Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Wilo спонзорира спортови

Нашата поддршка за спортот

За успехот на нашата компанија важни се мотивацијата, подготвеноста за труд, тимската работа и ефикасноста. Поради тоа сме особено тесно поврзани со компетитивните спортови. Покрај нашиот социјален ангажман, ние се залагаме и за промоција и за поддршка на избраните спортски настани во светот.

Борусија Дортмунд

Како шампионски партнер и компанија којашто е длабоко вкоренета во овој регион, се радуваме заедно со сите обожаватели на црно-жолтите и на нивните големи успеси и одлични натпревари. По 140 години искуство со германската инженерска традиција, знаеме дека постои ентузијазам како за техника, така и за потребите за квалитет и одлични резултати – како и на терен, така и надвор од него. Поради тоа сме особено горди на тоа што му обезбедивме на тимот, на пример, пумпа за загревање на теренот, за да може да играат подобро.

Wilo пумпи во паркот Signal Iduna

Со Борусија Дортмунд не ни е заедничка само страста за фудбал. Нашите производи се активно застапени на лице место. Особено сме горди на тоа што со помош на техничкиот прирачник и нашите ефикасни производи, можеме да помогнеме и да обезбедиме просторни активности во паркот Signal Iduna.

Пумпите со силни перформанси за загревање на тревникот гарантираат оптимални услови за игра дури и при температури во минус. Освен тоа, нашите постројки за зголемување на притисокот и пумпи за вода за пиење во санитарните и гастрономските делови им овозможуваат на гледачите лесно користење за време на паузите за ништо да не пропуштат од натпреварот.

24 Wilo пумпи и производи во паркот Signal Iduna допринесуваат за лесно одвивање на натпреварите. И не само тоа. Со својата ефикасна технологија ѝ помагаат на Борусија Дортмунд да ги смали трошоците за струја и вода.

Германскиот осмерец

Wilo е главен спонзор на германскиот веслачки осмерец од 2010 година, којшто во 2012 успешно го освои златото во веслање во Англија. Од 2013 фондацијата Wilo е активен промотор на веслачките спортови. На почетокот од сезоната 2015, Wilo ги прошири своите спонзорски ангажмани на целиот тим: од тогаш и веслачката двојка и четворка на Германија се вбројуваат во флотата на Wilo. Партнерството меѓу Wilo и германскиот веслачки осмерец опфаќа повеќе од само веслање како спорт. Wilo во потполност ги поддржува атлетичарите од атлетскиот центар на Дортмунд, не само во рамките на нивните спортски ангажмани, туку и во нивното професионално образование.