Санитарна топла вода

Искористете ја драгоцената вода за пиење

Водата е храна којашто подлежи на најголемите стандарди кога се работи за квалитет. Тоа се однесува и на технологијата којашто управува и обезбедува со снабдувањето со топла вода за пиење. Циркулационите пумпи Wilo се решение за сите оние кои пред сѐ го ценат материјалот, услугата и комфорот.

Водата е една од најважните суровини во светот. Од таа причина, многу е важно одржливо да се користи овој ресурс. Повеќе од 70 проценти од земјината површина е покриена со вода, но само дел од таа количина одговара целосно за да се користи како вода за пиење. Околу 70 проценти од водата што се користи за пиење е подземна или изворска.

Trinkwasser Trinkwasser-Zirkulation
Trinkwarmwasser, Trinkwasserzirkulation
Trinkwarmwasser, Trinkwasserzirkulation
Trinkwarmwasser, Trinkwasserzirkulation
Brandbekämpfung - Automatische Sprinkleranlage

Комфор на топла вода којшто се исплати

Недостигот на циркулација или предолгата раздалеченост на цевките се честопати причините за појавување на ладна вода во славината, а потоа за постепеното затоплување. Сѐ додека водата не ја постигне посакуваната температура, неколку литри вода за пиење истекува во канализацијата. За да се спречи непотребното трошење на вода во сопствениот дом, се исплати купување на циркулациона пумпа. Предзвик претставува и досега сигурното снабдување со топла вода за пиење во комерцијални намени. Циркулационите пумпи Wilo ги исполнуваат најголемите побарувања во однос на квалитетот, а при снабдувањето со вода остваруваат беспрекорна и ефикасна работа при што се штеди струја. Затоа што интелигентната технологија ги може двете работи: Брзо обезбедување на топла вода, а истовремено и заштеда на енергија и ресурси.

Квалитетот на водата за пиење

Квалитетот на водата обично се регулира законски со прописи, различни принципи, препораки и регулативи. Вкусот на водата за пиење варира во многу региони поради различните минерали, коишто се испуштаат од почвата и камењата во водата. Здравата и чиста вода за пиење е безбојна и јасна, но и има неутрален вкус и мирис и е беспрекорна.

Снабдувањето со вода за пиење се состои од експлоатација на водата, нејзина обработка и дистрибуцијата како вода за пиење. Одржувањето на бариерите што ја штитат водата за пиење од загадување низ целокупниот процес на снабдувањето со вода за пиење е клучното нешто кога се бара сведување на потребите за техничко третирање на водата на минимум. Кај технички бреспрекорно поставените системи на дистрибуција, коишто се редовно одржувани и постојано користени, не постои можност за контаминација со секаков материјал, супстанци или легионела. Според тоа, одлучувачките компоненти за висок квалитет на вода за пиење се одличното раководење со системите, за коишто се одговорни дистрибутерите на вода и сопствениците или раководителите на зградите. За таквите задачи, можете да се потпрете на висококвалитетните решенија скроени по мерка од Wilo.

Rohwasserentnahme Trinkwassergewinnung aus Grundwasser
Trinkwasser Trinkwasser-Zirkulation

Овозможување на водоснабдувањето

Во постарите згради постојат особено чести проблеми со премал притисок на водата во водоводните цевки. За да може сите уреди да се употребуваат, потребен е поголем притисок на водата. Wilo има огромен опсег на пумпни системи коишто овозможуваат контра мерки за таквите проблеми. Секако, тука е вклучен и широкиот опсег на модели за снабдување со вода за пиење.

Нашите производи ветуваат одличен квалитет на водата и се усогласени со сите регулативи. Благодарение на нашата многугодишна стручност, за нас не игра улога дали водата е површинска или подземна. Со помош на нашето опсежно искуство со проекти за технологијата на зградите, можете да бидете сигурни дека ќе добиете поддршка како во планирањето така и при практичното спроведување на вашите проекти.

Правилна инсталација за вода за пиење

Гаранции за беспрекорниот квалитет на водата до вашата домашна инсталација добивате од претпријатието за водоснабдување. Сепак, сопствениците и раководителите на зградите се одговорни за дополнителниот квалитет на водата се до нејзиното излегување од чешмата на крајниот корисник. За да се постигнат овие услови и со цел усогласување со пропишаните гранични вредности, многу е важен изборот и начинот на инсталација на цевките и инсталираните пумпи.

Стручна инсталација

Стручната инсталација на пумпниот систем од страна на сертифициран стручњак или специјалист може да значи и избегнување на далекусежните проблеми во врска со заштитата на вашата вода за пиење и спречувањето контаминација. Инсталатерот треба да користи само производи со сертификациска ознака од акредитирани сертифицирачи. Со производите на Wilo, знајте дека сте на сигурно.

Trinkwarmwasser, Trinkwasserzirkulation

Наши совети

  • Работите на инсталацијата за вода за пиење смее да ги извршува исклучиво стручно лице.
  • Потребно е да се употребува топлата вода на начин којшто ќе биде одржлив и со којшто ќе се заштеди енергија.
  • За да ги заштедиме нашите ресурси на вода за пиење, треба да избегнуваме да испуштаме отровни материи или отпад низ канализацијата.
  • Поправката на една славина што протекува, нема само да ви заштеди нерви, туку и ќе го сочува вашиот паричник, но и животната средина истовремено. Славина што протекува може да значи и до преку 1.000 литри загубена вода за пиење секоја година.
  • Застојаната вода што се добива со долгото мирување на водата во цевките, може лесно да се искористи за наводнување на цвеќињата.