Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Доставувач на решенија

Недостатокот на ресурси, климатските промени и зголемената урбанизација брзо ги менуваат барањата за управување со водите во иднина: Третманот и транспортот на вода за пиење и канализација стануваат сè покомплексни и технолошки софистицирани. За да бидат соодветни за иднината, водната инфраструктура ќе мора да биде ефективна, одржлива и сигурна - и да може да се прилагоди според флуктуирачката побарувачка. Како давател на решенија, Wilo развива индивидуални решенија за секој проект со комбинирање на современи технологии со иновативни апликации и сеопфатни услуги, од планирање до пуштање во работа и одржување.

Иновации за иднината. Наши решенија за управување со водите.

Во оваа ера на урбанизација, одржливиот развој бара концепти за канализација што се погодни за иднината - не само за градовите во развој, туку и за руралните, малку населени региони.

Пумпањето на нетретирана отпадна вода е сè поголема задача: регулативите за отстранување на отпадни води се менуваат, процентот на цврста материја и времето за задржување во мрежата се зголемуваат, а течностите стануваат се поагресивни и мрсни. Фекалиите, милта и нечистата вода, како и абразивните, па дури и влакнести течности, мора да се транспортираат на сигурен и енергетски ефикасен начин, со различни протоци и притисоци. Експлатационата сигурност, издржливоста и интелигентната контрола се со зголемена важност, како што е и мрежното поврзување на пумпите и пумпните системи.

Дигитален пионер

Со интегрирање на ИТ, сензорната технологија и модел апликациите, нашите решенија создаваат нови можности за подобро мапирање, следење и контрола на сложените мрежни инфраструктури. На овој начин, Wilo ја зголемува ефикасноста и безбедноста во работата на Вашите системи и ве поддржува во намалувањето на трошоците. Ние Ви го олеснуваме животот со холистичко, економично и совршено прилагодено решение. Откријте ги можностите што ги нуди интелигентното мрежно управување со вода.

Водна технологија од Wilo

Како одговорен испорачател на системи, Wilo го покрива целиот воден циклус со својот широк спектар пумпи, додатоци за пумпи и услуги. Нашата експертиза за апликациите се протега од (сурова) екстракција на вода од бунари или отворени води, преку собирање на дождовница до третман на вода и снабдување со вода. Системите за зголемување на притисокот се исто така дел од нашето портфолио. Решенијата за пумпи за десалинизација и за наводнување во професионалното земјоделство го заокружуваат нашето портфолио.

Дали се работи за комунално управување со води, индустрија, зградна техника, земјоделство или градежништво и рударство - Wilo секогаш работи на изнаоѓање на уште поефикасни и одржливи решенија за Вашиот проект.


Нашите ефикасни решенија за чиста совест

Сите згради и домаќинства во светот произведуваат отпадни води што мора безбедно да се отстранат за да се исполнат хигиенските стандарди и да се спречат штетни мириси. Меѓутоа, на места каде отпадната вода неможе да се отстрани преку гравитација, во игра влегуваат ефикасните зградни технологии. Накратко, мора да се почитуваат следните принципи за идните технологии и концепти за отпадни води.

Најдете ги сите наши производи за водоснабдување и одводнување и отпадна вода во нашиот централен каталог

Предности на нашите производи

Имаме одговори на прашањата за иднината на технологијата за отпадни води: индивидуални решенија кои можат оптимално да се прилагодат на потребите и околината и со сигурност да ги транспортираат нетретираните отпадни води.


Паметни технологии за борба против светскиот недостиг на вода

Водата е еден од најскапоцените ресурси на планетата. Со зголемувањето на светската популација, потребна е се повеќе вода за пиење, чистење и хигиена, во земјоделството и индустријата. Недоволниот пристап до вода е итен проблем низ целиот свет - и главен извор на потенцијални конфликти. Затоа, производството и снабдувањето со вода се меѓу најважните предизвици во иднината. Wilo развива пумпи и системи што овозможуваат употреба и оптимизација на нови извори и методи на производство на вода. Нашите флексибилни решенија обезбедуваат сигурнo прилагодување кон барањата на различни објекти - почнувајќи од станбени блокови до училишта и индустриски објекти. Користејќи прилагодени концепти и високо ефикасни технологии, ние го придвижуваме растот на интелигентните мрежи и достапноста на децентрализираните системи за прочистување на водата. Апликациите вклучуваат пумпи и пумпни системи за искористување на дождовница, снабдување со вода и зголемување на притисокот, противпожарна заштита, третман на чиста вода, довод на сирови води, десалинизација и професионално наводнување/земјоделство.


Имаме одговори на вашите прашања

Нашите производи и услуги го разбудија вашиот интерес? Тогаш ние сме среќни да Ви помогнеме!

Без разлика дали се работи за креирање понуда или уредување на спецификациите на услугите, дизајнирање различни видови опрема, советување за избор на пумпи и приклучни уреди или само помош со хидраулични и проблеми со контрола.

Слободно можете да контактирате со најблиската канцеларија за продажба и да закажете состанок. Ве чекаме!

Најдете го вистинскиот контакт за вашето прашање.