Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Корпоративна општествена одговорност на Wilo

Од човек до човек

Kако глобален премиум понудувач на технологија за згради, водостопанство и индустрија, имаме одговорност: кон нашите корисници, општеството и добросостојбата на заедницата и околината. Поради тоа, одговорното работење и општествениот ангажман за нас се неодвоиви уште од основањето на компанијата.

Корпоративната општествена одговорност на Wilo значи многу повеќе од само обична скратеница КОО, многу повеќе од само донации и спонзорства. КОО на Wilo се однесува пред сѐ на одржливо управување со компанијата: рамноправна работна пракса, персонална политика ориентирана во меѓукултурен контекст кон потребите на работниците, штедлива употреба на природните ресурси, заштита на климата и околината, ангажман на лице место и одговорност за синџирот на испорака.

Наш ангажман на лице место

Сметаме дека како глобален играч со преку 60 производни друштва на сите континенти, мораме да го набљудуваме светот не само глобално, туку и локално за да можеме да загарантираме таен успех. Нашата цел притоа е Wilo да ги поврзе регионалните работи и луѓето да имаат позитивен став кон компанијата.

Поради тоа се ангажираме во многубројни национални и меѓународни корпоративно граѓански програми за култура, образование и помош во развивање на нашето соседство и околината на самото лице место. Како може тоа да изгледа ќе видите во следните примери:

Марш за вода! – помош за масаите

Ја одвртувате славината и почнува да тече ладна вода – ова е можеби нормално за нас, но во други земји тоа е луксуз што не може да се замисли. Во Африка, на пример, луѓето патат од недостаток на вода. Овој проблем ќе биде решен во иднината за околу 2,000 луѓе во северна Танзанија: Благодарение на проектот „Бунари за масаите“ и донацијата од специјалистот за пумпи WILO SE, селото Лолтепес, околу 150 километри јужно од градот Аруша, доби вода. Петер Лезер, претставник на Wilo во северна Баварија, во петокот му предаде на Баркард, организаторот на проектот „Бунари за масаите“, донација во вид на пумпа за вода во вредност од повеќе илјади евра, при што нагласи: „Како компанија којашто работа низ целиот свет и размислува за одржливоста, со задоволство поддржуваме проекти како што е проектот на Буркард за помош“. Бунарите во кои се употребуваат пумпи, обезбедуваат водоснабдување во круг од 30 километри околу селото. Местата со вода коишто настанале со помош на проектот се од голема помош за жителите на селото. Сега во Лолтепес постои дури и училиште и градинка.

Основно училиште Shikeng-Wilo-Hope во Јангсин

Речиси половина век од основањето на училиштето, учениците во основното училиште Шикенг имаат причина со надеж да гледаат кон иднината. Ако се осврнеме на долгата и успешна историја на училиштето – од коешто голем број бивши ученици подоцна заминаа на универзитет – секогаш недостасувале пари во јавната каса за одржување на зградата. Како последица на тоа, училиштето беше означено како небезбедно и мораше да се изгради нова зграда.

Во 2008, Wilo во Кина започна акција за донирање за обнова на основното училиште Шикенг. Работниците собраа донации во висина од 170,000 јуани, на што Wilo додаде уште 50,000 – севкупно на располагање имаа 220,000 јуани, што отприлика беше 23,500 евра. Во соработка со училишниот одбор во Јангсин, 200,000 јуани беа употребени за основното училиште Шикенг, а останатите 20,000 беа употребени за изградба на библиотека во другото основно училиште.
Училишната зграда беше завршена во 2010 и училиштето беше именувано како Shikeng-Wilo. Моментално има девет оделенија со 456 ученици, со кои работат 20 наставници и административен персонал. Како израз на благодарност на ѕидот покрај училишната капија, изгравирано е името на донаторот, но и логото на групата Wilo.

1,000 колачиња во облик на срциња и широкограда донација

Повеќе од 3,000 посетители – работници и членовите на нивното семејство – го поврзаа божиќното расположение со великодушност на божиќниот панаѓур што се одржа во рамките на божиќната свеченост во главното седиште на компанијата во Дортмунд. Во рамките на ова празнично случување, извршниот одбор им се заблагодари на работниците на Wilo и на нивните исклучителни резултати од работата во 2010 година: Компанијата се осврна на многу позитивниот исход од водењето на бизнисот, нешто што единствено можеше да се оствари со заедничкото заангажирање на сите нивоа.

Директорот, г-дин Ханс Јерг Банак особено, особено се израдува на претседателот на родителската организација за деца болни од леукемија и малигни болести. Особено затоа што можеше да му врачи донација од 6,000 евра. Притоа, врачени беа пет Carrera рампи за оделението K1 на клиниката за детска и младинска медицина во Дортмунд, како и на семејствата на коишто тоа им е потребно.