Wilo-Drain TP 50/TP 65

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Куќиште од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Едноставна работа преку дограден пливачки прекинувач (изведба А)
  • Мала тежина

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода за континуирана работа за стационарно и преносливо водено поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Варијанта со наизменична струја со кутија за кондензатори
  • Изведба A со вкл. пливачки прекинувач и утикач
  • Термичко надгледување на моторот
  • ATEX-лиценца (TP 65 3~ без пловка)

Опсег на испорака

  • Пумпа, подготвена за приклучување, со 10 m приклучен кабел
    • Монофазна варијанта во изведба А со кондензаторска кутија и утикач со заштитен контакт
    • Монофазна варијанта со кондензаторска кутија и слободен крај на кабелот
    • Трифазна варијанта во изведба А, со CEE-приклучник со префрлување на фазите
    • Трифазна варијанта со слободен крај на кабелот
  • Изведба A со дограден пливачки прекинувач
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.:

Wilo-Drain TP 65 E 114/11-A

TP

Потопна пумпа

65

Номинален дијаметар [mm]

E

Форма на работно коло (E = едноканално работно коло, F = коло со слободно струење)

114

Номинален дијаметар на работно коло [mm]

11

Моќност P2 [kW] (= вредност/10 = 1,1 kW)

A

Со пливачки прекинувач и утикач

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S2-8 мин, S3 25%
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: F
  • Термичко надгледување на намотка
  • Макс. температура на медиум: 3 - 35 °C
  • Должина на кабел: 10 m
  • Слободен куглест премин: 44 mm

Материјали

  • Куќиште на пумпа: PP-GF30 (TP 50), PUR (TP 65)
  • Работно коло: PP-GF30 (ротор со слободно струење), PUR (едноканален ротор)
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4404
  • Лизгачка заптивка од страна на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивка на вратило од страна на моторот: NBR
  • Статичка заптивка: NBR
  • Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4301

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Испустите од притисочната страна се изведени како хоризонтални прирабнички поврзувања DN 50 или. DN 65. Како форми на работни тркала се применуваат едноканални (E) или работни кола со слободно струење (F).

Мотор

Моторите со ладење на горната површина го предаваат вишокот на топлина преку деловите од куќиштето директно на околниот медиум и можат да се применуваат потопено при трајна или наизменична работа.

За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. Употребениот медиум за полнење е потенцијално биолошки разградлив и не ја загрозува животната средина.

Каблите се достапни во фиксни должини во степени од по 10 m. Изведбата А е опремена со пливачки прекинувач и со утикач.

Заптивање

Заптивањето од страна на медуимот се остварува преку лизгачка механичка заптивка која не е зависна од насоката на вртење, додека заптивањето од страна на моторот се оставува со заптивен прстен на вратило.

Вкупен дијаграм

Wilo-Drain TP 50/65

Производ

PDF: Wilo-Drain TP 50/TP 65

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај