста хидраулична моќност се на располагање повеќе мотори] |
CCe | Контролен уред; CCe = Comfort Controller за пумпи со вграден фреквентен конвертор |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10%, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
- Температура на медиум макс. +50 °C (+70 °C изборно)
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
- Приливен притисок 10 бара
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 125
- Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 1½" - DN 125
- Опсег на бројот на вртежи 1500-3770 1/мин
- Степен на заштита: IP 54
- Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806)
- вода за пиење и загреана вода за пиење
- вода за ладење
- вода за гасење
Материјали
За сериите со Helix VE 4 до VE 16:
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не‘рѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
- Вратило од не‘рѓосувачки челик 1.4057
- 1.4404 заштитен муф на вратило
- Прстенести заптивки од EPDM (FKM заптивка на барање)
- Цевковод од не‘рѓосувачки челик 1.4404
Конструкција
- Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
- Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
- Пумпи: Се користат 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. Фреквентниот изменувач, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. За Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. сите делови што се во допир со медиумот се изведени од не‘рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
- Арматури: Кај сериите Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со контролна ознака за DVGW, а од притисочната страна со неповратен вентил со одобрение DVGW/KTW
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 да се постави на страната на крајниот притисок. Со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, заради проверка и ревизија, со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот потисен притисок, за активирање на централниот контролор Comfort Controller CC
- Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок на алфанумеричкиот допирен дисплеј на Comfort-Controller
- Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со регулатор Comfort Controller CCe во стандардна изведба
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Амбалажа
- Упатство за вградување и работа
- Транспортни јамки за самостојна монтажа