Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

ИДНИНАТА Е ПОВРЗАНА

Како дигитален пионер на индустријата за пумпи, Wilo е воден од искуство и посветеност, со инспирација и жед за иновации, и со креативност и компетентност да обезбеди интегрирани решенија од еден извор. Како давател на услуги и технички експерт за зградна техника и опрема, Wilo го редефинира значењето на близина до клиентот преку прилагодени и мрежни производи и системи. Нудејќи прилагодени, високо ефикасни дигитални решенија - тоа е нашата амбиција.

Пумпи и пумпни системи за греење, климатизација, ладење и домашна топла вода

Технолошкиот напредок и дигитализацијата се во центарот на мега-трендовите кои длабоко ги менуваат нашите животи. Тие овозможуваат поврзување на производите за да формираат ефикасни системи со високи перформанси. Софистицираните сензори и технологиите за анализа ги проценуваат собраните податоци веднаш и ги претвораат во соодветни прилагодувања. Пумпите се дел од оваа интелигентна инфраструктура: Тие играат важна улога во управувањето со енергијата и водата за пиење. За сите типови згради, од едно семејство до до големи индустриски комплекси. Wilo пумпите се многу ефикасни, можат да бидат индивидуално прилагодени и можат оптимално да се интегрираат во зградната автоматика. Комуникацијата со околните системи и прилагодувањето кон променливите барања ќе бидат клучни предизвици во иднина за паметни инфраструктури.

ИДНИНАТА Е ПОВРЗАНА

Технолошкиот напредок и дигитализацијата се во центарот на мега-трендовите кои длабоко ги менуваат нашите животи. Тие овозможуваат поврзување на производите за да формираат ефикасни системи со високи перформанси. Софистицираните сензори и технологиите за анализа ги проценуваат собраните податоци веднаш и ги претвораат во соодветни прилагодувања. Пумпите се дел од оваа интелигентна инфраструктура: Тие играат важна улога во управувањето со енергијата и водата за пиење. За сите типови згради, од едно-фамилијарни до големи индустриски комплекси. Wilo пумпите се многу ефикасни, можат да бидат индивидуално прилагодени и можат оптимално да се интегрираат во зградната автоматика. Комуникацијата со околните системи и прилагодувањето кон променливите барања ќе бидат клучни предизвици во иднина за паметни инфраструктури.

> прочитај повеќе


Широк спектар на апликации

Со нашите решенија можете да обезбедите најразлични видови на објекти со пријатна внатрешна климтизација и топла вода. Опсегот се движи од едно-фамилијарни куќи до комерцијални објекти, како што се болници, канцелариски комплекси или хотели.


Wilo зградна техника во областа на греењето, климатизацијата и ладењето - предности на прв поглед

Моќни, едноставни за одржување, сигурни - ова се својства што секако можете да ги очекувате од Wilo пумпите. Ако ги цените врвните перформанси, нашите пумпи со висока ефикасност се вистинскиот избор за Вас. Снабдувањето со вода и топлина во секое време поставува големи барања од пумпата во однос на енергетската ефикасност и зачувувањето на ресурсите. Wilo ги исполнува овие барања со индивидуални решенија и високо ефикасна технологија. Нашите високо ефикасни системи за греење постигнуваат максимална ефикасност. На овој начин, сопствениците на земја и бизниси можат значително да ги намалат работните трошоци и трајно да ја зголемат вредноста на нивниот имот.

Уште еден плус: Wilo производите се издржливи, исклучително лесни за одржување и ви гарантираат индивидуални решенија и најнова технологија.

Сите наши производи за зградна техника може да ги најдете во нашиот централен каталог

Можности на нашите производи

Пумпи и пумпни системи за греење, климатизација, ладење и домашна топла вода.

Wilo-Stratos MAXO – Првата паметна пумпа во светот.*

Стадионите се исклучително сложени - вклучително и кога станува збор за нивната технологија за греење, ладење и климатизација. Потребните пумпни системи не треба да бидат енергетски штедливи, туку да можат да ги прилагодат своите перформанси на променливите потреби, бидејќи стадионите се во целосна употреба за време на викендите. Тимските соблекувални и ВИП простори бараат сигурна климатизација во текот на целата година.

Енергетски ефикасниот и интелигентен Wilo-Stratos MAXO е погоден за сите апликации, и благодарение на можноста за ажурирање, во состојба е флексибилно да се справи со сите тековни, па дури и идни барања.

Тој го претставува најдоброто од паметните решенија и со својата иновативна технологија поставува нови стандарди за поврзување, ефикасност на системот и комфор на корисниците. Обезбедува максимална енергетска ефикасност преку неговите карактеристики Dynamic Adapt plus и No-Flow Stop. Широки комуникациски интерфејси како што е Wilo Net овозможуваат мобилни облак (cloud) решенија со далечински мониторинг, како и директно мрежно вмрежување пумпи и системи со повеќе пумпи (Mult-Flow Adaptation). Пумпата може да се контролира, да се конфигурира и да се мониторира на лице место со помош на Bluetooth интерфејс.

Покрај тоа, Wilo нуди и сервис прилагоден на корисниците - од пуштање во работа од Wilo сервисот до инклузивни договори за одржување и поправка, до пакетот безгрижен WiloCare пакет.

прочитај повеќе
*Под паметна пумпа, ние подразбираме нова категорија пумпи што е далеку над нашите високо-ефикасни пумпи или интелегентни пумпи. Комбинацијата на најновите сензори и иновативни контролни функции (на пр. Dynamic Adapt plus и Multi-Flow Adaptation), двонасочна поврзаност (на пр. Bluetooth, интегрирани аналогни влезови, бинарни влезови и излези, интерфејс WiloNet), ажурирања на софтвер и одлична употребливост (на пр. благодарение на Водичот за подесување, принципот за преглед за предвидлива навигација и испробаната и тестирана технологија со зелено копче) ја прават оваа пумпа паметна пумпа.

Wilo-Stratos MAXO


Имаме одговори на вашите прашања

Нашите производи и услуги го разбудија вашиот интерес? Тогаш ние сме среќни да Ви помогнеме!

Без разлика дали се работи за креирање понуда или уредување на спецификациите на услугите, дизајнирање различни видови опрема, советување за избор на пумпи и приклучни уреди или само помош со хидраулични и проблеми со контрола.

Слободно можете да контактирате со најблиската канцеларија за продажба и да закажете состанок. Ве чекаме!

Најдете го вистинскиот контакт за вашето прашање.